Читај убаво,реков дека ако полагаме матура ќе имаме и журка ако не нема ни журка. И ако сакаме сами ќе си организираме ние нема што они да ни организираат.
Мене ми се допаѓа предлогот да полагаат само тие што ќе одат на факултет, нема потреба сите да полагаат, и не само за годинава, така и да остане. Само не знам како би се извело тоа, втор рок за полагање нема да има?? Кога ќе бидат уписите на факултет, па резултатите од нив, па вселувањето во студентските домови...
“Потребно” мислат на тие што сакаат да одат на факултет, тие што не сакаат да одат да не полагаат воопшто.
Па и сега е така. Никој не нѐ тера да полагаме, кој сака и кој ќе оди на факултет си пријави за државна матура да полага, а другите само завршен испит.
Многу некако одолговлекуваат, вака не знаете на што сте, како и да е, треба со време да ве известат, да знаете дали да спремате матура, приемен, или ништо. Не е фер вака, во неизвесност да ве држат..
Сите опции што се на маса се испратени до Уницеф и ОЦД. Се чекало мислење и од нив. Дел од Опциите: 1. Одложување во јули и да не има материјал од 4та година 2. Откажување на матурата и приемен испит во одpедени факултети каде што е најголема конкуренцијата. Професорката шо беше во интервјуто и таа му порача да се укине матурата и да се извлечи средната оценка а за тие што ќе студираат странство да полагаат во септември. И ова си го запиша Адеми. И најјаката реченица од министерот: Одлуката која ќе ја донесеме ќе биде во насока и мотивирана од најдобриот интерес на нашите ученици и никој нема да биде оштетен. Ќе одлучиме водени од најдобриот интерес на нашите средношколци.
Е ова е најлошото, секогаш брзаат и даваат идеи врз база на мнозинството, а за исклучоци никогаш не мислат. Општо за многу работи е вака, не само за матурава.
Како може да кажат одложување и да предвидуваат дека ова до јули ќе биде толку средено и нема да биде веќе опасна ситуацијата за сите 15,000 матуранти да може да полагаме. Демек од сега ќе ни кажат точен датум? Се одложуваат манифестации закажани во јули/ август, а ние од сега закажуваме полагања што траат 4 различни дена. Или нека укинат и нека воведат приемен или најлоша опција, онлајн матура како во Србија што има и да нема никаков ефект.
Џабе и да пишеш, не можам да го слушам на интевјуа се што збори како претходно да му е набубано и реченицата што во секое интервју ја повторува “одлуката ќе биде мотивирана од најдобриот интерес дрндрн” или “водени од најдобриот интерес на учениците”. Ништо не знае конкретно да каже, ама знае една иста реченица да ја каже на 20 начини. Или место факултети/ универзитети кога ќе каже по петти пат во интервју “ високо образовните инситуции”, то Арбер царе чекај дигитален речник да отворам уште некој синоним да ти најдам за поише време да изгубиш од гостување во емисија и пак да не кажеш ништо битно.
И ќе ти речи: Одлуката која ќе ја донесеме ќе биде во насока и мотивирана од најдобриот интерес на нашитеученици и никој нема да биде оштетен. Ќе одлучиме водени од најдобриот интерес на нашите средношколци.