Здраво Според мене најдобра одлука во овој момент би била да биде целосно откажана матурата, бидејќи во вакви услови на паника и страв за тоа што ќе биде понатаму, ние учениците не можиме на седниме на раат да учиме . Седиме и буквално на секој канал во секое време се зборува за корона вирусот .И за тие што мислат дека нас ни е за да не полагаме , ете сега дома имаме повеќе време за учење ќе може се да научиме како пто треба , абре луѓе не знам вие што ќе правевте да бевте на нашето место. За нашиот министер ,,браво '' ,човекон не можам да го слушам нема ни речник , не знае едно образложение да даде .Кога беше во емисија на Канал 5 на секој што ќе се јавеше му го кажуваше истото во изменета форма , а тоа што последното девојче го исклучија не беше фер убаво ќе му го плеснеше па за да се спаси , демек нема време ја исклучија.
Абе што и да биде, треба со време да бидете исвестени, не во јуни да ви речат нареден месец полагате, сепак треба да знаете што да правите, дали да спремате матура или приемен, не да земете да спремате матура, и на крај приемни да ви бапнат.. Не е фер што не кажуваат конкретно, вртат само зборови..
Е да си жива,тоа го бараме ние на време да ни кажат за да се спремаме. Моментално сме сите презафатени со одговарања и проекти немаме време да се спремаме за матура. Нека кажат НЕМА да полагате или ПОЛАГАТЕ во јули и крај.
Редно е да се каже, првото полагање технички ви е предвидено за месец и полововина од сега. Треба да знаете за што да се спремате. Ако не се полага матура, а се полагаат приемни, да не трошите време на македонски и англиски, ќе си ги спремате соодветните предмети. *немам ништо против англиски и македонски, разбирам зошто се полагаат.
Јас мислам дека македонски се полага за да се види до кое ниво јазикот го совладуваме, а англиски нели се бира можиш и математика да полагаш,а инаку го полагаш како предмет соодветен за сите факултети тој јазик се избира дека е цело образование учен тој јазик, а математика избираат тие ученици што сакаат и знаат повеќе математика од англиски и за факултети каде се барани тие предмети, најмногу на медицина. Тие предмети се одбрани како главните предмети.
Македонски се полага како мајчин јазик (секој својот јазик соодветно), со цел да се заокружи знаењето од сите 13 години учење на предметот. Англиски и математика како предмети со најмногу часови, по македонски. Бидејќи математика не е омилена, даваат можност странски јазик, кој е полесен и се прифаќа за соодветен на сите факултети.
Верувајте приемен ќе е далеку потешко од матура. Ако имате основно знаење од сите 4 години, сигурно ќе положите матура. Да знаеме стресно е сигурно не се ни спремни тестовите, поради хаосот...
Ако има приемен, сигурно нема да има на сите факултети, би имало само таму каде има конкуренција. Една соученичка моја на пример, се запиша на факс каде буквално имаше само 5 студенти запишани. Нема потреба таму да се има приемен, кога нема конкуренција и голем интерес за таму.
Обавезно би требало да има на медицински,архитектура,правен,економски,финки кај што најмногу се запишуваат а на другите не верувам.
На архитектура веќе има приемен. Уште поголем стрес е. Најдобра другарка појше за тоа се нервираше него државната матура. И за припрема часови колку пари им земаа у јуни на факс, а не си ни сигурен дека ќе те примат... Од се прават пари буквално. Матурата не им носеше нив многу поени. Приемен беше одлучен кај нив. Еве од нејзино искуство знам дека и тоа не е баш сјајно. На тие факсови сигурно ќе има приемен годинава ако нема матура. Нема шанси иначе да направат селекција на друг начин...
За приемен кадешто има многу конкуренција е ок, но како ќе го изведат тоа кадешто на одреден факултет на некој смер има многу конкуренција, а на другите воопшто и да нема студенти? Пример за психологија, од секогаш имало преголема конкуренција, но на другите програми воопшто и нема голем интерес. Тогаш тешко факултетот ќе организира полагање на приемен на една насока, а на другите да нема.
Да, но сакав да потенцирам дека со приемен е малку покомплицирано, зошто има факултети на одредени смерови има преголема конкуренција, а на други смерови на истиот факултет нема воопшто конкуренција. Мислам дека многу поедноставно би било доколку се полага матура, се разбира покасно да биде полагањето.
^^ Според мене не очекувајте дека за приемен ќе ви кажат дечки биологија тема 8,9,10. Учебник тој и тој од гимназиско/стручно. Ќе ви кажат се полага биологија и хемија на пример за медицински смерови, математика и физика за електро и слично. Е на тој начин ќе видат колку знаете да одговорите на она што тие сметаат дека е неопходно да го знаете за вашиот смер. Да, матурата можеби не е многу релевантен начин на испитување на вашите знаења, но изговорите искрено ви се очајни дечки Немале книги тие, уау. Јас лично освен по мајчин јазик, по останатите предмети учев од учебници кои се различни од овие во државните училишта цели 4 години, и положив матура без апсолутно никаков проблем. Хемијата е таа, јазиците се тие.Ако научиш, ќе знаеш. Без разлика од каде ќе учиш.Селекција мора да има, ако не со матура, со приемен или некој друг начин. И да, вистинската селекција започнува за време на студиите кога верувајте овие ваши изговори никој нема да се замара да ги слуша. Оној кој се труди и учи ќе положи се, а оној бара изџвакан материјал од точно 34 страници за колоквиум од таа и таа книга и 24 дена за спремање, ќе биде како оние студенти кои вечно цмиздрат како научиле ама професорот им е крив! Не ме сфаќајте погрешно, разбирам да има паника и стрес, разбирам да имате желба за одреден факултет и планови, но верувајте ова е најлесното што треба да го поминете. Се согласувам дека не е фер што не ви кажуваат како ќе биде, но ете таква е ситуацијата. Барем овие имаат причина, јас еве лани чекав до 5 јули резултат од писмен испит кој го полагав на 20 јуни и професорот можеше да ги оцени за максимум 3 дена. Морав да бидам Скопје, зашто усното го ставаат по 2 дена. И одмор ми пропадна зашто порано си планирав и се, но на никој не му е грижа. Едноставно ако вие не се борите за себе, никој нема
Приемен е поверодостоен показател за тоа кој колку знаење има.Матурата е кој колку се снајде да препише, за жал. И јас лично матурата ја гледав како не толку битна и освен интерниот што ми треба и понатака другото ми беше важно само да го положам, а за приемен многу повеќе би се спремала и би се ангажирала максимално. Да не случајно знате дали би имало приемен на ТМФ, знам само дека имаат малку студенти ама сега некако ме исплашивте со приемниве, органска хемија да земам да повтарам ако ништо друго
Јас мислам дека ако нема мн.интерес за одреден факултет, нема потреба од приемен. Еве за тој погоре што пишав, 5 лица само запишани. На кого ќе прават селекција со приемен? 3ца ќе примат, 2ца не? Приемен би имало на факултетите каде има многу конкуренција, и каде не можат да се примат сите.
^^^ Ама стварно не можам да сфатам зошто некои луѓе ја сведуваат матурата на лабаво испитче, не е страшно. (ова го зборам за тие што ВЕЌЕ полагале матура) Дечки, дај сетете се колкав стрес ни било тоа. Знам дека од перспектива на студенти, тоа што сме учеле и сме полагале во средно ни личи боза, ама не сме го перцепирале тоа баш така кога сме биле средношколци. Затоа ве молам имајте осет малце кога пишувате тука спрема тие што тек треба да полагаат, а посебно што се ставени во толку неизвесна ситуација. За приемен испит, факт е дека е пореален показател за знаењето и талентот на учениците и ќе направи селекција пред да се запишете, што значи ќе биде уште потежок отколку матурата. Ама имајте во предвид дека така барем ќе знаете на што сте - ако сте го паднале приемниот испит, веројатно нема да може ни да се справите со другите испити на факултетот, па ќе може да се насочите на друга област.