Коментарите ви беа за истражувањето кое го спроведивте, а немате одговорено на прашањата што ги постави членката.
Дете, ти до сега имаш напишано 7 мислења, а во ниедно од нив немаш напишано никаков аргумент, ни одговор на ниедно прашање.
Не видов никаде на интернет некакви статистики. А, мислам дека такви статистики би биле објавени на некои портали, еве на пример за тоа дали студентите се за или против онлајн полагање, и дали можат да учат дома, имаше објавена статистика, со проценти, со се, мислам дека на факултети.мк беше. Ништо лично, само чудно ми е дека такво нешто не сретнав.
И? Каква врска има матурата со насилство? И од каде ти е тоа истражување? Кој го спровел, врз колку испитаници?
Кога веќе кажуваш тука за истражувањето и искажуваш свој став, многу порелевантно би било доколку кажеш колкав е примерокот, кои средни училишта учествуваа во истражувањето.
Еве матурантиве од форумов (кои претпоставувам,не се од ист град) не знаеле за такво истражување, значи не е спроведено на ниво на цела држава. На ниво на што е спроведено? Во едно училиште? Во еден град?
Можете ли да се стрпите до идната недела кога се ќе биде објавено во медиуми и кој дел од државата е испитан со ова истражување и колку учесници има.
Здраво девојки.Како матурантка имам потреба да се изјаснам најпрво за наставата.Ова е тотален промашај.Се натпреваруваат кој ќе ни даде повеќе материјал за учење,ни даваат материјали што во нормални услови би ги учеле две до три недели,а сега ни даваат рок од ден,два евентуално три дена.Се дава материјал што воопшто не ни е потребен.Како што кажа некој погоре,двојкашите сега добиваат исти оцени со одличните ученици итн.Во врска со проектните,јас презентирав вчера не ни дозволија ни до пола да стасаме имавме 5 минути време.Оценките за проектните задачи буквално се истресуваа од ракав,не се гледаше темата колку е тешка,опширна и слично.За матура гледам дека има многу што се против укинувањето.Не бараме ние туку така да се примиме на факс,секако дека треба да има нешто.Но,видете,не се веќе ни училиштата ни па професорите ко што беа порано.Не се заангажирани воопшто.Лично јас пишав на професорите,одговор не добив.Имаме група на фб каде само ни даваат домашни задачи без да ни остават мејл или слично па им праќаме на месинџер,при што и таму не ги отвараат пораките,што значи дека не ги ни прегледуваат задачите.Книги немаме од што да учиме,секако дека може да се најде ама не теба ли да те посочи некој.Последно сакам да им кажам на студентите што се тука,смањете доживљај пошо сто постотно ви гарантирам дека ние средношколците ќе ве подржевме во било што,што и да побаравте.Имајте пријатна вечер и чувајте ми се!
Штета што некои професори до толку не се заинтересирани, не само во средно, и од многу факултети се жалат дека немаат соодветни предавања, дека само презентации им праќаат. Не знам како може до толку да не им е гајле, не е само до матурата, и да нема матура, и да има, тие треба да се потрудат да го предадат тоа, не е фер воопшто. И непредадено може да се научи, ама едноставно не е коректно, тоа им е работа и треба да си ја вршат како што треба.
Жално каков ни е наставниов кадар. Не дека не знаат да се приклучат онлајн, туку не сакаат. Досега сите можеа да научат како и што, ама не, додека некој од горе не им заповеда да предаваат, нема да почнат.
Наставниот кадар за никаде,на сред час си дремат на фб и си постираат цитати на инста епа коа понашањето на професорите е такво што останало за учениците.И после сме отишле у пропаст,епа да.Како идат генерацииве кое од кое по некултурно и просто..
Имаше неколку коментари погоре дека матурантите кои сакаат да се откаже матурата годинава, се уствари истите што не се ,,замарале” со учење, имале поклонети оценки, добивале високи оценки со врски.... Малце ми смета овој став искрено зашто искача дека сите што сметаме дека матурата е нереален приказ на знаењето и дека треба да се укине (и да се замени со приемен), сме уствари субјективни. Дека сме уствари несреќни од тоа како сме поминале на матурата и заради тоа имаме таков став. Ги имав сите петки во средно и сите петки на матурските испити, а исто и на екстерното тестирање. Сум поминала супер, а сепак мислам дека не се реални показатели на знаењето на матурантите (а и екстерното не беше реален показател никако). Инаку се согласувам дека овој период покажува кој колку се труди и кој е прилагодлив во разни ситуации како оваа (што е многу важна особина во животот). Значи дека треба да се учи и покрај фактот дека условите се далеку од идеални. Ама сепак прашање е дали има услови да се одржи матурата годинава... Очекувам да добиете одговор многу наскоро
Требаше последната реченица да ти е "Дај Боже побргу да ви ја укинат". Пошто во спротивно си лоша, љубоморна итн. И јас се сложувам со фактот дека не е реален показател. Јас искрена да бидам никогаш не сум го загреала столчето во средно како што го загреав за матура. Барем видов како е да се учи за факс. И да, ако има петиција да се укинат непотребни предмети од средно прва ќе потпишам. Оти е реално. Ама, матурата е еден од малкуте начини да се направи селекција. Пошто знаеме дека се 3-4 државни универзитети и на тие има голема заинтересираност. Не може како средно да примаат со бодови од 4 години. Од друга страна можеби и приемен е подобра опција. Подобра, не полесна. Дека матурата е пекол. Па, не би рекла. Пре би рекла пекол се професори што закажуваат колоквиуми 5 дена унапред. П.С првиот пасус е за твоето мислење, другото е општо.
Не знам пред колку години имаш завршено средно,ама сакам да ти кажам дека на матура се вадат мноооогу нереални оценки,ученици што цела година имале кецови лупам по македонски,на крај на матура вадат петки,дали со препишување или на еци пеци пец,небитно.Напоменав погоре,НЕ БАРАМЕ да се примиме на факс туку така,приемен е добра опција,а за матурата не само годинава,туку да се укине заувек!