Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Они мислат дека со приемен го решиле проблемот,а уствари...
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Iva9612 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Искрено и приемен е тешко да се организира, самиве факултети ќе се хаос со полагања, сесии и триста чуда. За моменталниве студенти едвај ќе се организираат, уште не знаат што и како со нив, не па со приемен ќе се замарале.
    А и доколку се организира ќе биде лошо и се знае кој ќе го извлече подебелиот крај, како и секогаш.
    Инаку ако го има ќе го има на сите факултети, МОН не знае за исклучоци, тоа им е ви крвта.
     
    На Lella, ElenaOfRivendell и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    32.585
    Пол:
    Женски
    Најинтересно е тоа што на темава коментираат членки кои завршиле факултет пред 7-8 години и тие сега кажуваат како е да се полага приемен, како е тешко на факс бидејќи одма со квантна физика се почнува таму, а не основни работи. Еве јас и @Dream-Girl реално кажуваме каква е ситуацијата сега. Дека и на факс се учи од почеток, математика почнавме со лимеси, па изводи, па интеграли итн. Ако во средно го учев тоа две години, имаше колеги од економско средно и тие не знаеа. За јазиците е иста ситуацијата, мои колешки што имаа македонски учеа акцентирање, глаголи и др основни работи.
    И да можеби на медицина и др. слични факултети ќе е тежок приемниот ама барем така сите што навистина знаат ќе влезат без да изгубат место во државна квота од таа матура, тоа и се случи на моја другарка од средно. Толку се спремаше за на крај да добие 4 англиски и да и пропадне цел труд. Со приемен би била различна работата. Како што сфатив никој овде од матурантиве не е против приемен, што е подобро бидејќи се свесни каква е ситуацијава и се спремни да научат повеќе.
     
    На tina2018, sj *O*, Star_dust и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Тестовите порано биле многу полесни.
    Јас ги имав од сите години ископирано и од 2016-7 натака беа ужасно потешки. (facepalm)Претходно биле навистина многу полесни и баш материјалот од книгите беше дури кога почнав да ги гледам тие од 2011та си викам леле ама е лесно ова ама после тоа аха не... По некоја логика откако се сменила власта и нив ги смениле, нели нови вработиле за тоа. :rofl: Колку се спремав за таа матура, сеа смешно ми е. :rofl:
    Нормално е да има промени со текот на годините, нема да е во ред ако цело време е исто. :D
    Може и треба да се проба без матура. Златни деца што учат една матура ги зезна и не се запишаа кај што сакаат.
    Нека се проба со приемен сега. Доста беше само матура.
    Па ако не бива и така, нека смислат и нешто друго. :D
     
    На Moon.Girl, BlackMistery, idktbh и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    студент сум не завршив пред 7 години
     
    На ElenaOfRivendell, buba4e89 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    32.585
    Пол:
    Женски
    Не мислев на тебе, извини ако те навредив или слично. Само сакам да кажам дека не е важно како било, треба да се гледа како е сега. И без коронава јас сум за да се укине матура или пак нека има ама да не се прават тестаторите слепи и глуви кога некој препишува.
     
    На sj *O*, Glowy и Iva9612 им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Три страници со навреди се избришани. И не е прв пат. За следните навреди ќе следуваат банови. Не мора да се сведува дискусијата на толку лично ниво и веднаш да се почнува со навреди, малку повеќе почитување од сите страни нема да биде на одмет.
    Благодарам.
     
    На sj *O*, CharmedGirl, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Се согласувам скроз со мислењево, само да поправам за екстерното: јас бев дел од генерациите што имаа екстерно и поголема глупост од тој проект, немало во нашиов образовен систем. И воошто не беше мерило за нашето знаење - само направи притисок и врз учениците и врз наставниците. Па имав наставничка што не ослободуваше од часови за да седиме дома и да се спремаме и да извадиме добри оценки. Фала и многу за тоа, ама тоа истовремено покажува колку нереален показател за нашето знаење беше екстерното. Скоро исто колку и матурата. Затоа најдобро ви е со приемен испит и точно ќе се знае кој за кој факултет е. Само и мене ме фаќа страв за вас искрено, ќе дадам конкретен пример зошто. На правен факултет секоја година се запишуваат повеќе од 400 студенти. Тоа подразбира дека конкуренцијата е голема и приемен мора да има. Е сега, не секој завршил средно стручно (правен смер) и не секој има претходно знаење (еве јас завршив гимназија и имавме само еден предмет - вовед во правото во кој се учи буквално само колку е 2+2 од правнички термини). Прашањето ми е дали ќе успеете да се спремите за 3-4 месеца или автоматски предност имаат тие што се од средни стручни...
     
    На Iva9612, Glowy, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.186
    Пол:
    Женски
    А ако донесат одлука од МОН да полагате матура за материјалот до корона, т.е без оној од последното полугодие, ќе се согласите? И зошто не?
     
    На Harper, Lella, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Имав и јас екстерно од 7мо до 1ва средно. Бруцош сум, не знам дали ме мислеше постара ама не сум, 18 имам и плус имам трауми од полагања екстерно и матура( се шалам :) ).:rofl:
    Затоа и пишувам тука, до вчера бев на нивно место и ги разбирам. За некоја година не би се мешала у теми за матура од проста причина што многу работи сигурно ќе се сменат и не би била компетентна да им се вмешам у дискусија. :D
    Баш и еве ако направиме паралела како било пред некоја година и сега со матурата, доста измени има.
    Во врска со екстерното, живи глупости беа, наставници намерно ставаа слаби оцени ако полагаш по нивни предмети. Коа ќе ми текне, хаос. :D
    Среќа бар по матура не ги оценуваат и нив, ќе беше општ хаос.
    Ај да ќутам, да не им давам вакви идеи.:D
     
    Последна измена: 23 април 2020
    На Moon.Girl, BlackMistery, queen19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    cuci bez materijal od 4ta godina takov e predlogot inace da!
     
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па нели книги немавте од претходните години?
     
    На candy.cane, Pixi5, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Pa neli ti mi rece deka ke mi gi dades
     
    На idktbh и queen19 им се допаѓа ова.
  14. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Лично прашање до тебе. Дали ќе се вратиш скроз у нормала после целава ситација на 30 мај за да полагаш?
     
    На Ladyy*, idktbh и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  15. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Луѓе министерот рече нели јули или укинување се двете опции, значи не постои можност да бидат претходните термини, 30ти мај македонски полагање?
    Иначе кажаа на вести ќе се решава после 1ви, ќе биде трагикомично ако на 10ти мај ни кажат полагате за 20дена,а претходно викаа СДСМ дека се за укинување:|
     
    На Glowy, Kimberly11 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Togas neka si go odstapat prestolot :rofl: idat izbori neka ne zaboravaat
     
    На idktbh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека би ви го дале истиот датум, сигурно ќе има одложување ако полагате.
     
    На candy.cane, Glowy, idktbh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Најголемиот дел од полагањето матура е од 4та година и имаме предмети кои ги имаме само 4та година учено како бизнис и филозофија и неможи затоа да нема од материјалот дел
     
    На Glowy, idktbh, queen19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Филозофија е проблем зашто се учи само во четврта.
    Бизнис колку што знам гимназијалци не можат да полагаат, само во четврта се слуша со 2 часа неделно, а за да се полага мора со 3. Така што само стручните можат да полагаат, ама тие мислам и во трета и во четврта го слушаат.
     
    На candy.cane, Lella, idktbh и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Јас бизнис учев, со по два часа неделно, две години, и имаше од мојот клас што полагаа. Медицинско бев средно.
     
    На Glowy и queen19 им се допаѓа ова.