Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Или партиски можеби... ://
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Денешното општество е сурово и не го интересира за твоите проблеми, само ќе ти плесне в лице, па ти снаоѓај се. Поради тоа и сите членки ве советуваат да учите совреме, за полесно да ги издржите ударите, нема никој да ве тантели вас ако не ви чини, тоа е сè, не се лутете :).
     
    На candy.cane, Waverly Raven, Harper и 12 други им се допаѓа ова.
  3. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Аман мамички додека не се дознае официјално дали ќе се укине или не нема да учам и верувам дека сите матуранти го делат истото мислење. Мало важно ми е за новинарски потстилови македонски или таму кој кого убил во Злосторство и казна и на која улица живеел и која година
    Гледајте си ги вашите животи ни нашите и готовооо
     
    На sj *O*, Волшебникот и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Дечки, најдобронамерно?
    Не ни објаснувајте на нас :) Ние не сме битни, пишав веќе, ние нашето си го поминавме.

    Само имајте во предвид дека на никого од битните фаци од државава нема да им биде галје дали сте имале или не сте имале материјали кога ќе ви закажат матура или, поверојатно- приемен. Едноставно, додека вие се објаснувате со нас „тетките од Фемина“, останатите ваши врсници бараат материјали и се спремаат.

    Пак ќе речам, на министерот за образование ама ич нема да му биде галје дали вие сте спремни или не. Како за сите, така и за вас.

    Ама, слободно, продолжете да се објаснувате на форумов.
     
    На candy.cane, Waverly Raven, Pixi5 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Ако ние сме глупи што се расправаме со вас на форумов што сте вие тогаш штом се расправате со деца на форум? Не го сфаќај лично глобално зборам. Толку имам да кажам
     
    На sj *O* и Волшебникот им се допаѓа ова.
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Луѓе да не се лажеме, сите сме биле во тие луди години и сме наоѓале начин да ексивираме од школо. Намерно дававме крв пошо 2 дена слободни даваа, не дека бевме некое крводалители. А пак ако речеа дека не треба да одиме у школо ради икс причини трубачи ќе викневме да прославиме. Ама после тоа созреваш и увидуваш дека тоа што те критикувале било за твое добро. Така што ги разберам денешниве ученици, ама секој совет што го добивате сфатете го добронамерно, никој не сака лошо да ви направи.
     
    На candy.cane, Pixi5, fana и 9 други им се допаѓа ова.
  7. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Тие не се ставаат на наше место, тие се трудат да изиграваат мајки на форумов во оваа тема. Гледај ако јас не сум свесна дека треба да учам нема да учам и цел ден да се караат со нас нема да го сменат мислењето, 2-3 членки си го кажаа мислњето дека треба да се полага и ја напуштија темата а некои упорно се расправаат. Одговори ми зошто се расправаат кого не ни се ништо и не се засегнати лично во проблемот? Матура па матура братучед ми кој имаше 2,3 сите четири години доби оценкие 3,4,5. Која селекција човечее
     
    На Волшебникот и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  8. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Лани бев матурантка, не пред 20 години, знам дека е глупо и без везе и стресно, ама тоа е она што ве челичи, до сега ако им било гајле на професорите да не ви пишат една послаба, на факс барем ич не им е, и за пола поен паѓаш предмет. Така и на министерот, не му е гајле реално, па така матурава на некој начин не подготвува за понатамошните неправди,и нефер работи шо допрва доаѓаат. Бидете подготвени за многу повеќе..
     
    На candy.cane, Glowy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @queen19, никој не се расправа со вас.

    Сите ви кажуваат со најдобра намера да не се надевате дека факултетите широко ќе ги отворат вратите и ќе ве пуштат сите да се запишете каде сакате. Тоа се надевам ви е јасно.

    Исто како што би требало да ви е јасно дека голем дел од амбициозните матуранти моментало учат и се спремаат да бидат оценети, на овој или оној начин.

    Јас нема да ви кажувам дека треба да ме послушате, само зошто сум постара. Не сте мали за да разберете дека на светот не му е галје за вас и дека ако самите не сакате да си помогнете, никој друг нема да ви помогне. И баш дека и јас некогаш имав 18 години и бев на истото место на кое сте вие сега, затоа и сметам дека доволно сте големи за да си донесете сами одлуки. Не сакате да учите? Не учете :) На никого освен на вашите родители нема да им биде галје ако не се запишете на факултет.
     
    На candy.cane, Harper, Glowy и 10 други им се допаѓа ова.
  10. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Тогаш ако не ви е гајле зошто упорно 3 страни некои личности се расправаат со нас? Еве како повозрасна ми одговори ти не се расправаш но другите се расправаат
     
    На sj *O* и Волшебникот им се допаѓа ова.
  11. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Добро, а што толку се расправате? Доволно ви е дададете по еден совет, а не во секој пост истото мислење...
    И вие матурантите, што толку озбилно си ја сфаќате матурата? И јас бев потресена пред 3 години кога полагав, дали ќе научам доволно, дали ќе извадам доволен просек за факсот кој сакам да го запишам и сл.. Како што кажаа некои од членките погоре, тие што се трудат и што учат повеќе вадат пониски оцени, од тие што сите четири години биле наредени со 2,3. Не верувам дека матурата ќе ви ја одложат, а ваше си е тоа дали ќе учете или не.
     
    Последна измена: 26 март 2020
    На candy.cane, Pixi5, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Велиш дека тие што учат добиваат пониски оценки а ги опрадвуваш што не напињаат неколку страни да одиме да копираме прирачници книги и да сме седнале да учиме амбициозни ученици учеле нас не знам како не категоризираат
     
    На Keiner му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Јас ти кажувам од моја гледна точка и од ситуацијата во која се најдов јас..Во средното училиште каде што завршив јас, многумина од тие што беа со пониски оцени, извадоа на матура високи и обртно. Што мислам дека така е и во повеќе средни училишта во земјава. Не оправдувам никој, секој си има право да си каже свое мислење. Не може секој да се сложува со моето мислење, нормално е..Само сакам да ти кажам дека не е толку не знам што, како вие што си мислите (ќе видиш кога ќе одиш да полагаш). Како што кажав твое си е дали ќе учиш или не, ја не полагам ти ќе полагаш. Ако мислиш дека треба да одиш не научена или пак малку спремна, оди. А, ја не можам да ти гарантирам какви оцени ќе извадиш.
     
    На candy.cane, queen19 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  14. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Се најде еден паметен да каже како што треба а не е матурант фала богу камо среќа сите погоре да беа како тебе
     
  15. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека ни е проелтните со видео ке ги браниме. Ке си закачам карта на светот задмене и ке го испратам така а ако има прашања како? За џабе зборате од претходните години за матура учеле неучеле стварно е комплицирано. Можеше со приемен испит да поминеме 100% полесно, ете преку видео ке полагаме. Свашта. Со инстаграм филтери можи?
     
    На ElenaOfRivendell и queen19 им се допаѓа ова.
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Какви прашања? Мислиш во врска со проектната или?
     
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Знаете...можевте да барате од професорите или да побарате од министерството да ви препорача соодветни онлајн извори на учење, некои книги и на англиски од каде ќе ги учите темите. Особено по природни науки може да се најдат убави книги.
    А и кога се знаеше веќе за коронава, можеше да си обезбедите на време за секој случај. Ама не, мора одма да се откажеме.
    Ете, зошто не барате таква опција?
     
    Последна измена: 26 март 2020
    На candy.cane, Pixi5, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Чекај сакаш да кажеш да учиме од УБАВИ онлајн книги по природни науки кои не се во склоп на програмата за матура? Па ај и програмата за матура да ја смениме ако не од онлајн најдени извори
     
  19. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Реално кој е збеснат за учење? Никој. Матура ти е непотребен стрес, 4 години во некој сат? Нема смисла. И во тие 6месеци многу ке се предомислат на што да се запишат. Се ова можи да се реши со приемен испит кој мислам дека е совршен и за време во кое нема корона. Не заради упис туку како една припрема за на факултет.
     
    На candy.cane, sj *O*, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па и тоа е една од опциите. И за матура имате кои теми требаат, а како ќе ги учите и од каде вие си решавате. Ама мора одма откажување нели?
    Нека откажете се, вие си знаете реков веќе. Ако ви дојде после кнап, на никој нема да му е гајле.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.