Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Да да за да се полага мора 108 часа да си го слушал предметот, т.е. минимум една година со три часа неделно, а ако се повеќе години норамлно и со помалку часови неделно.
    Гимназијалците филозофија имаат 108, а бизнис 72.
    А вие бизнис сте имале 144 и затоа сте можеле да полагате.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.186
    Пол:
    Женски
    Да, ќе полагам затоа што сум студент и тоа ми е обврска. Исто како и на вас средношколците. Сте избрале државна матура, ќе ја полагате. Пандемијата донесе нови промени и прилагодувања, за сите. И сите како општествено одговорни индивидуи сме должни да се приспособиме на ново настанатата ситуација.
    Наместо да барате да ви откажат матура, барајте online часови за надополнување на изгубениот материјал. Немате ништо практично, така да не е невозможно.

    Во прилог ви е да полагате матура. Приемен испит во моментов не, затоа што немате ниту материјал, ниту време за спремање. Впрочем, во нормални услови треба да се полага и матура и приемен испит. Потребна е селекција.
     
    На Mishela, nevermet18, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Мора да има некаков критериум или ќе има матура или ќе има приемен, без ништо неможе да биде, едноставно е нерационално.

    Според мене подобро да има матура, за сите важат исти критериуми
    Да сум на ваше место би ми било страв од приемен, да бидеме реални знаете како функционира се кај нај, нема сите да бидете во иста позиција и можеби нема баш вашето знаење да излезе на виделина.
    Свесни ли сте дека приемните тестови може да бидат полесно пробиени и познати, па некој без мн учење а со врски да има највеќе бодови, како и листите да бидат селективни исто како што прават на пример во мвр и на сл места.
    Знаете и самите колку се коруптивни факултетите и проф. кај нас.
    Искрено не си ја барајте бељата.
     
    На nevermet18, buba4e89, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Ако има приемен не дека факултетите би останале празни,тоа никогаш нема да си го дозволат ама ќе има нелегалности до бескрај па така некои посолидни ученици ќе бидам пониско рангирани од некои што имаат пријатели...ете најпросто кажани да разберите драги матуранти оти бегате од матура како ѓаол од крст,а барате полошо
     
    На Glowy, buba4e89, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    За врски секаде ги има, ама на приемен помалку можат да фатат врски, отколку за матура каде што се полага во училиштето во ист град.

    Приемен е потешка, но пореална опција. Ќе се полага во амфи, никој до тебе не знаеш, нема кој да ти помогне. Тука се покажува реалното знаење. Тестовите нормално ќе се на повисоко ниво, потешко. И горе долу ќе се направи правилна филтрација.

    Матурата е полесна, но нереална. Зошто? Бидејќи многу се препишува и на прсти се бројат училиштата каде е регуларно. А со самото тоа добиваме и нереална слика за знаењето на учениците. Да е уште потрагично и од МОН знаат како се спроведува и го дозволуваат тоа очигледно.
     
    На sj *O*, ElenaOfRivendell, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    А зошто воопшто се бунете да нема матура? Сте изгубиле часови? Второ полугодие во четврта година и онака скоро па и да нема предавања, само се решаваат тестовите од матура на час за да се спремате, а тоа можете и дома сами да го правите (плус ги имате и клучевите од тестовите што биле претходните години). Ако нешто не ви е јасно од материјалот, имате онлајн часови, мејл, можете да се консултирате со професорите.
     
    На Lella, ElenaOfRivendell, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Предвидени се часови за подготовка со професори што сега нема да се спроведат, ученици исто оделе на приватни часови за спремање и прекинале скоро два месеца поради ситуацијата, постојат предмети што пола материјал не е предаден зошто се изучуваат една година, не сите професори се нафаќаат онлајн да помогнат, секојдневно добиваме задачи за изработка на проекти што дури не се ни поврзани со подготовка за матура. Јас имам филозофија и професорката место да не спрема за екстерен испит, ни праќа да и напишеме есеј за Кантовата етика во време на корона. Сега имаат повеќе слобода да не затрупуваат со домашни. Англиски ученици добиваат милион домашни задачи, а имаат избрано математика за матура.
    Од 2016 па навака, тестовите се сѐ потешки секоја година тоа е општо познато и професори го кажуваат. Тестови од 2010 и 2019 се по тежина многу различни.
    На крајот на краиштата ајде не се буниме за матура, ќе си правиме, препишувачи нека издават топ оценки, тие што учат нека бидат оштетени зошто никој не ги насочил дека нели викате селекција мора да има со матура по секоја цена|(
    Приемен е подобра опција и не знам зошто сите толку запнуваат за матура. Само дури и да има годинава нема да биде класично приемен како порано зошто одлуката ќе биде изгласана во последен момент.
     
    На sj *O*, Glowy, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Гледам дека ова многу го нагласувате, па само сакам да се надоврзам.

    Тестовите се потешки затоа што се свесни дека образованиево се' повеќе и повеќе пропаѓа т.е. дека ако пред десетина години барем 60% од оценките биле реални и поради вистински стекнато и покажано знаење, денес прашање дали 6% се такви.
    На овој начин сакаат барем некаква селекција да направат за понатака не секој да биде примен на факултет.

    Не велам дека од сега е почната мрзеливоста на учениците, напротив, имаше такви и во моја генерација.
    Но сега е дефинитивно засилена таа мрзеливост и незаинтересираност, дури и до степен на натпревар кој помалку „се замара“.
    Се согласувам дека и не сите професори се заинтересирани да ве подготвуваат, ама дечки не сте веќе ни „мали“.
    Имате по 18 години, полека влегувате во светот на возрасните.
    Сега е време да покажете колку сте способни и самите да постигнете. Не дека не треба воопшто да добивате насоки од професори, но треба во поголем дел самоиницијативно да истражите за било што што ве засега.
    Градењето на вашата иднина е многу повеќе ваша обврска отколку на професорот.

    Ќе зборувам во мојот случај како беше.
    Учев неколку месеци за матура и трудот апсолутно ми се исплати.
    Секој предмет што го полагав ми беше реално оценет.
    Не верувам дека ако нешто имаш точно одговорено ќе може на било кој начин да ти биде оспорено.
    Воедно тие што учат и учеле навремено, најчесто знаат и самите да си ги решат поголемиот дел од вежбите/задачите.
    Знаењето не се одзема. :)
     
    На nevermet18, Lella, Glowy и 8 други им се допаѓа ова.
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    32.579
    Пол:
    Женски
    Кажи им го ова на сите одлични ученици кои имаа 4 или 3 за само да пишат приговори за да земат пари. Не можеш да тврдиш дека нема вакви случаи. Другарка моја знаеше англиски перфектно, секогаш имаше 5 на тестови, состави знаеше да пишува и често помагаше на други, на крај на матурата да добие 3 по англиски, нема смисла.
     
    На sj *O*, Glowy, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    И во мојот клас имаше одлични ученици, секогаш први во клас за математика и физика на пример, а кои завршија со 4-ки.

    Зошто?
    Едноставно затоа што не се подготвуваа навремено.
    Матурата е одличен пример за како се подготвуваш за испит.
    Нема ќе напишам домашна или ќе прочитам за тестот на голем одмор, затоа што се работи за материјал од цели 4 години кој не се повторува за два дена а камоли да се учи за толку време.
    За да си одличен треба до крај да се надоградуваш, па правопропорционално истото да се исплати.

    И кај мене плачеа за оценките, ама никој не им поправи.
    Знаеш зошто?
    Затоа што мама и тато од дома им рекле дека тие се најпаметни на цел свет и никако не треба да се преиспитаат дали можеби во нив е грешката, туку нели најгласно извикај комисијата и професорите се виновни, светот е виновен, сите се виновни.
    Сопственото јас никогаш не го поврзуваат со лична одговорност, само со лична супериорност.
    И после незадоволство.. епа да.

    И just for the record, јас имав 4 англиски и никаде не се побунив.
    Зошто?
    Затоа што тоа беше реално.
    Иако англиски сосем солидно го говорев и немав никаков проблем ниту во комуникација, ниту во читање, ниту во решавање вежби, ниту во пишување состави.
    Најмалку обратив внимание и многу малку го повторив, затоа што си велев дека го знам.
    Резултатот, очекуван и сосема на место. :)
     
    На Lady D ❤️, nevermet18, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас бев 5.00 цело основно и средно.
    На матура имав три 4-ки, ама високи.
    Криво ми беше искрено, ама математика спремав 2 или 3 дена затоа што бев убедена дека си знам. Англиски се изгубив во пишувањето, од паника а и прв предмет за полагање ми беше мислам. Македонски не спремав есеј за лектирите, отидов на слободна тема.
    Ич не се жалам, кај нас искрена да бидам не се мрдаше по ниеден предмет. Само во една просторија имаше лудо препишување ама од таму ниедна 5ка не излезе. Сите грешно препишале.

    Најискрено, матурата е релевантна само ако има строгост. Тогаш бев лута, ама само затоа што знам дека во сите други градови има препишување и местото ми го земаа студенти кои врска си немаат.

    Но, вие се буните само затоа што имате прилика.
    Решение има секогаш. Никој не доаѓа да ти даде книги што ќе ти требаат, си ги бараш сам. Сите што ги знам како сериозни ученици си се снабдија уште во прво полугодие. Тие несериозните, како вас тука, се жалеа во април дека не можат да најдат ништо па ајде ние им дававме за копирање.

    Приватните часови не се нешто нужно за да мора да одите. Ако ти треба приватен час или не си прател настава 4 години или си одбрал предмети за кои немаш знаење.

    И мене никој не ми кажа од почеток дека ќе се полага онлајн, и колку и да сум против тоа, не се бунев. Тоа е.

    Веќе сте полнолетни, од догодина ќе сте можеби и на факултет. Мислам дека е редно да почнете да ги гледате пореално работите.

    И не, немате право да ми речете - ти не си матурантка немаш право да пишуваш тука.
    Не сум ни снаа ни свекрва, па одам во тие теми. Не сум машко, па пишувам во темата Совети од машка страна.
     
    На Iva9612, buba4e89, Waverly Raven и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Со 3 дена вежбање одлично си поминала математика. Браво. Претпоставувам екстерно си ја избрала, претешка беше за разлика од интерно.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Реално :D
     
    На Iva9612, Just.do.it, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Екстерно беше, да. Тешко беше, собраа телефони од старт и не чуваше професорка што ни го мразеше школото.
    Јас сум задоволна. Перцентилите беа високи и влегов во првите 10% на смеров.
     
    На buba4e89, Lady D ❤️, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  15. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    32.579
    Пол:
    Женски
    Ти не си се спремала доволно се е тоа во ред и оценката ти е реална. Ама таа и на часови одеше, се спремаше многу долго, на час исто ги решававме минатите тестови од матурата и се знаеше ама ете чија е грешката не знам. И од кај сфати дека таа плачела на цел глас дека друг е крив. Да, точно, имаше и такви кои се жалеа ама реално не беа за повисока оцена. Баш тие што треба никогаш не се жалат и нема да кажат кој е крив. Зошто? Затоа што знаат дека не се центар на светот, образованието ни е катастрофа, мама и тато ги научиле дека ќе се соочуваат со неправди и им викаат не е важна оцената ти си го имаш знаењето, остави, не се нервирај, затоа што знаат дека нема кој да ги слушне. Ете затоа молчат.:)

    Да не се правиме дека матурата е фер, сигурно сите знаете за некој сличен случај или сте осетиле на своја кожа. И тоа за спремањето е чиста глупост. Секој не се спрема со месеци за матура, исто и за испит. Јас учам речиси цел месец пред испит, а знам колешки на кои доволни им се две недели за да спремаат и да извадат добри резултати. Секој е различен, не е ваша работа да им кажувате колку време им треба за да научат.
     
    На sj *O*, Glowy, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Реално, матурите којзнае како ги прегледуваат. Мене ми кажуваа, не знам каде, само 3 деца полагале математика, и проф. им ги решила, сите истото го напишале, двајца 5 добиле, другиот 3ка... А истото пишувано.. Ајде македонски,англиски, може на есејот скратиле, ама математика..
     
    На sj *O*, Glowy, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Na priemen po 1 2 predmeta se polaga ?
     
  18. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не знам, до сега немало приемен во Македонија.
    Најдов за во Белград на медицински, вака пишува :
    Na prijemnom ispitu polažu se testovi iz Hemije i Biologije.
    Ѕvaki test ima po 30 pitanja i svaki tačan odgovor boduje se jednim bodom.
    Pravo upisa ima kandidat koji je postigao najmanje 31 bod na prijemnom ispitu i nalazi se u okviru odobrenog broja za upis kandidata.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Не ја знам другарка ти, но овој факт ми кажува дека при целиот процес на учење се потпирала на некој.
    Кога за секое прашање што нема да го знаеш, веднаш до тебе имаш некој на кој му се обраќаш, знаењето е несигурно.
    Токму затоа е битно сами да се подготвуваат.
    Затоа што кога ќе се случува матурата се сами.
    Не очекувам да го потврдиш пишаново затоа што секако дека ќе си го браниш знаењето на другарка ти, но останува фактот дека времето и начинот на подготовка се и те како битни.


    Дали тебе матурантиве кои пишуваат во темава ти изгледа како да ќе молчат?
    Или уште повеќе дали ти изгледа дека имаат воопшто интерес околу матурава освен расправање на форумов?

    Мене не.

    Една тема не ни е предадена, едно прашање не ни е обајснето, задачиве немаат врска со материјата која ни е учена, професорот наместо да ни решава вежби ни дава семинарски, многу се препишува, не знам од кај да учам, не можам да најдам книги...
    Само изговори, само неправди кон нив и нивното височество. (Секоја чест на исклучоците.)
    Никој друг нема право збор да каже тука, затоа што се способни цел ден да се расправаат и зборувај ми после дека имало неодговорност од наставниот кадар.
    За да бараш одговорност првин треба и да ја поседуваш.
    Со инка знаење не се става, се' е на нивната добра волја.
    Ниеден професор на светов нема да дојде и да им ги реши сите дилеми, едноставно затоа што е невозможно да се минат сите четири години заедно ученици и професор и уште повеќе затоа што воопшто не е должен да им појаснува нешта кои им се учени во прва на пример.
    Воедно светот не застанува за ти да можеш да учиш за матура, па секако дека ќе има и други ангажмани за полугодието.
    It's called time management. :o :D

    Се согласувам дека на секој му е потребно различен период за подготовка на испит, но тука имаме личности кои за прв пат се сретнуваат со толку обемно полагање.
    Четири-пет предмети (тука ги вклучувам и интерни и екстерни) со минимално растојание помеѓу во термините, со краток период на подготовка е рецепт за катастрофа од која најмногу тие ќе бидат револтирани и засегнати.

    Јас не, но тоа не значи дека не смеам да изнесам мислење.
    На форум сме, а не во нечиј споменар.
    За крај, книги не се бараат во април. ;)
     
    Последна измена: 24 април 2020
    На Glowy, f.girl, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. нво организација

    нво организација Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Наш став како здружение е дека оваа година нема елементарни услови за да се полага матура
    1Според наше истражување 95 проценти од матурнтите се психички спремни после овие стресови и неизвесност поврзано со корона кризата.
    2 80 проценти од матурантите не се спремни да полагаат матура поради тоа што од МОН не даваат јасен став што ќе биде и тоа предизвикува напнатост и стрес кај матурантите.
    3 100 проценти од матурантите не се спремни со материјали заради корона кризата и социјалното дистанцирање, Каде би нашле сите потребни материјали кога не смее да има контакт меѓу граѓаните.