Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Еве јас ќе одговорам на второто прашање.
    Секојдневно од професорите добиваат задачи на кои работат. За периодот одкако се дома, ќерка ми на пр.по македонски јазик поминаа 4 дела, имаа домашни задачи по истите и во вторник ќе имаат тест. По другите предмети исто, добиваат задачи, домашни, проекти, презентаци и веќе имаа 3 теста до сега по различни предмети. Аплаудирам и сум бескрајно благодарна за целото залагање на професорите. На овој начин ја одржуваат и психата на учениците на високо ниво.
    Тие 95% од материјалот што ги знаат, не ги знаат ако не ги повторат, а како што знаеш материјал немаат од причина што учебниците ги добиваа на почеток на учебна година и ги враќаа на крај. Многу посигурни ќе беа ако со професорите го поминеа материјалот, што всушност и беше пракса до лани, секако не во сите училишта, но во повеќето да.
    За крај би сакала да те прашам, се плашиш од функционирањето на системот по однос на сместување на нашите луѓе кои доаѓаат од Малта во Епинал, па дали веруваш во истиот систем кога ќе треба во еден простор да седнат најмалку 40 ученици?
     
    На Kenny, candy.cane, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    111.920
    Пол:
    Женски
    Во никој случај тоа не треба да се дозволи.
    Или ќе си полагаат матура електронски (како што и впрочем е) од дома или ќе се помести матурата за на лето а со тоа и уписите за на факултет.
    4 години без два месеци одат во школо и заради тие два месеци што не одат да им ја одложеле оти ќе не можеле да научат.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Sweetlove_0312 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Абе ајде какво одложување луѓе што се умислуваат овие денешни матуранти ке се упишувале на факултет без положена матура јао одма се напалија божем неможат да научат оти нели у војна биле.. Дома цел ден лежат со смоките и соко над муцката и изгледат 2 сезони од серии немале време ни матријал. 21 век секој може да стапе у контакт со интернет, емаил за да се консултира по детално за матурата. Овие лани што не ги запишаа на факс само заради матурата што да кажат? А овие па и без никаква матура неправда е
     
    На candy.cane, Pixi5, bicycle и 7 други им се допаѓа ова.
  4. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Знам дека ве мрзи, и мене ме мрзеше, и сега ме мрзи, ама бидете свесни дека ако нема матура ќе има сигурно приемен испит. Исто така, бидете свесни дека тој приемен, нема да биде од книги кои сте ги учеле, ќе биде на факултетско ниво, и ќе го полагате во амфитеатар на факултет, каде што нема да можете да си подкажувате и препишувате, и каде што ќе ве чуваат професори од факултетот, на кои нема око да им трепне да не ви го важат испитот, ако се обидете да препишете.
     
    На candy.cane, Pixi5, ohlalalala и 4 други им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ако не се полага матура дури тогаш ќе биди хаос на факултетите и до јуни месец има време нормално дека ќе се смири ситуацијата,а матурата може да се направи крајот на Август или почетокот на Септември тоа е само една вечер и ќе помине,незнам што драматизирате одма|(|(|(
     
    На cresa-jagoda, nevermet18, Sweetlove_0312 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    Многу членки погоре ви кажаа, ако немате матура ќе имате приемен, зашто ќе нема на која основа да ве рангираат. Со успех од средно не можат, еве да земам дека примаат 300 студенти, се пријавуваат 400 скроз одлични, е како да изберат 300, со лотарија или сакате со врски и пријатели, па тогаш да бидите оштетени. Квотата на факултетот за упис нема да ја зголемат тоа сигурно.

    Седнете и учете, одма ќе поминат месециве, без ништо да полагате нема да ве остават. Не губете време залудно, после ѓаолот ќе ви е крив, кога не ќе можете да постигнете или во најлош случај кога ќе ви се лоши резултатите.
    Еден куп познаници со матурата така правеа, на зафрканција ја сфатија, ќе препишеме и после со резултатите се разочараа. После паники имаа, лее нема да можам да аплицирам! Дали ќе ме примат? Во државна квота ќе влезам ли? Зошто? Затоа што немам успех. А зошто немаш успех? Професорите и матурата се криви? Не, тоа што не учеше од глава ти се тресна.
     
    На candy.cane, Pixi5, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Ако се откаже оваа година полагањето на матурата, тогаш и прва-трета година не треба да полагаат наредните години, бидејќи и на нив професорите им немаат предавано. Ако одиме по логиката на годишниве матуранти.
     
    На Mencia, candy.cane, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам,околу нас луѓе умираат и цел свет се бори со вирусот тие на матура и на забава мислат бе |(,па и одма да се искористи оваја тешка состојба матура да не се полага, само нешто да се избегни и во своја корист да биди,како да се отепаја од учење или пак сега дома работата ја работат,жалосно навистина...
     
    На candy.cane, Stephen Amell, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Проектната ќе се брани онлајн а за матурата нема уште информации. Ние на 10 Април ќе ја праниме.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.993
    Пол:
    Машки
    Не сум упатен што е целава фама со матурантите, ај некој нека ми објасни во 2-3 реда? Гледав реферати деновиве на фејсбук од некои мамини и татини ќеркички со доза ароганција и просеравање, ама ништо не сфатив што сакаат да кажат.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Сакаат да се одложи/укине матурата бидејќи пропуштаат од училиште и им треба помош од професорите за да се спремат, како и материјал од кој би учеле.
     
    На Pixi5 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.993
    Пол:
    Машки
    Нека се одложи, зашто да не. Ама да се укине? Зошто?
     
    На candy.cane, Pixi5, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Јас тоа што ти го наброив го сфатив како причина. Скролни наназад :D.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Добро, што толку се лигавете. Школото стопира средината на март, а до мај требаше да сте на школо. Што толку галама за два месеци? Де смирите страсти. Те земаме сите сеа да играме чочеци оти ќе имате матура. Свесни ли сте со овие петиции и глупости дека кочете еден дел ученици? Ученици што сакаат да студираат во странство, а без државна не можат. И после дојдите тука зборите дека НИЕ сме себични, љубоморни итн.
    @staycalm не било фер да имаат матура ради состојбава. Не можеле книги да си набават, немале време. Изговори до бесвест.
     
    На mime87, candy.cane, Pixi5 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Негатива ви се добрите совети? Негатива е да научите нешто за себе? Реално, ако вака се однесувате, не треба ни да одите на факултет, тотално е несериозно, ај што не прифаќате совет, во ред, ваше мислење; ама односот кој го имате, начинот на обраќање кон некој што не мисли исто со вас, не е на ниво на еден иден академски човек. Ако не можете да се помирите дека една матура не е фер, никогаш нема да се помирите со многуте нефер работи,испити и професори кои ќе ги сретнете на факултет.
     
    На candy.cane, macysh, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Вие мислите дека кога ќе се подсреди ситуацијава сите ќе идете да се собирате негде? Баш тогаш е најлошо. Полагањето е исто собиранка по 40 души во училна.
     
    На Feminka22 и idktbh им се допаѓа ова.
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Кај нас немаше повеќе од 15 во училница, по еден на клупа седеше, ептен бевме оддалечени, ако стават 40 души, не можат ни да ве пратат... Кај нас, се полагаше во сите училници во училиштето мислам, некаде буквално по 7/8 деца беа во училница, ама не знам како прават во други училишта, кај нас баш онака имаше простор помеѓу сите.. Ама фала Богу, ако воопшто не се смири ситуацијата, не би требало да се полага..
     
    На candy.cane и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Минимум уште 2 месеци после ситуацијава НЕ би требало да има собиранки за вирусот добро да се искорени.
     
    На Angie1432, idktbh и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Нема да е фер оваа генерација вака ако помине лесно и ако се запише лесно на факс без положена матура
     
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Што не е фер?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.