СДСМ и ВМРО чим излегоа и побараа да се укине, ДУИ и Адеми ќе попуштат. Ама лошо е тоа шо сега Адеми ги вмеша и Уницеф и ОЦД ... Ќе видиме, дај боже да се укине..
Каде се сите што не реплицираа нас матурантите у темава? Уствари ќе ги видиме најдоцна до крајот на неделава
Vo pandemijata e najbitno da spasis ziva glava, da ne zabolis i vo slucaj da zabolis da se izlecis.. Maturata vo smisla na slikanje, slavenje, polaganje se moze da se odlozi koga ke si ziv i zdrav posle pandemijata.. Pa i da nema nisto od toa, tebe da ti e ima e sekako podobar izbor..
Јас сум за откажување на матурата.Ама стварно ич ме ми е јасно како во други земји може да се откаже матурата,да нема полагање а тука кај нас... Или барем да кажат да/не и крај а не ние во неизвесност да бидеме,сепак многу е материјал и треба да седне,да се загрее столчето.
А има ли некакво известување за приемните, како би се полагале и на кој материјали? Со материјали од средно, или има посебни?
Сфаќам дека на многу од вас не им се учи, но не е изговор дека нешто не ви било предадено и ајде не треба барем да се потрудите да сфатите. Кога ние полагавме, темите по еден предмет кои беа за матура не ги имавме воопшто спомнато. И на никој не му беше гајле што си учел тие четири години, моравме сè одново. Не барајте изговори, учете колку што можете да не испаднете вие ни горе ни долу, дополнително знаење никогаш нема да ви наштети. А во нашата држава тешко дека ние учениците и студентите ќе одлучиме како ќе биде.
Сигурно нема да има приемен на сите факултети за жал, бидејќи реално - не е потребно. На ФИНКИ мислам дека би имало, не знам дали на сите смерови, на општа медицина, на економски и правен можеби..
Приемен треба да има на сите факултети и на сите смерови, без разлика на конкуренција. Бидејќи, нема кој не се запиша на факултет, не може сите да бидат академски граѓани. Не може бе некој што бил единичар во средно, на крај факултетска диплома да земе со препишување, со врски и со мито.
Се согласувам, ама реално е дека е „непотребен“ приемен, некаде каде се запишале 5 души само. А дека сите се запишуваат на факултет се запишуваат, и после имало лоши лекари, лоши адвокати...
Се согласувам потполно, не може некаде приемен, некаде не. Како што спомна и @Just.do.it на различни смерови е различна конкуренцијата, не може еј на овој смер ќе им ставиме приемен, на овој не. На сите ќе биде, а на тие со мала конуренција пример за да се запише мора на приемниот да има одреден минимум на поени. И на архитектура каде што има приемен, мора да имаш 15 поени минимум за да си рангиран.
Јаооо. Неќеле матура ај. Сега и приемен да немало сегде. Некој глава да мачи, друг да си се запише туку така. Абе ајде.
Јас мислам вака. Студентите кои студираат моментално и кои се запишале со матура да не им се признае уписот со матура пошто е 100% не реална државната матура поради Х фактори и после завршување на студиите пред да се полага дипломската да има дополнително тестирање за да можи да брани дипломска. Доколку не го положи дополнителното тестирање, студентот да нема право да брани дипломска истата година туку наредната со УСЛОВ положување на претходното тестирање. Ова да важи за сите години кои се запишале со државна матура и студираат моментално а од есен запишување со приемен испит на сите факултети. Така ќе биде најреално, бидеќи некој матура положил на начин само кој тој го знае кој е нереален а утре ќе стане Академски граѓанин.
На мојот смер примаат 40 (20 државна и 20 приватна) Кога се запишав јас, се запишавме вкупно 27, па некои се отпишаа. Претходни години имало помала конкуренција. Ама еве да се запишат да речеме 18. Треба сите да ги примат? И некој што не знае што е клетка, или смета дека инсектите не се животни или дека вирус и бактерија е едно исто итн... Или на хемија некој што не знае две киселини да наброи и напише формула? Дај бе. Нека има приемен и на ваквите со минимум број на поени за прием.