Караниците оставете ги за друг пат. Имаме поважна дискусија која се знае веке дека е за полагање државна матура. Јас веќе учам било да е одложено или не си го фатив редот. Спремаат кај нас онлајн квизови за вид оценување ама им пропаѓа работата, квизовите се нула преглупави. Се надеваме дека до крајот ќе најдат било каков друг вид тестирање кој ќе е повеќе валиден. Иначе,дозволено е малку надвор од темата да се зборува дека ќе биде многу голем притисок со само монотоно расправање за темава и да ви кажам еден факт за мене е дека сакам интересни мали караници како овие вашиве. Се рачунаат како забавен дел од карантинсиот живот. @Волшебникот @Feminka22
Не сум на ТМФ, ама мислам дека зависи од смерот, колку што знам и на сите факултети, не се бараат исто поени на сите смерови.
Нема никаде потребен минимум, туку зависи од конкуренцијата и колку студенти се примаат на секој смер.
За смер прехрамбена и биотехнологија, знам дека општо малку студенти се запишуваат на факултетов, барем така кажаа кај нас кога имаа презентација
Не бе овие тука се генијалци се знаат од факултетски книги биле ПРИЕМЕН МАТЕМСТИКА НА ПМФ последно бил од книги за средно образование ама генијалциве од љубомора ќе пукнат
Девојче ај смирено збори малце. Каква црна љубомора, сум завршила јас со матура не се секирај и тоа одлично ја направив и на факултет се запишав. Те молам провери си уште еднаш за информацијата, не може на приемен да има материјал што НЕ бил предаван во средно.А ако се вадени задачите од факултетски книги, не значи дека е друг материјалот, и нас професорката математика во средно знаеше да ни извади задачи од '85 од факултетски книги.Може да се потешки, ама од тоа што било учено.
Прашања на факултетско ниво, не би биле лесни како 2+2 сигурно. И би се полагало на факултет, со професори од факултет, сигурно не би било полесно од матура.
Јас полагав матура пред 3 год. и искрено многу не памтам, Мак. имаше една дебела книга со сите важни информации и секој дома сам си учеше (Прирачник). Анг. има вежби од претходните тестови на стр за матура, сигурно ви спомнале професорите. Нели еден предмет професорот ги спрема прашањата, ние избиравме кај што знаеш дека дава однапред и нас ни прегледуваше одговори пред полагање за точно да учиме. Вака го памтам, лесно е и нема потреба за паника. Реално во овие 2 недели или 2 месеци нешто многу не губите. Дали ќе биде јуни или август некаков тест ќе има. На никој не му е лесно и никој не предвиди вирус. Гледајте најдобро да го искористите времето☺️
Англиски беше воглавно лесно, ама имаше едни текстови огромни и требаше од нив да одговараш прашања, и ептенн време одземаа во читање, ама ако знаете солидно англиски, нема да ви биде проблем...
https://a1on.mk/world/francuskite-uchenici-nema-da-polagaat-matura-prvpat-vo-poslednite-200-godini/ ако франција може https://kanal5.com.mk/serafimovska-...havnata-matura-za-uchebnata-2019-2020/a416245 Што ќе прават членките што мора да полагаат испит?
Каков испит, на што мислиш? И пак ќе речам, ние кога ќе бидеме на ниво на Холандија и Франција, нема секакви неписмени да завршуваат средно и да се запишуваат на факултет.
За жал Франција се катастрофа, Имаа размени во нашето училиште неколку пати, англиски никаква врска немаат, хемија H2O неможеа да кажат што е.
Епа голема штета ако успеваат такви деца да се запишат на факултет, се надевав дека барем надвор од земјава нема такви работи.. ://
За холандија знам дека се паметни зошто познавам и луѓе, но и знам за многу многу добри факултети. Ама Франција стварно не е подобра од нас во тој поглед.
Во право си за ова, и ја имам видено од деца од Франција на размена дека не се многу понапредни од нас , а и другарки што студираат таму ми го кажуваат истото, дека тамошните студенти не се толку спремни колку што вака од страна би се очекувало. Ама битна разлика е што имаат многу повеќе услови и можности за учење, капацитетите во тие средни и факултети немаат врска со нашиве.