Се согласувам да се укине матура, ама не само оваа година, засекогаш, и не заради моменталнава ситуација, бидејќи тоа не е аргумент за неучење. Секако, има многу други аргументи зошто матурата не е во ред, ама оваа ситуација конкретно не е.
Матурата, како тестирање, многу ја критикувате, а истата би била одлична претстава за знаењето стекнато во претходните 4 години. Нормално првото нешто што би требало да се среди е препишувањето, иако јас не сум имал такво искуство и не знам во кои училишта истото се случува. Насекаде во светот, особено во државите коишто ги произведуваат најдобрите студенти, има вакви тестирања и не ја гледам причината да го нема и кај нас. Примери: SAT, ACT, Suneung, Gaokao.. А и да сакате да студирате во странство голема е веројатноста дека ќе треба да полагате некој од тестовиве, особено некој од првите два. Малку не е поврзано со конкретнава ситуација, но зборувам генерално бидејќи тука е разврзан разговорот.
Потполно се согласувам со @ElenaOfRivendell, зборуваме за укинување засекогаш не само годинава за ситуацијава. Или ако не се укине, мора да има подобар начин на спроведување, во моментов е катастрофа со препис, особено последниве години. На почеток вистина било строго и реално.
Кај мене па беше обратно. Баш се покажа која е реалноста. Од 1-4 година професорката по македонски упорно ми пишуваше двојки, иако бев единствена што учеше и ги имаше прочитано сите дела. На матура добив 4ка бидејќи утнав малку со есејот. Не препишував, ни за едно прашање не се консултирав со никого. Исто така, со мене во генерација имаше голем број ученици што беа внуци, ќерки, комшии на професорите и секоја оценка им беше пишана од ракав, односно добиваа петки без присуство на тест или испрашување. На матурата добар дел од нив добија послаби оцени. Па сеа не знам колку е нереална.
Знаете зошто е лош општо целиот образовен систем? Затоа што се вреднуваат исто оцените на учениците кои завршиле во различни средни училишта. Затоа што 5ката добиена во гимназијата Кочо Рацин е повредна од реално заслужената 3ка во Орце. Целиот тој процес на полагање матура е катастрофален, нема никаков ред. Истите прашања се добиваат на ниво на цела република, а во 80% од училиштата се препишува и тие добиваат подобри резултати за на факултет. НИКОЈ не кажа дека не го поддржува укинувањето на матурата, АМА вашиве аргументи како тоа вие сте биле потресени, сте губеле предавања, не сте имале материјали и што уште не, немаат логика. Вие сакате да придобиете од ситуацијава и да се ослободите од матура, а притоа не размислувате на алтернатива за реално да го покажете вашето знаење, ние цело време за тоа збориме, буквално. А за професориве што да кажам? Што може да се каже кога 70% се партиски примени? И на нив им вршат притисок од министерство да го завршат материјалот до тој и тој датум, а они се истураат на вас. Тоа е, ќе издржите до факултет, барем таму малку од малку се поодговорни и повеќе се вложуваат во студентите. Морам да кажам исто и ова, да се пишува на професор на фејсбук/инстаграм или што и да е друго, е крајно детско и безобразно. Во ниту еден момент не смеете да си дозволите да користите социјални мрежи за контакт со професор! Ако не најдете и' го домашниот број на професорката, па барајте ја дома. Ако научиле фејсбук да користат, ќе научат и на мејл да враќаат и крај. Ако имате проблем контактирајте го директорот(не на фејсбук!), професорите се платени да ви помагаат во сите моменти, посебно во времето пред полагање.
Добро. А, нели треба да има некој тест, некое мерило што ќе ве тестира што се научиле овие четири години? Луѓе само со средно се вработуваат. Матурата е добра замисла, ама лоша реализација.
Извини вака што ќе се уфрлам, ама ми привлече внимание реченицава. Дали знаеш воопшто како изгледаат тестовите за матура? Дали си ги разгледала? Еве јас ќе ти кажам. Математика имаш задачи што се кратки и можеш веднаш да заокружиш, а имаш и задачи каде треба да решиш и да се види и постапката. Го знам ова затоа што шест души препишуваа од мене и бараа да им ја изрецитирам целата задача. Ако ја немаш можеш да сонуваш за петка со еци пеци пец. Македонски имаш цел состав да напишеш, плус прашања кратки и подолги. Англиски имаш формално и неформално писмо (меил), прашања кои се одговараат од одма и прашања кои ќе те замислат малце повеќе. На сето ова додади го ограниченото време и ќе правиме муабет дали ако си бил единичар ќе можеш да завршиш како одличен на матура на еци пеци пец. Тројка можеби, петка малку потешко. П.С. Ах да и пред да извадите нешто од контекст, потврдувам дека има препишување ама многу од нас тоа не не спречило да учиме за себе.
Гледам дека погрешно ме имаш сфатено.Не знам како е по другите училишта,но еве ќе ти кажам кај мене.Лично професорите ни викаат шо не ни е јасно да оставиме дека они ќе ни допишат или ако се двоумиме меѓу некое прашање дали да заокружиме ова или она,ни велат дека ќе го заокружат они при прегледувањето.Јас немам математика и не знам како тие тестови изгледаат.Неколку пати нагласив и погоре,да се спроведе нешто ново,да се укине матура.Лани на матура се препишуваше ненормално и сите извадија одлични оценки.Не знам дали е до училиштето или секаде е така.Во мојот град е во сите школи така,што би рекле банда без команда.Кој што сака си прави од ученици до професори,освен во гимназијата.
А каде да ги најдам,барам броеви нивни да ми даде класната за да ги исконтактирам било како,вика дека не смеела.Велиш дека било детско да се пишува по фб.Они се тие што ни остааваат домашни задачи по фб групи и не оставаат ниту мејл ниту ништо,бараат да им се прати у порака на месинџер,чест на поединци секако.
Иронично беше кажано тоа со броевите, уште тоа да го наравите... Тоа е, ќе издржите. Не сте вие криви
Тоа дека они ќе ти допишат/заокружат е сигурно за интерните предмети. Екстерните не ги прегледуваат вашите професори. А и не знам што се толку потресени со колку ќе положите пошо нели не се замараат со вас колку што сфатив. А еци, пеци, пец жими таквото. Не ни памтам дали имаше такви прашања. На факултет е мнооогу постресно и потешко, навикнувајте се луѓе, помирете се. Нема веќе прашања и третман како за основци, возрасни луѓе сте веќе. Ако ова не е фер, wait for it.
Епа океј де, ви рекле дека ќе ви помогнат за некое прашање, а не дека ќе седнат да му го решат тестот на некој шо книга не отворил во 4 години. Значи во секој случај не постои голема веројатност дека некој твој соученик кој ништо не учел ќе ја има истата оценка со тебе која си учела. Какво ново нешто сега барате кога првин има еден куп други проблеми на кои треба да се сконцентрира власта, почнувајќи од крахирана економија, луѓе останати без работа, луѓе кои умираат чекајќи да дојдат на ред за некаква интервенција, стоматолози и други медицински лица кои треба да се обучат како да функционираат и откако ќе заврши вонреднава состојба бидејќи вирусот нема магично да исчезне, неразбран народ кој шета низ маркети без соодветна заштита и без да одржува соодветно растојание и на сето тоа вие сакате прва точка за дискусија да се вашите средношколски маки зошто се препишувало?! Аман немојте со смешниве изговори веќе. Никаква поента ви немаат.
Абе реално, некој ако сака нека се отепа од препишување на матура, можеби на крај ќе има иста оцена како некој што навистина учел, но никогаш нема да го има истото знаење со него. А тоа знаење, и таа навика за учење се тие „потребните“ работи за на факултет. Да, и тие што имале незаслужени 5ки од успех/матура ќе се запишат на факултет, ама гарантирам дека тие ќе бидат и првите што ќе се откажат, бидејќи таа одговорност за редовно учење и труд, која е клучна за поминување општо низ факултетот , ја немаат, а таа не се стекнува на факултет. Нервира кога некој без труд ќе има иста оцена, ама дупло е подобро чувството кога знаете дека сте научиле и дека сте спремни, за тест,матура, колоквиум или испит, независно. Нека не ве демотивираат луѓе кои не ги интересира да се едуцираат, и мислат дека не е битно знаењето, и сакаат без труд да добијат 5ка. Учете за себе, барем ќе знаете таа ваша 5ка е вистинска, и дека ако седнете некогаш на маса и дискутирате за било што, со вашето знаење ќе ги растурите тие со „поклонетите“.
Јас зборам у глобала за укинување матура,ја не реков дека нема да можам да полагам поради ова или она,јас и да има матура ќе си положам,веќе почнав со обработување на некои материјали.Само си ги подржувам соучениците,а дали ќе се полага матура или не мене ми е сеедно.
Нема шанси изгледа, прославите требаше да бидат 20-25мај. За тоа највише ми е криво, ако нема и полагање, пола клас којзнае дали пак ќе ги видам Последниве средношколски денови во хаос ни поминаа
Во мое време математика ми одеше добро. Јас општо по предметот вадев 100 поени,секој тест петка. На пробна матура тогаш врснициве мои избраа математика и сите паднаа.Кажаа дека им дале дропки и некои задачи со квадратни корени кои се учат во гимназија но не и во средно стручно. Плус не им дозволиле дигитронско сметање,немавме телефони тоа забрането ни беше. На главната матура за жал од мој клас не памтам дали некој зеде математика. Се исплашија сите.
Журка може и подоцна да си направите, зошто да не, јули, август, кога ќе се смири работава, не мора во мај да биде.