Да видиш еден бод помалку од матура колку може да ти смени за упис и да те бутне во приватна квота или воопшто да не влезеш на факс, а да не збориме за повеќе изгубени поени од матура....не збори пред време
Зависи од конкурентноста на факултетот, да. 60% е успех, 40% матура. Ќе видите една 4ка во тие 60% дека знае да намали и да значи нешто, а да не зборувам за матурата, односно како нејзините оценки и перцентили намалуваат поени. Додека не ги добиете резултатите ништо не знаете. Вие можеби најдобро ќе мислите дека сте поминале, ама резултатите нема да се согласат со вас. Се надевам и ви посакувам да не ви се случи тоа.
Не се замарајте вие со нас, матурата ихии во Јули ќе биди и ќе си се спремиме. Туку сега седнете си вие загрејте го столчето да не бидите бидите изненадени, Арбер Адеми си го кажа своето: Студентите ќе си полагаат онлајн, а за матурата се повеќе опции на маса. Јас не го кажувам тоа, туку Министер.
Арбер Адеми може да каже што сака и може да јаде пуканки до задутре, и можам да му однесам уште јас. И министер кажуваше за екстерно, државен испит, матура па не бидна од тоа ништо. Ти пали џибукот и криви ја капата. И немора да идеш на факс шо бараш седи тука ќе дискутираме за 5г.
Абе ние учиме и сме во редовен контакт со сите професори. И онлајн нека биде, ако. Барем да не ми остане цел семестар во септември. И да биде онлајн, нема да ни речат утре полагате, туку ќе ни дадат датуми кога ќе биде полагањето. А без матура засега не можеш на факс, освен ако МОН одлучи спротивно.
Прво и прво, не чекав јас ти да ми кажеш да учам, немам ден пропуштено од кога е почнат карантинов. Како второ, што сакаш да кажеш со тоа “да не сме изненадени”? Како мислиш изненадени? Ние цело време знаеме дека ќе полагаме, онлајн или не, не сме будали да очекуваме да не полагаме. Трето, зошто го кажуваш тоа “онлајн” како нешто страшно, кога онлајн можеш да испрепишеш, ај да те видам очи в очи со професор препиши. И не се секирај, доволно сме сериозни за да сме против онлајн полагањето, не сакаме да ги исположи испитите и секој да го заврши факултетов, а подоцна да лечи луѓе, или да предава на ученици, кој и да е факултет.
Едно е да бараш, друго е да имаш Арбер Адеми си го кажа своето. И колоквиуми/испити ќе се полага онлајн и матура во Јули ќе се премести. Мора да има некаква "селекција."
Јас секако си имам научено, не за јули, и сега да ми дадеш да полагам ќе полагам, а за селекција,како до сега што се полагаше, колку и да беше тешко, е најдобра селекција,не се буниме. Ако е онлајн не е селекција, оти секој може со книгата до него да си полага. Сами бараме селекција, за разлика од тебе, што мислиш дека секој треба да оди на факултет.
Не сакаме полесно да ни биде, сакаме да биде како досега, потешко, за да положи тој што заслужува. Барем мојот факултет е таков, во кој не би сакала да заврши секој некој, со препишување, и без знаење,со животи треба да работиме во иднина.
Медицински значи.. Ама слушај и да бараш нема да се оствари, бидеќи тоа не зависи ни од мене ни од тебе ниту од форумов, одлуките ги донесуваат други. И матурата нее реална, некој учел 5.00 просек 4години а на матура ќе разочара ќе го фати трема, страв а некој поминувал со 3.00 а на матура ќе извади подобар успех и на крај краева пошто 40% игра улога ќе фати место за медицински и сл. И приемен е не реален, бидеќи сам спремаш, да има претходно предавања тогаш да. Ама секаде во светот е така, прифатена е матурата бидеќи нема друг начин на селекција. Кажав, не сум против да има матура ќе си се спремиме сите како и другите и еве нека ја направат првата опција во Јули да ја преместат, но во ваква криза е страшно. Бидеќи можи да заболи матурант или член од неговото семејство, психички нема да биде истиот, и плус нема да заврши за 3месеци ова пошто ние не сме Кина, не сме веле-сила, затоа е и петицијата да се откажи заради Ковид 19 , не заради друго. А Венко Филипче кажа дека ќе предложел да се повтори годината како опција, ама Адеми рече дека годината е успешна бидеќи остануваат уште 50-60часа, за да биди неуспешна треба да останат 100 не одработени. Затоа не се знае ништо.
Приемен е најдобра опција, кој го бива и кој се труди ќе седне и ќе научи. А кај нас, не верувам дека ќе се полага онлајн, барем не по сите предмети, имаме практични испити кои мора во живо да ги полагаме на препарат.
Моментално е хаос образованието, ама кажуваме и правиме како шо ќе речат тие. Од нас не зависи. И јас сум за приемен но покрај полагањето, претходно да имаш некој час предавања за да влезиш во колосек да можиш да го спремиш приемниот пошто е не логично да спремаш нешто кое прв пат го гледаш, како од друга планета, реално.
Волшебнику зарем не си ти полуматурант? Незнам што толку страв и од матура и од приемни. Нешто мора да се полага. На факс на времето се полагаа приемни од два предмета, за сите 4 години што сте ги учеле во средно. Ама полагавме и два матура Не е тешко, ама треба да се згрее столче наместо да се троши времето на Фемина
И да има приемен, нормално дека ќе биде материјал што се учел во средно, нема да бидат предмети за кои немате слушнато никогаш во живот туку работи што се учени.
@Волшебникот омилениот твој министер има и една точка многу битна која самиот и ја навел, мора да е технички исправно полагањто за да се изведе онлајн, т.е. да нема можност за манипулации. Доколку некој факултет може тоа да го изведи, бујрум нека направи, ние чекаме. Законски е дозволено, но не и задолжително за секој факултет. Ако имаш учено и имаш знаење нема ни матура ни приемен да те спречи да го покажеш истото.
Треба да го загреат столчето и тие шо врзуваат врски за да поминат испит, бидеќи утре ќе зависат животи од него. Додека не положи нема напред, а не Ало преку телефон и положен си. @Glowy технички услови нема и за матура, бидеќи е живото загрозувачки. Ова нема да трае 3месеци како во Кина, ние не сме Кина да се справиме така лесно. Тие направија болница од темел за 5дена а ние шатори поставивме за тие дена.
Технички услови нема за онлајн полагање, а за полагање "во живо" за условите ќе знаеме во мај/јуни, сега само Баба Ванѓа можеме да изиграваме и да нагаѓаме. Никој не може да предвиди што ќе се случува. И земјиве во Европа се развиени, ама се зафркаваа. Ние реално добро се справуваме спрема развиеноста, меѓу првите имавме ригорозни мерки, спрема очекуваното сериозно сфативме.
Ти знаеш што се полага за приемен, и што е приемен. Не ти даваат материјал од факс па да го гледаш првпат бе. Полагаш тоа што си учел до средно, и ништо подалеку од тоа.
Секој размислува различно. Чекајте си официјални сооптешнија, не се палете. Едно од нив е официјално.