Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Матура број еден,диплома од факс број два.
    Докторат,магистер по избор. Знаење се стекнува цел живот. Смеј се колку сакаш,еден ден ќе си викаш дека е бојле матура да се полага.
     
    На candy.cane, ElenaOfRivendell и Iva9612 им се допаѓа ова.
  2. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    па што тешко ти е сега матура ? ако ти барале толку професорите сите 4 години веројатно имаш знаење и не ти е проблем да полагаш матура, не ти треба многу време да повториш
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Каде бре девојко ти кажав дека ако не полагаш матура не се лечам кај тебе? :^)
     
    На candy.cane, ElenaOfRivendell и buba4e89 им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Кога јас полагав матура биологија и кога почнав да го спремам, сфатив дека од една од книгите фалат цели две теми кои токму беа потребни за матура. Веднаш контактирав девојче кое ја имаше истата книга и ја замолив во следните денови да ми ги слика двете теми. Сликите ги добив истата вечер. Фала и' и ден денес.
    И вие можете истото. Или сега а кај ќе бркам ученици бла бла. Ама океј, ни со прст да не се мрдне.
     
    На candy.cane, Pixi5, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Ве разбирам дека сакате да се укине матурата. Но ако се укине матура ќе мора приемен. Не може ништо да не полагате. Иако мислам дека тешко ќе се организира приемен, така што поголеми се шансите да полагате матура.
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Еве ја ти гаранитирам дека матура нема. Приемен ќе се полага кај што има конкуренција не секаде. Ти сфати ме како сакаш оваа година така ќе биде. И кој се побуни против приемен?
     
    На idktbh и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Верувам дека за приемен, би требало повеќе учење одколку за матура, а и самото полагање би било построго. И баш заради тоа повеќе се согласувам за да се воведат приемните, бидејќи нема да се запише на факултет секој некој. До душа и да нема ни приемен, дури и сите да ги примат ( не е можно ова, хипотетички зборувам ), тие што не учат, пола ќе се откажат самите, пола ќе паднат како круши.
    Ама тој што се труди и учи, се ќе положи и ќе го постигне тоа што го сака.
     
    На CharmedGirl, Harper, Glowy и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А за приемен од каде ќе учите?
    Па и машала бе, на некои факсови да немало приемен сакале.
    Без разлика на конкуренција, ако има приемен дека има сегде.
     
    На candy.cane, ElenaOfRivendell и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Јас од се тоа што полагав за матура 90% не ми е битно на факс.
    Англиски полагав за матура да, тестови и задачи и правила ко за прием во НАСА. :D На факс имавме англиски со 10тина часа, боза и толку општо беше, испитот како за основно. Најлесен предмет од семестаров. :D Никој не го ни учеше, така отидовме сите на полагање. Сосема обичен предмет.
    Македонски воопшто нема на мојот факс како предмет. Нити па некој ќе ме праша за сите тие дела што ми ги бараа (ги имав читано сите и уште ги памтам, но освен да им помогнам со податоците што ги знам од тоа во иднина деца коа ќе имам што ќе се средно, веќе никаде нема да ми го побараат тоа искрено).
    Фармакогнозија имав интерен, може ќе ми беше битен ако отидев на фармација, вака не ми треба како предмет, никад веќе нема да го учам.
    Биологија ко предмет го немам, најблиску до тоа е "морфологија и физиологија на клетка" и ете колку толку има дел од материјалот ама учиме се од почеток и сосема нов материјал и буквално на колоквиуми си имаш се од книгите од факс така што тоа што полагав матура не ми заврши некоја работа у животот.

    Јас само сум реална и искрена. Или бар кај мене беше така.
    Имаме исто од економско средно во генерација деца и тие супер си се снајдоа без разлика што не учеле биологија.
    На факс се се учи од почеток и се што се полага имаш во книгите. Никој не те ни прашува што знаеш од средно.
    Така да матура освен за бодување при упис, после за ништо не ти служи.
    Најреално.
     
    На candy.cane, MrenaRiba, BlackMistery и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    А со факултетите кадешто на еден смер има премногу конкуренција, на други воопшто нема, како ќе биде?!
    Ако има приемен би требало секаде да има.
     
    На candy.cane, Glowy и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Кога јас бев дел од протестите против матура, вие сте имале 6 години (страшно звучи у пм :D).

    Ако сум протестирала значи сум сметала дека не е мерило за знаење, ми било страв да не паднам или едноставно сум била незрела како вие сега. Искрено, не знам. Ама моментот кога 'изгубивме' од МОН, се помирив и кога дојде време да полагам си седнав на г'з, си се спремав и не ми текнува да сум се замарала со препишувачите :^)

    Ама знам дека не ми требала корона за да се побунам за нешто што сметам дека не е во ред. Ако вие сметате дека не треба да полагате матура кај сте? Или до толку сте мрзи или без мислење што ја злоупотребувате оваа ситуација да извлечете нешто? Каде ви е студентската организација да искочи на тв, да даде аргументирана изјава зошто треба или не треба да има матура? Зошто не излезете да кажете мислење кои се пропустите и да понудите некое решение?

    Ви се молам. Значи ве молам!
     
    На candy.cane, Mishela, Glowy и 7 други им се допаѓа ова.
  12. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа немаш друга работа па му мериш на некој колку време седи на форум и му ја мериш писменоста и го судиш дали е писмен или неписмен
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Така си ги избрала предметите. Јас се што полагав учев и на факултет освен македонски.
    Значи се согласуваме уствари околу матурата ама пак мислам дека е полесно отколку приемен.
     
    На candy.cane, Glowy, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не би можело да има приемен секаде, не е изводливо едноставно, ниту потребно. Напишав пред некое време баш пример, пак ќе го пишам, соученичка моја се запиша на еден факултет, и во смерот каде се запиша биле само 5 студенти. Јас навивам за приемен, ама смешно е на 5-торица да прават приемен, а и реално, нема и да сакаат, оти плата земаат од студентите, едвај 5 им се запишале, не би сакале да иаат 2-3ца студенти сигурно..
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Тоа да, затоа големи се шансите да се полага матура.
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ќе полагаат затоа што со приемен ќе изгубат квота. А и не е лесно.
     
    На Glowy, Just.do.it и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Па да приемен би бил побитен, баш хемија и биологија ако беа на медицински еве, хемија имам, ќе ми беше побитна него ли интерниот што мораше да ми е стручен предмет, а фармација учев и морав да си одберам фармацевтски предмет.
    Но, имам колеги и физика што полагале и математика, а ние и тоа не учиме.
    Имаме биофизика ама без задачи, нешто сосема просто исто ко англиски.
    Кај нас такви предмети на медицински ете не ги ни бараат.
    Подобро анатомија да имав избор за матура да полагам, може ќе беше подобро да се потсетам на ученото отколку македонски...
    Ама не е битно, помина мојот упис и матура.
    Сакам да кажам дека и да нема матура нема ништо да пропуштат битно во иднина.
    Само мора да има некоја селекција при упис ако ја нема неа.

    Татко ми кога бил матурант, одамна тоа во 80тите :D, матура и приемен полагале само ученици што не биле одлични, а сите со над 4.50 просек се запишувале одма на факс. Тогаш и немало толку ко сега заинтерсирани за студирање ама ете тогаш и вистина биле пореални оценките.
    После за мајка ми приемен вовеле, а она 5.00 била плус 4години. А, само 3 школски генерации се разлика.
    Секогаш имало вака промени.
    Бар моите ми кажувале колку строго учеле, 3ка да добиеш ко 5ка сега била.
    Пример и тоа ми се допаѓа ете, но да навистина сите со над 4.50 просек имале реални оцени.
     
    На MrenaRiba, BlackMistery, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Матура не верувам дека ќе има оваа година. Приемен најверојатно да, на факултетите со голема конкуренција.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е проблемот. Тие што се бунат сè ќе направат само за да избегнат обврска. Дури прочитав нешто во стил ,,кој ви е крив што ние сме имале повеќе среќа". Гледаме преку ред да поминеме само. Тука ни лежи проблемот во цело образование. Гледаме само да се помине нешто, и испрашување, и тест, и матура, за ништо не сакаме газ да мрднеме.

    Ниеден од сериозните ученици што ги знам не се жали за матура, најгласни се овие што се немаат потрудено за ништо во животот и гледаат да ја злоупотребат секоја ситуација за да избегнат обврска. А притоа петицииве им се базирани на празна слама, мислам јасно е и од ,,аргументиве" на темава.

    Само импресивна е количината булшит што можат да ја измислат за да се извлечат. Преокупирани биле со презентации за време на карантин, не знам чии очи мачкаат.
     
    На Waverly Raven, candy.cane, dayla и 15 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Пред 13 години имаше приемен на медицински. Братучедка ми се спремаше 4 и пол месеци и не со книги од средно туку со книги од постарите генерации и многу,многу учење. Едвај се проаѓаше. Еден испит беше. Она влезе меѓу првите беше спретна. Ми раскажуваше дека е тешко приемен и дека кој не положи од прва наредно полагање е задно. Више нема и ќе треба да чека цела година. Тежок е медицински,си бара знаење и страст.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.