Епа зошто учиш средно воопшто ако примаат секакви? Не учи,работи и те боли таквото за друго. Или ти треба знаење за нешто повеќе?
Те зема да искривувам криви Дрини. За вториот дел немам зборови... Мислењето ти е за во сосем друга тема. Што има додирна точка тоа со матурата? И не. Не ми е гајле. Ви го коментирам понашањето и пристапот. Искрено очекував многу повеќе од луѓе кои се спремаат да станат академски граѓани.
Да баш јас за мене си учам,а вие што сте полагале матура сте полагале исто за вас а се буните за нас.. Што фајде од тоа?!?!
Ти кај такви лекари идеш? Јас не. Биографии читам и стекнати звања пред да идам за нешто посериозно. Вакви плачки сме имале во генерација затоа можам да препознаам. Мора да се сменети многу ствари во школите штом матурата станала бескорисна. Еве кај мене дечко што сите кецови магично му се поправаа во 5ки,ја положи матурата со 2ки и 3ки,цела фамилија стоматолози му фатија врски и се запиша на стоматологија. Да, врски. И идеше дечкото до втора година и си се откажа пошо јбг, мораш нешто и да научиш. И додека ние го гледавме сето тоа провлекување со години требаше да плачеме или да се откажеме? Не, нормално. Гледајте си за себе. Ако толку ве бива, а ви сметаат врските и од нив не доаѓате до израз што не аплицирате во ЕУ за стипендии? Докажете се таму ете нема врски. Или криво ви е дека вие немате врски?
Епа ако учиш за себе тогаш и матура ќе полагаш. Многу е лесно вака напразно да се каже,ако нема матура многу полесно ќе бидеме писмени.Срамота е да не се знае кој е Ристо Крле или да не се прочита Печалбари.
Многу се препишува. Кога полагав пред 3 години буквално тестаторите влегуваа, гледаа дека се препишува и ништо не реагираа. Зедоа неколку мобилни па им ги вратија на крај и ни казни ни ништо. Затоа сум против, да е како што било кога си полагала ти во ред е, нека има. Ама далеку сме од тоа за жал.
А што ме напаѓаш жити се. Буквално моето мислење е исто како твоето само во скратена форма. Баш и јас тоа го викам за врски. Затоа и народ умира по болниците оти сите имаат со врски завршено.
Ако дечкото што со родители стоматолози не успеал да заврши зашто мислиш дека ја без никој стоматолог у фамилија можам да завршам и утре да те лечам. Прво викаш се плашиш од тие таквте ќе те лечеле а сега викаш дека таквите не ни завршуваат. Ја и со и без матура ако сакам ќе учам и ќе завршам Со и без матура со и без приемен некој ако ич не сака да учи и го мрзи нема ни да заврши без разлика дали ќе се запише или не
Треба да ви се падне една професорка како јас што имав на факултет,едно полагање прво и последно препишување ќе ви биде таму. Нема да ви текне да препишете некогаш. Јас немам препишувано,ама другарка имаше кај нејзе и колку и да научеше другаркава таа ја буташе. Дури на крај и остана како последен испит и тогаш ја пушти и тоа со оценка од 6ка. За поголема и викаше дека не заслужува. Е вакви професори треба да се цени учењето.
А дали ти мислиш дека со полагање на матура стануваш писмен ако решиш за 5 или 4, што при тоа професорот ти го има кажано(решено) цел тест, за жал сме сведок на многу неквалитетно образование. Јас сум за полагање на приемен испит на факултетот каде што си се одлучил да студираш.
Немав таква намера За првиот дел така те сфатив, а за вториот се надоврзав. @queen19 Поентата со дечкото беше да ве охрабрам дека и со врски не се дипломира ако не се потрудиш малку. Знам на што сте бесни и што ве иритира, сите сме го поминале тој пат ама не можеме против системот. Научете да се борите сами бе девојчиња, тој е животот, тие карти ви се поделени. Ако сметаш дека нема поента да студираш заштеди им некој денар на твоите и не се запишувај. Ако сметаш дека можеш да допринесеш со твоето знаење барај стипендии или бори се тука против оваа неправда. Крај краева ене ги Америка и Германија и работи. Како може за една матура вака да реагирате? Па ако ова ви е сопка, не сте ни свесни што ве чека натака.
Е ова дава надеж дека останал некој нормален факултет во државата. Кој ако не е тајна? Знам дека е стресно и претешко и не се оценките реалната слика на знаењето ама пак ваше си е тоа знаење. Никогаш не знаеш што ќе ти затреба во животот.
А ти дали си свесна дека со приемен испит не го вклучува материјалот од средно туку материјалот кој ќе го учите на факултетот допрва? Јас кога полагав матура пола прашања ги немаше од предвидениот план за полагање што го имаа предвидено. Ако мислиш така теши се.
Не ти ми кажа дека кај мене нема да се лечиш бидејќи ќе немам матура и твојата иднина зависела од мојата стручност. Јас ако не сакам да учам не можам да завршам факултет и да ако не сакав немаше да сакам да се запишам. Прво кажуваш дека се плашиш од тоа што ќе сум без матура сеа ми даваш предлози за студирање во странство... не се докажуваме не сте во наша кожа кој има огромна желба да не сузбие Arber Ademi е на фб министерот, ако толку ви е мерак да полагаме за да не останеме неписмени нели ако немаш матура неписмен глуп си одете него кажете му тој тука вашата пожртвованост нема да ја прочита 100% ХАХАХАХАХХАЈА смешки сакаш ли приемен од ПМФ да ти пратам? Исти задачи до збор од книги од прва до четврта година значи исти од збор до бројка
Значи од една стрна викате на матура слаби ученици добивале високи оцени и не била мерило за знаењето, од друга кукате за неколку темички што не сте ги доучиле и немате книги и не знам што. Ете вие учените, одличните не би имале гајле нели? Или ви фуфка? Цел месец помина. Досега ќе најдевте и материјали и сe'. Ќе помогнев со задоволство да побаравте помош. И сигурна сум и многу други ученици и студенти. Сериозно - стапивте во контакт со професорите да ви понудат решенија? Да проверат тие за извори на учење? Или спиете само на тоа уво дека ќе нема. Ај нека нема. Ама да не сте се жалеле тука за приемниот после. На факултет, барем кај мене прва година многу работи се повторуваа од средно. A и чим си се запишал и она што не го знаеш ќе го научиш. Ама не очекувајте дека некој со инка ќе ви тура во глава и ќе имате секогаш готови материјали за учење.
ја 01 ти 89 многу ама премногу работи се смениле за твоја жал или за моја среќа Искуство дека у твое време не се препишувало? Супер