Мене не ми е коректно што поддржувачите што не се матуранти се со став дека треба да се укине, од причина што матурата не била соодветен приказ на знаење, се препишува итн. Добро океј, ама кај бевте до сега ова да го потенцирате? Сите се согласуваме дека приемен испит би бил подобра опција in the long run, ама сега набрзина да се спрема поради ситуацијава, прашање е дали нема да бидат само формалност тие испити. За толкава промена во образованието треба повеќе време, а не само да се воведе ко фикс-идеја во последен момент. Не е фер нашава генерација да биде предмет на експеримент со укинување матура и избрзано воведување приемен испит. А воопшто да нема ни матура ни приемен испит, е ќе ме извините ама каква шала е тоа ученици што стварно ги бива да имаат исти шанси со децата со подарени оценки? Затоа тврдам дека од укинување матура моментално би имале бенефит само учениците со нереални петки, а и ако видите поубаво, токму тие се бунат. @нво организација А кој си ти уствари?
1. Не се само матурантите под стрес, сите сме, па има луѓе што одат на работа, а и ние студентите полагаме. 2. И да нема јасен став од Мон вие треба да бидете спремни. Сепак тој материјал не ви е земен вчера, поголемиот дел ви е учен од претходно. 3. Какви материјали? Си ги имате книгите пред вас, ги имате и тестовите од претходните години, со решенија. Ако ви требаат книги од 1, 2 или трета година можете да ги побарате од некој. А ако мислите на прирачниците за матура, ние ги копиравме уште во септември, не чекавме да дојде мај. А исто така и може да ги побарате од некој постар.
Не приметувате дека буквално истите муабети се вртат 34 страни уназад? Аргументиве ви се pointless, нашево објаснување нема никакво влијание врз нивното размислување, убедени се дека ќе успеат да го поништат полагањето оваа година и така ќе идат до крај. Истиве луѓе што се борат за горенаведеното се оние што ги добиваат оцените на шала и ќе ги заземат местата на факултетите на оние што се' би дале да бидат на листовите за примени студенти. Ако сте учеле квалитетно еве во трите години, матурава ќе ви биде шала Колку предмети се во прашање? 3 екстерни и 2 интерни и бранење на проектна? Интерните и вака и така ви ги даваат професорите прашањата што би можеле да се паднат, а екстерниве се смешни за да не можете да ги научите. Ако сте одбрале математика тоа значи дека сте солидни по тој предмет и дека имате желба понатаму на факс да се запишете поврзано со тоа, еве јас бев труп по математика па во ниеден момент не ми текна да го одберам тој предмет. Македонски како и да е ви треба, делата седнувате еден ден, читате кратка содржина и тоа е тоа. Англиски, од почеток на средно учите како се пишува формално/неформално писмо и што и друго да имате. И тоа исто ви треба за понатамошната кариера, ако воопшто сакате да бидете некој и нешто. Ама полесно е да се одбегнуваат предизвиците, нели?
Госпоѓице ако вие сте полагале матура и сте исфрустрирани дека сега некој може да помине без матура поради вакви тешки услови со ковид 19, не мора да ги уништувате сегашните матуранти
Од каде вакви заклучоци дека не се спремаме?Да, кажав претходно дека ми смета тоа што испадна вака зошто можеше сега да имаме часови со професорите за спремање како што бевме договорени, ама не значи да напаѓате кој колку се спремал, изговори сме наоѓале, ни треба некој што нон-стоп ќе ни помага при учење, следно кажете директно неспособни сте, не се запишувајте на факултет. Јас учам од зимски распуст и сите 4години ги учев сите предмети максимално, проблемот со матурата ми е тоа што се чувствувам несигурно и неподготвено и покрај тоа што знам дека сум учела и треба да знам. Баш интересно како заклучи дека не знаеме и времето да си го изменаџираме само зашто кажаа повеќето матуранти дека годинава место матура треба да има приемен.
Кај ви се аргументите, деца? Зошто побогу ние би биле исфрустрирани? Па вие губите, не ние. И како ние ве уништуваме вас?
@idktbh Повели мислење од матурантка од оваа генерација. Еве јас не сум објективна зашто сум го минала ова пред неколку години и не знам како ви е, ама и Лела не знае? Спојлер @Lella Извини за цитирањево. Менаџирањето со времето ми се однесуваше на коментарот зошто ве затрупувале и со други домашни. Не сте ни први, ни последни. Поздрав.
Приемен треба да има секоја година понатаму, не само оваа, ама факултетите гледаат само да примат повеќе студенти од финансиски причини, а потоа ги бувтаат сите тие кои биле примени “екстра”. Ако има приемни, нема секој да се запише на факултет, ама не мислам дека тоа им оди во прилог на факултетите, баш поради тоа што е порелевантно, и што не би можел секој да го положи.
Кои ви се аргументите? - Аргументите за тиа барање можеш да ги видеш на претходната страница. - Се гледа дека со тоа што не сте ги оствариле желбите сакате и сегашната генерација( да ја пикнете во тунел без светло во ваква ситуација да полагаат матура која нема елементарни услови да се одржи).
Не е во буквална смисла тоа трај. Де де. Што си се запалил толку многу. Матура е во прашање, не е Илинденско востание. И нели организација СТЕ или?
Се согласувам со мислењето во однос со математика. Тоа е материјал од 4 години и темата веројатност и комбинаторика ја учиме сега преку домашни. Има преобемни предмети што се учат една година, а пола од испитната програма не е предадена заради ситуацијата. И мене не ми е јасно кои се тие организации што излегуваат со проценти, јасни ставови за укинување, не им обрнувам многу внимание, уште помалку дека се потпирам на тоа. Не ми е проблем кога ќе наидам на различно мислење од некој што исто треба да полага, не знам што беше поентата со тоа.Реплицирав затоа што сите што сте поминале низ тоа мислите дека ние сме неспособни цела генерација и сите сме сега резигнантни без волја за учење, а сакаме на факултет да се запишеме. Од порано сметам дека матурата треба да се замени со приемен, не ја користам сега само ситуацијата со вирусот за да избегнам обврска дека треба да полагам, мислам само дека со приемен ќе има пореална селекција и ќе се има повеќе увид кој за каде е, а плус ќе може постудиозно да се спремаме за предмети што и понатака ќе ги среќаваме.
Одговор на поставените прашања можеш да добиеш доколку ги читаш коментарите што ги имаме претходно пишувано.