Целосно го подржувам ова, бидеќи нема основа да полагаме матура. Кога ќе го надохнадиме материјалов, кога бранење проектна, кога матура, кога уписи. Хаос ќе биди. Вчера ја прашав директорката дали има известување од Министерство за полагање матура рече дека се уште нема ништо кажано. Ќе видиме...
Јас мислам дека може да се полага, и да се научи, и така дома по цел ден се сите. а и уписите можат да бидат подоцна, има време до 1-ви Октомври.
Матура се полага јуни секако, така да тешко да ќе ја избегнете, евентуално во јули/август да се помести, а нас во школо ко што памтам не не спремаа нешто многу многу, а не ни беше нешто особено тешко полагањето... Штета што последните денови во школо и славењето ќе го пропуштите, за полагање секако ќе положите и ќе се запишете на факс
Тешко дека може матурата да се одложи за покасно (јули, август), разговарав со професори и викаат дека и овие датуми што се веќе одредени е многу доцна за упис на факултет. Уписите овде се во септември, со што е можно одлагање на матурата, ама што е со децата кои ќе одат на факултет во другите држави во Европа, Америка? Можно е на светско ниво да се одлучи да се направи нешто зашо скоро секаде децата не одат/одеа на училиште. Само во нашата држава тешко. А искрено ( иако би сакала да нема матура) не верувам дека би била откажана, време има, ама со ситуацијава сѐ ќе биде неизвесно
Не ја поддржувам идеата да се откаже скроз матурата, прво бидејќи секој има сеа време дома да фати да учи. Бар македонски, не ни треба некое објанснување пошто е мајчин јазик. Вежби може да си барате од професорот/професорката да ви праќаат. Англиски кој го бива нека си учи дома Мене интерниот и екстерниот ми се лесни можам сама да ги учам. А и е-учебници се активирани значи има материјал.
Материјалот што е за матура е скоро поминат. Да сме реални ретко кој од професорите воопшто спрема за матура на училиште. Така што слободно можете да го искористите времето за учење. Дека ќе се откаже полагањто тоа тешко, како што напоменав и претходно некакво полагање мора да има. Може и да се одложи за јули/август, секако сите што досега полагале во август имале резултати пред прв уписен рок. Во однос на тие што сакаат да аплицираат странство, за Америка веќе или во скоро време ќе знаат дали се примени или не, за таму други тестови полагаат. А за европскиве земји ќе се најде решение, низ цел свет е вирусов, и тие се соочуваат со слични работи. До јуни ќе се најде решени, а и ситуацијава се очекува да спласне.
Јас сум против. Затоа што може да поремети многу работи, јас на пример сакам во странство да студирам. Убаво е да се има положено матура како документ.
Јас па мислам дека е обратно, оценките од сите четири години се многу покредибилни отколку како ќе се покажеш тие два дена на матура. Едино има логика за тие што се со врски и ставаат добри оцени или обратно на пример мене професорката по македонски не знам зашто али не ме симпатишеше многу и константно имав 3 од неа дури не ги ни прегледуваше писмените работи само гледаше име и ставаше оцени а јас знаев колку можам и дека можам повеќе па затоа на матурата имав 5 со 96 поени која патем ја оценуваат универзитетски професори.
Ни матура, ни оценки од сите 4 години се веродостојни(генерално зборам). Најдобро е да стават приемни на факултетите, а со ситуацијава ништо чудно и тоа да го воведат.
Let's agree to disagree. Самата даде пример зошто оценките от сите 4 години не се кредибилни и ДОВОЛНИ. Мислам, сите имаат по некој пример така? Дури, ако не лично, крај краева на третина генерација оценките се менуваат бидејќи е "крај на година" па се попушта и даваат поклони на големо, а други се обесправдани на истата сметка? Настрана што процент од кадарот е не стручен, не соодветствува од педагошки аспект т.е. не е за надтавник/професор позиција, па и си лечи комплекси. Што не значи дека и матурата дава јасна слика, ама е завршен краен испит, кој е неопходен за да се формира завршетокот на средното образование, заедно со тие оцени от сите 4 години. И може да се препише, да се поткажува, слаби ученици да покажат одлични резултати а одлични ученици да кикснат, но... Кога би имало приемен испит на секој еден факултет и универзитет, тогаш матурата може и треба да се укине. Вака, таа е неминовна. И не треба да се укине или одложи за ниту една генерација без разлика на условите. Мора да се најде начин како да се спроведе, тоа е проблемот на кој треба да се работи, а не дали да се избегне ради висрусов сега и како да се направи тоа.
Матурата не па дека е некое мерило за успехот и елиминацијата по факултетите. Колку со над 95 поени (единствена 4ка рецимо) се упишаа во државни квоти и уште први месеци се откажаа од факултетите, а некои со малку послаб успех не успеаа да се запишат на посакуваниот факс, па на друг покажаа уште поголем успех и се виде дека ништо не значи матурата. И онака на матура се препишува на велико. Жива глупост е нивното бодување ама сепак нема да се укине. А, не се меродавни ни оцените од 4г, колку пати класните поправале на учениците за да имаат подобар просек, па на крај на година тоа поправање оцени за по една две плус беше... Еве и да се укине матурата, ќе се воведе приемен. Некакво тестирање секако мора да има. Ја сум за приемен затоа што 2 најпотребни предмети ќе се бодуваат и ќе е конкуренцијата и полагањето помеѓу тие што сакаат тоа да го студираат, а не вака со цела држава. Не се надевајте дека ќе ви откажат матура, вежбајте и учете колку можете. Нас не не ни спремаа за матура, шо дека одевме у школо. И онака 4та сите знаеме како е, 1ч - 2ч одиш у школо и после 80% од класот си отишле некаде. Не ви менува многу што е вака, секако до мај у најдобра варијанта ќе одевте у школо. Среќно на сите.
Венко Филипште рече дека се разгледува можност за Повторување на годината. Така да можно е пак во 4та.
Не верувам дека заради 2-3 месеца би повторувале година, сигурно ќе најдат друго решение, не се секирајте, чим на факултет можат и колоквиуми и испитни сесии да се одложат, и за часовите на училиште ќе средат.. Со таа цел МОН побара да се одржува онлајн настава, за на некој начин да се „одржат“ часовите колку-толку. Ако треба и на лето ќе одите до Јули, ама реално, заради 2 месеца да се губи година, многу тешко. п.с. Ако можеш линк прати од каде што кажал, сакам да прочитам..
Според мене,зависи како ќе се одвива ситуацијата, сепак, тоа е собир на многу луѓе.. Се надевам дека нема да се откаже.
Материјал од еден месец, големо чудо. Четири предмети се само, а проекната можеш да ја спремаш дома комотно. Уште мислам (и се надевам) дека во мај ќе тргнеме во школо пак, стварно сакам барем последните 3 недели да ги фатам.
Нас на факултет, ни дадоа материјал до 1ви Мај, значи најверојатно би се почнало до Мај, ама не ме фаќајте за збор, сепак зависи од понатамошниот развој на настаните.
Знам дека сакате матура ама сите треба да сте свесни дека со оглед на ситуацијава шансите се скоро непостоечки да речам. И да стивне состојбава во мај, свадби, матури, полуматури нема да бидат првото нешто што ќе се одржи.