Биологија прашањата се исти ( лани беа ), и за стручно, и за гимназија, нема посебни прашања.. Од гимназиската книга немаше за растенија, бидејќи во медицинско не учевме за нив.. Мене од сите полагања, биологија ми беше најтешко, англиски ми беше боза, македонски исто беше лесно, само гледајте добри да ги напишите есеите, и пратете ги подточките, имаше таму како насоки што да содржи есејот. Не е толку страшно навистина, ама не знам дали ќе има некакви промени годинава во однос на полагањето.
Од што учеше биологија? Од интернет? Од англиски статии? Од книга од факултет? Или од книги од школо кои се одобрени од Мон за средно??
Професорката ни даде да копираме книга, мислам дека беше од 3та, или 4та година гимназија не сум сигурна, ама учевме и од нашата од стручно од втора година молекуларна биологија и генетика.
Побарајте ако знаете некој помал, за да копирате.. Еве го најдов тој од втора што учевме молекуларна и генетика: http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/Biologija II godina ucebnik.pdf
@ElenaOfRivendell ние учевме од Биологија за гимназија за 4та година (сите теми) и од прва до трета по една тема беа плус. Пример, од прва Молекуларна, од втора друга тема итн. Не знам дали и кај вас е било така. И ако одете на приемен пак истите теми ќе ви се па дури и потешко ќе е пошто ќе се прават на факултетско ниво. Ама ајде де. Стварно детски размислувате. Никој не го гајле дали ќе учете или не. Дали ќе имате петки или двојки. Ако сте од стручно, а сте земале биологија рачунајте дека ќе е потешко. Оти тестовите се правени од книги гимназиско, не од медицинско.
А јас што им зборам цело време за книгите? Тие се упорни и напнуваат. Што им е гајле за мене па се расправаат и ме убедуваат? Еднаш се кажува ако не сфатиме чао пријатно не ти е се запнале учете биологија хемија од интернет од книги од факултет до таму одат со лудоста. Ние сме деца зошто и тие “возрасни” се спуштаат на наше детско ниво и ни враќаат??
Вие ниеден не побаравте некој да ви помогне туку директно отидовте да се откаже. Не се вадете сега. И пак ќе ви повторам, на факултет нема да ви е вака секогаш сервирано да учите од таму и таму. А сум сигурна дека има такви кои ќе помогнеа. И јас би, ама тоа е. Едит - барајте приемен да има. Биологија за мене беше многу лесен кога полагав.
преку скајп, вибер или месенџер ќе се гледа секој кандидат со комисијата и така ќе ја презентира својата прокетна задача
Ова со проектнава е хаосс, толку труд и време за на крај да експериментираат со нашата генерација и да тврдат дека имаме услови за тоа. Баш памтам пред две недели кога се изјаснија дека ќе има “неформална” настава и дека нема да има оценување зошто сѐ уште нема услови кај нас, а еве сега одеднаш можеме и проектни да браниме онлајн дека нели за тие 2 недели ни беа подобрени условите и на сите ни е овозможен пристап до интернет одеднаш, преку ноќ.
Леле се забегано,кај беа пред 2-3 недели? Денеска два теста решавав стварно не де нормални од одма на сите им текна
Нас професорите ни закачија семинарски за темите што ги немавме завршено. Дури одев на училиште повеке време имав од сега...
Книгите се најлесен проблем. Сигурно некоја од вас или од ваш/а другар/ка има помал брат сестра кој учи по книигите. Побарајте ги, од помлади генерации, ќе ве услужат, доколку ви работи копирница ќе си ископирате, ако не ќе ги сликате, сепак сме деца на модерната технологија. Не се вадете на тоа дека не мрдате од дома, исто ќе ви биде како да одите до продавница. Крај краева професорите ќе ги контактирате тие мора да ги имаат. Друга можност е од професорите, а тие од министерството да побараат pdf верзии и да ви ги испратат само вас или да се прикачат на е учебници. Иако сметам дека досега требаше да си набавите материјали, сепак не можемр да вратиме назад. За секоја ситуација има решение, само треба волја да се најде. Инаку на кој му треба прирачникот македонски тука сум.