И да има матура и да нема пак ќе се запишиме на факс и ич не мие галје.. На маса се повеќе оопции. Вие сега спремајте си се за онлајн колоквиум/испит Адеми: https://streamable.com/7sim5
И студентите така препишуваат онлајн нема врска ако е Во скоро време нема да се среди ситуацијава,денес има 44 нови 2 смртни. Нема услови.
Она па баш чекаше некој на Фемина да ѝ каже да учи Кај нејзе на факс не можеш да не учиш Жити се не се карајте си вакви 2ро за 3то муабети.. ,,ај ти седни си учи си” Шо к** ве боли не ми е јасно. Знаеш колку НИЕ иаме за учење? Они си створиле колку толку навика за учење и се стегнале. А не ко нашава распиздена генерација, дај биди реален малце. Не знам кому мачкате очи. @Kimberly11 не се залажувајте пошо цел април и мај се пред нас. Не се знае до тогаш шо ќе биде. Може у јуни ќе се среди.
Во европа ретко кај се полага матура. Побитно е приемен да има на факс, тоа е поквалитетен образовен модел
Ама дали ќе се запишеш на факс без матура не одлучуваш ти. Си учам јас, без гајле. Ние барем бараме алтернативи.
За приемен треба да земиш материјал кој прв пат се сретнуваш без предавање сам го спремаш. А со матурата барем имаш какви такви предавања и од само слушање ќе положиш.
За на УКИМ си кажав. И да има матура ќе се запишам пошто ќе ја положам и не ме плаши ќе се спремиш. И да нема само ќе ја олеснат, пошто нема да го тупиш мозокот среде лето. Ама е опасно да има пошто нема услови, од ден на ден расти коронава. Кина се справи за 3месеци ама таа е Кина а ние цела година нема да можиме. И плус ако има заболен матурант како ќе полага или има случај во семејството како погоре членката.
За на државна квота си кажувам. Успех имам јас, така да не сум во последните редови во конкуренцијата
Да, и нема тогаш сите да се запишат, и тие што не ги бива и тие што ги бива во еден кош. Ќе има по правилна селекција тогаш. Според тебе вака треба секој да иде на факс и секој да полага и дипломира. И цела држава дипломци. Брао бе
Значи кој го бива, му даваш шанса на сите. Во Полска 40 се запишуваат гимназија ама на крајот остануваат само 15. Другите чао. Лично тие кажуваа ко беа дојдени од Еразмус.
Затоа е најдобро приемен, а иначе годинава, според мене, најверојатно е да се укине за разлика од другите години зошто е вонредна состојба и истото е направено и во други земји. За препишување и слично, веќе почнаа, за разлика од некои школи кајшто ќе браниме проектна онлајн, во некои школи менторите им рекле дека годинава ќе помине по “редот” и сите бодови ќе им ги стават...
Дечко УКИМ без државна матура моеш да го сањаш само. Е ради ваквите ко тебе од периферија што баш ве боли брига за матура, ние што учиме последни ќе влеземе на факултет.Ви прпа од приемен пошто таму нема организирано препишување и да дое да ти кажува некој.Коа ќе те седнат со некој unknown да полагаш ќе те видам дали ќе препишуваш како што ве учат од кај и да си. Се глеа колку си писмен околу уписите. Највише бодови носи матурата за упис на факс, оценките на крај на година пола и поише се на лепе очи стаени. Иди утепај се.
Е крастајци кој го бива. Таму може има и приемен за средно и средното не е задолжително како кај нас. Таму има и стручни школи, занаетчиски. Како бе кај нас ќе е тоа кој го бива кога квота на студенти на финки е 1200 годишно, без разлика што е пола од тие државна пола приватна квота. Се додека нема приемен испит на факс нема да биде кој го бива. За да го бива на некој треба да ја сака струката и да не му е тешко односно со леснотија да го спрема приемниот испит. Тоа е материјал до средно што учел. А матура материјал од 4години тикви што ќе знаеш детално од 4 предмети. Биди реален тука.
@Tan4ence не бараат да се укине зашто на голем број матуранти им е полесно да поминат со препис, отколку да седнат и да учат за приемен. На прсти се бројат училиштата каде што не се препишува. И од МОН се свесни за ова за жал. Матурата е дефинитивно полоша, но полесна опција. На приемен се гледаат вистинските резултати и онаму каде што не се препишува или каде што нема од каде да се препише. Во врска со онлајн полагањата читајте за што се залагаат УСС на УКиМ и на УКЛО и зошто бараат да не се спроведуваат така. Онлајн полагањата во однос на резултати се во наша корист зашто лесно може да се манипулира, ама студентите се залагаат за реално знаење каде што трудот ќе биде правилно вреднуван. Донесена е уредба дека може да се полага, но сè додека од технички аспект е исправно, што е и клучно. Сите се радуваме на онлајн полагања сè додека се во границите на реалноста и исправноста.
Океј пафкај си ти. Ич не мие ме интересира дали ќе се полага, имам УСПЕХ, ќе си се спремиш и ќе ПОЛОЖИШ и ќе се ЗАПИШЕШ. А ранг листата зависи и од тоа колку е конкурентен..