Се согласувам, може и подоцна да ја одржите,не мора на 20ти мај да биде, битно ќе се проживее настанот, порано или подоцна.
Не се знае шо ќе биди. Преѓе му го слушав интервјуто во Детектор и рече дека веќе се разледува оваа опција. И јас мислам дека е не логично бидеќи целиот образовен систем ќе биди хаос. Ако произлези линк од интервјуто ќе едитирам.
Зашо на пример би сакале за се откаже државната матура? Имате некој добри причини или едноставно не ви се учи?
Мислиш на ова? Прашањето е за потенцијално решение за матурантите а Венко едино кажува дека има секакви опции и дека МОН го има последнито збор така да од нив треба да чекаме одговор. Никаде не најдов некој да збори за опција за повторување на година - што според мене е лудило и тоа не ги тангира само матурантите туку цел образовен систем од првоодделенец до апсолвент како и оние кои наредна учебна година допрва ќе се упишуваат. Дава грешка видеото... еве линк.
За тоа е темата мила. Свесна сум дека имаме жртва од коронавирусот. Сепак да не сме офф-топик, поставив прашање мислам може убаво да си одговориш кои се твоите аргументи за да се забрани државната матура
На Сител телевизија во интервјуто после вестите имаше прашање дали е можно поништување на учебната година и тој одговори дека одговорните ќе одлучат за тоа, но моментално не е исклучена ни една можност.
Да на ова мислев. Во таа емисијата рече дека се разгледува и оваа опција т.е повторување на годината за сите ученици, ние матурантите пак во 4та ќе треба изгледа ако се донесе таа одлука.
Некаде прочитав дека ако се навршени 100 училишни денови, годината не може да се поништи,по закон. Ќе одработите по скрaтена програма најверојатно.
И ние што не полагавме матура завршивме средно и сведителството е валидно. Апсолутно не реално. Оценките се добиваат по методологија на оценување и опфаќаат редовност, активност, знаење - усно, писмено. Верувај дека има училишта кои сериозно ја сфатија онлине наставата и обврските се исти ако не и поголеми. Ја поздравувам оваа активност, не од причина колку ќе научат учениците, туку едноставно ангажманот им ја одвлекува мислата за шетање. Идеално решение. Тоа е преголем трошок за родителите и тврдам дека нема шанси да помине.
Апсолутно реално кога е надвор од идеалните услови напишани погоре. Не секој е оценет правилно, усно или писмено и според активноста. А редовноста не треба да има никаква врска со оценката и ова доаѓа од редовен ученик. Не вклучувајќи случаеви каде учениците се појавуваат од Митровден на Ѓурѓовден и се пред исклучување. Пишав во пост по тој од кој што е изваден цитатот дообјаснување. И ако не се лажам, вие сте родител на дете кое посетува приватно училиште а таму работите би требало поразлично да се подередени во позитивна смисла.
@Snow-Star ако не успеале да ги оценат за 4 години, зошто еден испит да биде по валиден. Од гледна точка на тоа дека тестот е ист за сите и прегледан од “некој“ кој не го знае одговорот на прашањето - “знаш кој сум јас?“, истиот е меродавен за оценување на знаењето. Од друга страна, ете баш тој ден може да не му е денот на ученикот, да го совлада трема, страв... што колку и да не е за оправдување, е реалност. Го подржувам приемниот испит иако и во тој случај денот за полагање е тој еден ден, но самата психа на ученикот е по различна. Во првиот случај полага за оправда нешто и да затвори едно поглавје, а во другиот да постигне некоја амбиција и да отвори ново поглавје. Приватното образование нуди насочено образование, конкретно и целно, а најголемата придобивка е тоа што е овозможена непречена комуникација на релација ученик - професор, слобода на изразување, взаемно вреднување, што за жал следејќи го примерот од секојдневието на мојот внук, не е ништо изменето во државното образование од времето кога јас бев ученик.
Трошок и на цела држава е да се повторува школска година, а сите сме свесни дека земјава (особено сега), нема финансии за фрлање, а и нема логика, поради 2 месеца, да се повторува на ново. Да одевте 2 месеци од 9 ајде, ама одевте 6 и пол, така да, нема смисла и основ за да се случи тоа.
Се согласувам со се' што е напишано. Од сопствено искуство, знам кој стрес е да полагаш и матура и приемен. И да, реално ниту едно не ги покажува реалните квалитети и способности на ученикот/кандидатот. Прво заради напишаното, самиот механизам има пропуст, второ ниту еден тест не е 100%. Приватното образование е многу подобро од гледна точка на поставеност и организација, ама не секој може да си го дозволи, дури и за сопственото дете. Во државното образование ништо не е сменето, поточни зборови никогаш не биле кажани. Принципот е тој, надреденоста е таа а и закоравеноста доаѓа со тоа, и неприспособливоста на целиот систем. Како цемент е. Години и години. И тие неколку професори што пробаваат да сменат нешто на подобро се губат во гротото, немаат поддршка и после некое време и тие се претопуваат во толпата. Одамна треба да се спроведат големи реформи на ова поле, ама ништо нема. Можеби кризава ќе направи надлежните даси ги отворат очите и да превземат нешто конечно. А каква што е состојбата сега во државното средно образование, ќе повторам уште еднаш, матура треба и мора да има. Ниту таа како изпит не е кредибилна, ниту пак сите оценки од сите 4 години се скроз реални. Ама заедно даваат основа за некаква селекција која е потребна за понатаму. Како е- така е, секој треба да се приспособи и избори за најдоброто пред него. Додека нешто не се промени.