Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.903
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    @staycalm Long story short, не им се учи, немаат никакви аргументи за откажување што во моментов се издржани. Најмногу се вадат на тоа дека во Холандија се откажала, па зошто да не и кај нас. Нормално ако ептен се влоши ситуацијава свесни се и од МОН.
    Исто и кај нас беше @ElenaOfRivendell секој на своја клупа, оддалечени, по 10-15 деца во училница, секое можно училниче беше искористено.
     
    На candy.cane, Waverly Raven, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ти знаеш дали ни се учи или не,браво за способноста што можеш мисли да читаш (facepalm)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па не е фер сите претходни и идни генерации ке полагаат матура ке се спремат за проектни, ке учат по цели денови дома а вие што правете жити се дома и така седете, сакате по полеснио пат, шо ке праете за испити на факултет, на вас ова ви е тешко одма се откажате..
     
    На Waverly Raven, Pixi5, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Колку злоба и завист на едно место страшно.. Девојко гледаш ли вести знаеш ли што се случува во државава? И јас би да полагам ама во нормални услови.
     
  5. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Ама бидете реални, дали сум јас психички спремна да полагам цел семестар на испит? Не, ама не се бунам, бидејќи не очекувам се да ми биде фер во животов. Не вадете се на тоа дека не сте психички спремни,чим можеме ние да се спремиме, и да полагаме по 7 испити,зошто да не можете вие, и тоа на материјал што ви е учен? Ако мислите дека ви е ова толку стресно, зошто воопшто сакате да одите на факултет?
     
    На candy.cane, Waverly Raven, Pixi5 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Зошто толку упорно се залагате за нешто што не ве засега вас, повеќе студентиве се интересираат за матурава него ние, разбирам може било кој мислење да каже ама не сте биле во ваква ситуација тој период и не може да тврдите дали на некој му се учи или не, па уште заклучоци мрзливи сме биле и не знам што. Не е ова нешто што самите го измисливме и неоправдано го баравме, директорот од мојата гимназија истото го тврди, а години наназад нашето школо вади меѓу најдобрите оцени на матура и баш овој период март-мај имавме часови со професорите за тие предмети за да се подготвиме. Да, на крајот сами учиме и знам дека на факултет исто вака не добиваш секогаш помош и не ти е се при рака, ама во случајов не сме на факултет, сме можеле да добиеме помош да не беше ваква ситуацијата и на крај ќе испадне дека сме можеле и подобри резултати да имаме. Плус верувам дека и вас тој период некој ве упатил повеќе, исто има ученици што одат на приватни часови, другарка почна уште оддамна на англиски и сега не може да продолжи со спремање. Јас би се согласила да правам од дома било каков тест што ни е регуларен по некој предмет, би одговарала онлајн или сеедно, ама за матура нема смисла.
     
    На BrightShadow и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Ние воопшто помош не добивме за матура,прашања само што ни дадоа од лани, и сами ги решававме. Не сме полагале матура “сега”, ама полагаме испити како 2 матури заедно, на материјал што прв пат го гледаме. Ајде јас имам само од втор семестар материјали, 7 предмети, ги учам редовно и ќе се потрудам колку што можам, ама има студенти што немаат положено мн.предмети и од прв семестар, значи имаат над 10 предмети за полагање. Еве пример конкретен, анатомија 2, губиме практични вежби. Теорија ќе се снајдеме, ама практично? Кај ќе најдам јас човечко срце, или бубрег за да го научам, и да го положам практично во јуни? Фер ли е тоа? Не е, ама не е ни битно, бидејќи уште многу работи нема да бидат фер, и ако од почеток не научите да се помирите со неправдите, никогаш нема да бидете психички спремни да се соочите со нив и да продолжите понатаму.
     
    На candy.cane, Hellobeautiful, Leviosa2503 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Се собрале да темава немаат што да прават и нас ќе не реметат :rofl: Идете ај учете си за испити не замарајте јбг морате да си полагате
     
    На idktbh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.622
    Допаѓања:
    39.191
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе никој не оди против вас и не шири омраза, и ние самите бевме матуранти (повеќето што пишавме тука завршивме лани) и знаеме што збориме.
    Немате основа за целосно да ви се укине матурата, може само да биде одложена.Секако, ако е одложена ќе ви биде во јуни/јули и тука доаѓаме до моментот дека сакате да идете на одмори , да се шетате па ни таа опција не ви одговара...ама гледаме дека не може се што се случува да го контролираме и да биде по наша желба.
    Знам дека сега немате од каде да ги земете книгите, ама тоа не е толку тешко, од мон ќе ги стават онлајн ако се донесе одлука сигурно да се полага.
    Што се однесува на добивање помош, прво не учите квантна физика, да бидеме реални може да се научи материјалот комплетно без помош, ама ако ви треба, не е тешко ни да се организирате со професорите онлајн да ви праќаат вежби и да ви објаснуваат, особено ако така им наредат од мон.Има и страница за матура, таму за сите предмети детално ви пишува кои теми и што треба да учите, што значи дека и во однос на тоа прашање не сте оставени сами на себе да мислите што треба а што не.
    Пак ќе речам, може да се организира спремањето и полагањето со одложување и затоа немате основа за да ја поништите матурата.Да беше сега октомври/ноември , да, ќе немавте поминато ни 50% од материјалот и можеби ќе се повтореше и годината, но ова што се деси се деси при крај на година кога практично секаде професорите гледаат што побрзо да завршат со материјалот.
     
    Последна измена: 30 март 2020
    На candy.cane, Waverly Raven, Pixi5 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Очигледно ништо не разбирате,еден пост по сто пати го пишувате.
     
  11. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека не треба да е така и не е фер, ама исто како што сега на вас ви е со полагањата, исто и мене овој период најголем проблем ми е матурата. Како што ми го наведе проблемот со анатомија, јас имам проблем со филозофија, точно на пола сме со материјалот, го учиме само една година и на средина сме со книгата што иначе е 450 страни(за вас сега најверојатно е тоа ништо, ама познато ви е колкави се книгите во средно), во случајов не ми е да кажеш материјал од 4 години, па да се вадам како македонски. Секој со своите проблеми, не може да споредуваме на овој му е потешко, на овој полесно или школото да го обвинуваме и професорите што кажа дека кај вас не ве спремале, кај нас не спремаат и така е секоја година. Цела година се спремам за матура, не би сакала и јас да се откаже да не беше вака.
    Се надевам дека ќе го решите проблемот на факултет што го имате некако зошто не е во ред без практични вежби да имате полагање, ама во слична ситуација сме и ние, како што тебе ти се битни полагањата и на нас ни е матурата овој период иако по тежина се различни.
     
    На ElenaOfRivendell и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.903
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Сите аргументи што ги давате за да се откаже матурата водат кон тоа за жал, би била среќна да грешам и да имате волја за учење. И секако не дека на сите не им се учи и се мрзеливи, има и исклучоци. За разлика од вас ние не бегаме од полагања, напротив бараме начини и се заложуваме да полагаме некако. Уште сега бараме решенија како да се спроведе парктичната наства, како да се полага. Дури не сакаме ни од материјалот да ни скратат, зашто таа дупка во некој сегмент од животот ќе исплива на површина. Свесни сме дека ако не полагаме и поминеме онака, ние ќе изгубиме. На колку студенти им се расипаа плановите, колку студенти не положиле некој предмет од претходниот семестар не по нивна вина, бидејќи професорот го закажал полагањето за март. Едноставно во животот има работи кои не се фер, ама мора да се соочиме.

    @idktbh најпрво сочувство за филозофија, навистина е тешко и не знам од каде ги копаат прашањата. Вложи се максимално. Немам полагано, ама ги имам видено тестовите, хорор се, како шо е и книгата впрочем. Побарајте за тој дел од материјалот кој не ви е поминат да немате прашања, нека се заложат и професорите во однос на проблемот.
     
    На candy.cane и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде ќе се учи тоа, веќе две недели чекам одговор на меил од професорката. Не се баш расположени да помогнат вака кога не можеш лично да ги прашаш и нѐ игнорираат.
    Се надевам да скратат ако остане вака, нема друго решение.
    Ако си завршила гимназија да не случајно знаеш дали учеле од некои скрипти филозофија кај тебе? Знам дека зборат за некои скрипти, а сакав и тие да ги имам при рака.
     
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Едно е матура друго е испит на факс разбираш? Јас без матура ќе поминам како и да е ќе се запишам на факс ама ти без положен испит нема да поминеш година.
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Епа да бараме и ние да ни се укинат испити а?
     
    На candy.cane, Pixi5, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.622
    Допаѓања:
    39.191
    Пол:
    Женски
    Ако сте кај Јулијана, и ние лани не ја завршивме книгата иако беа нормални условите :D, а тие што полагаа филозофија дополнително ги спремаше и им помагаше.Би требало да бидат коректни и да ви враќаат на мејлови со материјали со оглед на ситуацијава, не сум сигурна ама мислам дека овие од мој клас лани баш за филозофија и скрипта добија.
     
    На Alex29 и idktbh им се допаѓа ова.
  17. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Очекував да не се заврши до крај книгата како и да е, ама барем да останат уште 100тина страни, не вака...
    Епа и нас ни кажа ќе не спрема, ама ништо, не ни можам некако да ја исконтактирам, уште кога одевме на часови беше испаничена околу вирусов и не пушташе и од часови:|
    А за скрипта имам некоја од 40 страни, ама не можам баш сериозно да ја сфатам, треба да ни каже што како
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.982
    Пол:
    Женски
    Ако воведат приемен испит на сите факултети на матријал што нема да ти е познат ќе разговараме.
    Матурата ти е многу полесна опција.
    Претходните генерации имале и матура и приемен испит, селекција мора да се врши и тоа е тоа.
     
    На candy.cane, Pixi5, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Нема да завршиш факс :D
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.622
    Допаѓања:
    39.191
    Пол:
    Женски
    Епа сигурно е истата скрипта на кoја мислев и јас, ама можеш да ја користиш како водич и од книгата да го учиш тоа што фали таму, ако веќе се спремаш периодов.На страната на matura.gov спомнав и претходно, пишува за сите предмети точно кои делови треба а кои не треба да се учат, користи го и тоа.Јас не полагав филозофија ама интересен ми беше предметот и гo сакав , па додека учев гледав и видеа кај што објаснуваа за филозофите(на the school of life) , ете и тоа е од помош...обемен е предметов ама не е толку тежок.
    А да, и решавање тестови од претходни матури е на прво место според мене , ем можеш да се провериш , ем гледаш какви прашања се паѓаат.
     
    На Glowy и idktbh им се допаѓа ова.