Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Абе не се криви децата, државата е крива што примаат секој-некој. Во времето од мајка ми, на факултет оделе само одличните ученици, сите полагале матура, освен одличните, бидејќи се спремале за приемен, и не било башибозук како сега. Затоа кадарот од Југославија е поквалитетен од денешниот.
     
    На sj *O*, nevermet18, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А за вас цуци како? Ни матура, ни приемен и лабаво директно на факс а?
     
    На Harper, swizzlec, Lady D ❤️ и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    А тоа дополнително тестирање ќе биде на материјал од средно? :rofl:
    Со години наназад се запишуваа со матура и нема потреба да не им се признава уписот. А што со тие што веќе дипломирале, нема да им се признае дипломата?
    А што правиме со факултетите кои немаат одбрана на дипломска?
     
    На nevermet18, Glowy, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    За нас кажав, да има приемен од есен. Ако положиш арно ако не да има право само уште еднаш т.е наредната година. А за вас дополнително тестирање пред дипломската со право на полагање 2 пати исто како и кај приемнот. Бидеќи не можи секој да биди Академски граѓанин и утре да бара работа во државна администрација во фотеља, мора да има и работници.
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку работат во државна администрација со диплома од средно, едвај двојки што им ставиле и со партиски книшки и фрлени пари.
     
    На Glowy, Just.do.it, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Академски граѓанин се пишува со мала буква сред реченица. Let's begin there first.
     
    На Waverly Raven, Bezimenka90, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    И да додадам, еден многу реален, трагичен пример : Соученичка која во 4та год. средно медицинско, мислеше дека жените имаат 1 јајник, се запиша на општа медицина во Штип, докторка ќе биде. Епа кога примаат секој неписмен, и ај што примаат, туку и му дозволуваат да дипломира, ќе ни пропаѓа државава,и ќе не лечат лекарки со 1 јајник.
     
    На Iva9612, sj *O*, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    За се има решение, само не треба изговори. Законите се изменуваат и дополнуваат. Тие што веќе дипломирале готово заминал возот, не се враќа. Затоа треба да не ви се признае матуратаз бидеќи е не реална и некој положил на кизнај каков начин само кој го знае тој а се запишал на факс и утре пуфки ќе ти продава, нее реална матурата. Затоа да има дополнително полагање пред дипломска.

    ЗА академски граѓанин 1000 фурни леб да изедеш.
     
  9. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Пред ситуацијата со вирусот беше предвидена матура. Не е фер некој да дознае од сега дека одеднаш се сменил концептот и сегде да има приемен, а немало со години(исклучоци што има на некои факултети како на архитектура). Треба да има некаде каде што има голема конкуренција, ама да се гледаат и оценките од средно. Не може единичар да се запише на факултет, ама познавам многу деца во средно што имале слаби оценки, а на факултет имаат јак просек. Не може ние да ја оправаме државава сега, многу високи очекувања имаме за држава кајшто просечна оценка е 2/3ка. Толку мерки во однос на образование се некоректни и сега испадна најголем проблем во овие услови е матурата и повеќе мислења се изначитав од студенти и тие што полагале отколку тие што сега се матуранти и се директно засегнати.
     
    На sj *O*, queen19 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Колешка на либе на предавање го прашала професорот дали мозокот е сместен во черепната празнина.:drunk:
    ...
    не бе у торакална.(facepalm)
     
    На cresa-jagoda, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  11. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Неа да и речиш глава ме боли, изглеа со стетоскоп ќе те слушне ;(;(;(
     
    На cresa-jagoda, Tan4ence и Glowy им се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    АвтоматЦко? (facepalm)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.911
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    Идејава е боли глава, тој што стигнал до дипломска уште едно полагање не му менува ништо. Ќе го положи, како што ги положил и преостанатите испити до дипломската.
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Немај гајле, тој што положил 40-60 ипити поминал повеќе од приемен..
     
    На Harper, cresa-jagoda, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    И јас ако сум стасала до дипломирање, значи сум учела ептен како што треба, немало да дојдам до таму туку така. На матура ако сакаш отепај се од препишување, и запиши се, ама ако не учиш како што треба,нема ни до втор семестар да стигнеш. Така да, јас чим сум дошла до дипломирање (без врски нормално), самото тоа е доволен доказ дека јас сум се трудела и учела.
     
    На cresa-jagoda, idktbh, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Премногу се замараат со нас кога воопшто не се засегнати незнам зошто и тие си ставаат стресови, кутритете. Тоа е исто ко сега да делиме бардиња во темата "мајчинство и бебиња" или "свекрви и снаи".
    Наша работа е дали ќе бараме да има државна матура или не. И плус нив никој не ги прашува за одлука па да делат правди.. Си има кој да кажи а кој да бара. На судница расправаат тужителот и тужениот во случај ние и МОН. И покрај тоа професори, политички партии, останати образовани луѓе и развиени држави го подржаа барањето, само нашите закоравени македонци во срцата од пуста љубомора се против..

    "у" за прикажување нешто не се користи, незнам во кој јазик е тоа. Се користи "во".

    @Glowy нее критикување него исправање. Секое место си има свое говорен израз, но кога водиме инает ќе водиме, нее проблем.
     
    Последна измена: 14 април 2020
    На sj *O*, queen19 и idktbh им се допаѓа ова.
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.911
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    Кога критикуваш за правописно пишување и други јазични правила, гледај самиот да не правиш грешки. ;)
     
    На nevermet18, cresa-jagoda, Stache и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    @Glowy нее критикување него исправање како шо бев и јас исправен. Секое место си има свој говорен израз, но кога водиме инает ќе водиме, нее проблем. :);)
     
    На queen19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Не ја сфаќам логиката, за што да сум љубоморна? 99,5 поени имав на матура, без проблем влегов во државна квота, сите колоквиуми и испити ги имам исчистено до сега, задоволна сум од тоа што сум го постигнала, за што да сум љубоморна?
     
    На swizzlec, nevermet18, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Го поминав тоа немам потреба да сфаќам, дадов совет секако ако ви е битно да научите нешто а не да поминете така. И колоквиуми немаше, па ете ќе има :D
    На пример на кои? :D
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.