Приемен е океј. Проблемот е што овде повеќето бараат ни матура ни приемен да нема туку само со оценките на крај да се запишувате.
Свесна ли си што збороуваш? Ајде ќе поминам кроз тоа дека цел ден ни солите памет матура, оди копирај, зошто не се снајде па како капак на се велиш учи од што најдеш на интернет? Се слушаш ли дај те молам? МОН за џабе ли направил програма дека матура ќе се полага по книга на авторите Трајко и Трајка Ти кога беше средно учеше ли од интернет од книга биологија од Трајко па комбинираше со книгата од Трајка па читнуваше и од книгата од школо или само од книгата од школо? Дај до каде ќе оди овој ваш инат? Сега па учете од онлине книги ај да земам книга од факултет ако не И не решаваме ние од каде ќе учиме оди прво отвори сајт за матура па тогаш па дојди тука и соли памет
Никој од матурантите никаде ме спомна откажување приемен испит кој впрочем не постои членките си ги вртат работите во своја корист
Абе остај ова ти е сега ко јас да одам во труднички муабети и да солам памет, не сум ни бремена. Како реагират како тие да биле збеснати за да учат за матура. Моето училиште е едно од трите што вадат најдобри резултати од матура и стварно немаше да има проблем ако не беше ваква ситуацијата. Матура во Јули да полагам на 40° во 13h ке се онесвестам таму. И пола веке имаја испланирано Јули со фестивали лартите купени од нова година. Главоболка да имаш на денот на матурата, некој што не се појавил 4 години да извади подобра оцена одтебе, неговата оцена да се вреднува 60% а твојот успех од ЦЕЛИ 4 ГОДИНИ да те извади само 40%. Ама ај до утре можам да пишам каква глупост е матура, ќе си најди некоја од тука вака-така.
Дека е глупост матура се согласувам 100%, и дека приемен е подобро, ама аргументиве, дека треба заради коронава да се откаже оваа година, се смешни. Има милион причини дека е глупост, лани полагав, знам дека е катастрофа, ама оваа причина сега што ја давате ( aka:the coronavirus) е нелогична. Приемен на факултетите, особено на ФИНКИ, на општа медицина или на ФЕИТ, е далеку подобра опција, која за жал не се спроведува.
И воопшто на сите факултети би било едно супер повторување на материјалот што е неопходен да се знае како основа на тоа што ке се изучува на факултет.
Ај хипотетички замисли матурантка си 3 месеци затворена дома, не одиш во школо, губиш родител од вирусот, си заборавила како изгледа надвор дошло лето едвај чекаш психички да се соземеш а и финансиски затоа што си останала без секакви финансии и без тој што ти носел пари дома и ти ќе одиш да полагаш матура. Не се ни знае кога ќе заврши вирусот вие се запнавте матура матура дај гледајте факултет, бременост, проблем со мажите, колоквиуми ама не не напињајте јас. Како што сама си избрала факултет (ако воопшто си) и знаеш што е најдобро за тебе и јас си знам што е најдобро за мене и дали треба да полагам матура после овој стрес од вирусот.Не за џабе министерот кажа дека секоја опција ќе биде разгледана. Така да ако не сте матуранти не се мешајте како што ние не се мешаме во вашите теми . Благодарам
Природните науки се егзактни науки, така што можеш да учиш од било која книга и прирачник што ги содржи темите што ви се поминати задниве 4 години. Јас не се сложувам дека послабите ученици подобро поминале на матура. Тоа сигурно биле исклучоци кои препишувале. Кој учи сигурно нема да има лоша оцена. Ако немате 5 како што сте очекувале, не е страшно да е 4 па и 3. Трудот е само и само лично за вас. Не верувам дека нема да ве примат на тој факултет каде што сакате ако извадите помала оцена. Лично од мое искуство, немав 5ки, немав проблем за упис. Јас полагав и матура и приемни испити. 2 матури и 2 испити. Изговоров е апсурден. Се полагаат испити и во јули и август, ете и повторувачите во средно полагаат во август, температурите се такви и ние си се прилагодуваме на нив. Исто така и луѓето работат во овие месеци. Ако имаш важна работа од која ти зависи иднината, пропаднатото време или шанса нема кој да ти го надомести наспроти парите што ќе ти пропаднат од некој фестивал. Знам дека сеуште гледате низ призмата на забава но незнам зошто толку ви смета кога повозрасен од искуство ви споделува совет. На прагот сте да бидете возрасни кога сами треба да донесувате одлуки и од кои ќе зависи како ќе ви се одвива животот понатаму. @queen19 незнам што толку си засегната, ако не сакаш да послушаш совети не мораш. Чекај од Мон што ќе одлучат па тогаш почни да учиш. Штом веќе си решена така незнам што се замараш кој што рекол. Инаку да ти појаснам, форум е. Секој има слобода во која сака тема да пишува доколку има мислење и искуство.
Мешаш губење родител и такви работи а нема врска со муабетов... Недај Боже, ама тоа може да се случи и било кога, и реално, на многу им е случено, и ако загледа така министерот не треба ни на училиште да одиме, ни на факултет нели. На колешка, дедото почина во несреќен случај, пожар, а на моја блиска другарка, родителот изврши самоубиство. Дали тоа значеше дека не треба да полагаат испити, бидејќи не беа психички совземени? Никој не те прашува, верувај, мораш да тераш понатаму, да бидеш силна за секакви неправди.
Не мешам тоа се последици од вирусот Изгледа тебе не ти влијае оваа на психа не битно не ме цитирај повеќе најди друга жртва
Веќе не пишувам во темата бидејќи ја доста професори имав во мојот живот па не ми треба некој и на форум да предава морал и да дели правда Кога ќе ја откажат матурата во фаца ќе ви се смејам на сите што се расправате со нас
Сите со убаво ви кажуваат, вие само дрскост покажувате. Мене ништо во животот нема да ми смени ако ви ја откажат, вас ќе ви смени, ама дали на подобро или полошо, ќе видите сами.
Зошто до сега пиша 1938830 поста ако не ти ми менува ништо и не ти е гајле дај оставете не ако сакаме со глава во ѕид ќе одиме што ви е на вас гајле? Вас ли ќе ве боли? Не епа тогаш не напнувајте и колку сме ние дрски вие толку се спуштате на наше ниво а демек возрасни жени
Јас имам доста книги по биологија, досега можев да помогнам, да ви ги испратам некако, да ви сликам одредени теми па и онлајн да ви најдам каде да учите. Исто и хемија за тие што полагате. Ама никој не побара да му се помогне со материјали туку директно ајде да се откажеме, така да и јас си ќутев.
На 40° јас само да излезам од дома носот ке ми гргни крв а не пак јас паничар да треба да полагам матура во тие услови ке сс онесвестам таму. Впроччем и затоа распустот е тој период.