Ја ли го кажувам тоа? Не туку министерот имаш нешто против него оди жали се Како мајка ми не полагала матура? Да не живееме во различни светови?
Кога те исправаат, треба да прифатиш, а не одма да истрчаш и ти да исправиш некој и покрај тоа што во истиот текст со кој вршиш исправка имаш грешки.
Многу се расправате за глупости. На вас што сте успеле да положите матура и успешно сте се запишале навистина секоја ви чест,а ете прв пат се случува да НЕ се полага матура и баш тоа нас не снајде и така ќе си поминеме , матурата не е доказ дека некој ученик знае или не. Може тој што добил 3ка знае повеќе од некој што добил 5ка а по тој предмет цела година 2ка има. Приемниот е сосема во ред ако го стават така ќе се “исчистат” сите не способни што со сила се форсираат а немаат појма од ништо.
Аман бе дадички, сестри, тетки што год да сте се мешате ли кога комшијата се кара дома? Не епа не се мешајте ова е меѓу МОН и учениците од 4та год и професорите. Сите професори дадоа поддршка и дури ја ви гарантирам дека нема матура вие упорно не убедувате дека треба да полагаме матура. Стварно не знам се карате со нас одете карајте се со МОН со Франција со Холандија, ама касно е. Матура 2020 нема
Тетка ми не полагала матура, приемен имала, можеби мајка ти е друга генерација. Тетка ми е 73та, мајка ми 76та, мама полагала, нема завршено факултет.
Подоцна и на приемниот ќе му се најде маана, па и тој ќе испадне нереален за нечие знаење. Ако на некој му се учи и стварно сака да успее, матурата или приемниот ќе му бидат најмал проблем. На факултет не се оди ради реда туку со желба. Многу работи нема да бидат фер ама тоа мора да се прифати. Помалку жалење, повеќе учење.
Не те убедувам во ништо, немој да си фатила книга. Со среќа нека ти е, не прифаќаш совети, ќе бараш и денови за учење и матура доколку ти воведат приемен, толку од мене се одјавувам.
@Kimberly11 апсолутно со приемен ќе се направи реалната чистка, далеку потешко ќе биде од матурата. Затоа треба официјално да излезат со одлуката, треба да знаете на што сте.
Наједноставно би било полагање на матура. Тоа што матурата не е реален показател за знаењето е друга приказна. Само со приемен би се искомплицирала работата.
Фала што ми мислиш така инаку ќе правиме муабет у темава у август дали на мојот факултет ќе има приемен а ја реално од приемен не се плашам секако ќе кзвадам поени на тоа што го знам и нема да полагам македонски на лектири чии впрочем ликови не ги паметам. Остани ми поздравена до август
А чекај, мислите дека ВМРО и СДСМ се против матура бидејќи мислат дека е тоа најдобро? Не сакам да мешам политика, ама размислете малку. Доаѓаат избори, 90% матуранти се гласачко тело. Зар немаше да ги гласате ВМРО како некој што бил против матура? Сега и СДСМ се префрлија на тој став за да не изгубат гласови. Ако им беше до вас/нас, уште одамна ќе беше подобрено образованиево, ама до гласови им е.
На кој факултет планираш да се запишуваш ако не е тајна , можеби ќе знам дали имало конкуренција претходнава година, за да знаеш од прилика дали ќе имаш приемен.
Нивно право ја ни сум политички определена ни ништо ако некој мисли дека треба да ги гласа добро секоја единка одговара за своите постапки ја за себе и тоа е тоа Да додадам некој и без матура и со матура ќе ги гласа поради политичка определеност на родители
Истото го пишав пред не знам колку страни. Овие што се на власт мораат да ја укинат затоа што Вмро се за тоа во спротива многу ќе изгубат.
Што уште се замарате со матурантите? МАТУРА НЕМА ДА ИМА, за брзо ќе стане официјално. Ако имате нешто против трк у МОН па објаснете дека ние сме неписмени вие писмени и готово. Сте полагале тоа е ние нема да полагаме наша среќа штом професорите не поддржуваат вие сте НИКОЈ И НИШТО со вашите искуства за матура
Или ќе се одложи матурата или ќе се укине и ќе се полага приемен. Некаква селекција мора да има, мора да има рангирање. Ве поддржуваме во тоа дека треба да ја знаете одлуката што поскоро. Само ви кажавме, како некои што веќе ја поминале матурата дека не е релевантна, но е полесна опција од приемен, кој пак е потежок и пореален. Исто така за жал подебелиот крај секогаш учениците го извлекуваат, сепак со МОН и со БРО имаме работа во образовново лудило.
Да бидам искрена, како матурантка, кога тука читам какви матуранти има, не само матура и приемен нека има, нека има и плус уште нешто. Зошто толку дрско и безобразно се однесувате? Сепак колку и да е наша темата, како матуранти, немаме последен збор за тоа што ќе се одлучи во државата. Па затоа дај релаксирајте се, не сакам да звучам како да делам памет ама стварно нема смисла вака да си дофрламе меѓусебно.
Се знае што ќе се случи, ќе се укине. Значи се сведуваш на 0 ниво со глупости? За еден спејс? За едно празно место?Јас кога пишувам со пенкало пишувам како шо треба, а овде за спејс и бла бла неможиш да црпиш нешто и на тоа да се сведиш и некој да го навредуваш "НЕПИСМЕН". Молим те, иден академски ѓраѓанин. Океј, ќе пријавам за лична навреда поради омаложување.
Иден академски граѓанин, ти ги навредуваш тука сите и изјавуваш глупости и кога те прашуваат уште дрско се однесуваш. Очигледно е дека така пишуваш со пенкало. Секој има право да го каже своето мислење. Но ти прв ги навреди тука сите и тврдиш дека студентите ти се љубоморни.
Многу ме интересира за која тема збориш. Најмногу што може да ми текне во моментов е веројатност, што е поминато од трета. Прогресиите ти се поминати на почетокот годинава, сè останато е прва и втора. И нешто ми вели дека ако си била стварно на државен математика нема да се жалиш за матурата што е мачкина кашлица во споредба со тоа. Ќе ве поддржував да се залагавте за нешто суштинско, ама и јас сум ученик и знам какви ,,протести" се овие. Очигледно не сте ги ни отвориле тестовите да видите какви се, колку се тешки и кои теми ги опфаќаат. Часови биле изгубени ова тромесечие, my ass. Знаеме сите колку се учи последното тромесечие од четврта и колку стварно имаат удел тие два месеци во целокупното знаење на еден ученик. Едноставно провидна ви е целава кампања и разочарувачки е што потекнува од мојата генерација.