Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.898
    Допаѓања:
    6.640
    Пол:
    Женски
    Политички добро одигран потег.
    Ја укинуваме матурата, ние од влада го почитуваме зборот од матурантите.
    Право на универзитетите е дали ќе организираат приемни. Ние од МОН немаме врска со тоа.
    МОН мудро одигра, дефинитивно.

    Конечно се заврши агонијата со матура, редно беше. Инаку со време да кажат на кој факултет ќе има приемни, за да се спремате.
     
    На Purplelilac, sj *O*, Stache и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    A како однапред ќе знаат колку конкуренција ќе има на секој смер на секој факултет?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Тоа може да се знае од споредба со претходните години колку се запишувале студентите на смеровите. Само како ќе се организира приемен кадешто има различна конкуренција на различни смерови на ист факултет?!
     
    На CharmedGirl и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па релативно е тоа.
    Може лани да се запишале 10, а сега 25, а да примаат само 20.
    Једино порано да имаат уписи.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Ако ја слушнете изјавата до крај, спомнува квалификационен испит = приемен, за тие факултети кај што ќе е поголема конкуренцијата.
    Иначе пак се враќаме на истото - ние што сме положиле матура, да не сме биле експерти за факултетите што сме ги одбрале? Како да не. Како што кажав и претходно, јас имав само еден единствен предмет поврзан со право и ништо не знаев кога се запишав, а сега сум поуспешна од 90% од генерацијата (гледано не само според просекот, туку и според академски активности, пракси, како и магистерската што ја спремам). Значи заклучокот е дека нема зошто да се борите за матура толку сите во групава, туку заедно да се бориме за приемен испит да се воведе (зборувам генерално, не за годинава зашто ова е вонредна состојба и тешко ќе се изведе било какво тестирање).
    И уште за прашањето на кои факултети ќе има приемен годинава, не очекувам да ви кажат во блиска иднина. Затоа може секој од нас студентите, да ви кажеме за кои смерови на нашите факултети вообичаено има зголемен интерес, барем да имате некаква претстава. Еве јас ќе почнам, на Јустинијан Први секоја година има многу конкуренција за правни студии, значи можно е да имате приемен ако го одберете тој смер. За останатите (политички, новинарство, односи со јавност) генерално нема многу пријавени па не би требало да ви дадат приемен.
     
    На CindyAnn, Glowy, idktbh и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kenny

    Kenny Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Читав до сега колку можев и пробував да сфатам зошто толку многу се изнервиравте околу тоа дали ќе има матура и дека ние матурантите бараме да нема матура, но не можам да сфатам. Ако мислите дека на нас ни е толку лесно моментално и дека лежиме по цел ден и ништо не правиме тоа не е точно и верувајте не би сакале да сте во наша кожа моментално. Ние секојдневно имаме презентации, есеи, писмени, тестови и уште милион работи што ги правиме секој ден јас лично најмалку по 3/4 саати поминувам пред компјутер, а плус што треба прво да седнам да прочитам многу нормално. Па извинете вака ама кој од вас би можел да го помине цел ден во учење? Плус немаме учебници од минатите 3 години за да го повториме материјалот. И ве молам престанете да не напаѓате.
     
    На sj *O*, CharmedGirl, queen19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    26.934
    90% од моменталните студенти. Да ти одговорам само. Продолжи си ти.
     
    На Nausicaa, Lella, Purplelilac и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Kenny

    Kenny Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Извини може не сум на факултет,али ние во 2 месеци треба да учиме за 12 предмети и плус да повторуваме материјал од 4 години по 3 предмети што немаме ни книги за прва втора и трета година. Мислам дека не е океј муабетов али продолжи си ти
     
    На queen19 и Ladyy* им се допаѓа ова.
  9. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Што ви е? Не ве можам. Баравте официјално ете ви официјално. Сте се фатиле за таа матура како слеп за стап и не пуштате а ич не ви мења нашата матура ништо у животот.
     
    На CindyAnn, sj *O*, Rakometar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Kenny

    Kenny Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Може да прочиташ уште еднаш па да ми вратиш пак? Нигде не спомнав дека на факултет не се учи многу ама ние ова што го правиме моментално вие не сте го правеле кога сте биле средно и не знаете како ни е нас моментално за да коментирате колку ни е лесно и дека немаме други обврски освен да учиме за матура. Немој да се навредуваш од нешто што не сум го ни спомнала фала многу
     
    На queen19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    26.934
    Полагавме матура. Така, да...
    Мислам, со овакви жалопојки колку имате за учење и колку ви е се тешко не знам, те солзи ми надојдеа. Како само вие да сте на овој свет што учат.
    Те укинале ви ја. Ајде удрите бригу на весеље па кај и да е ќе дојде август па па ќе зборете како имате многу материјал за приемен, па не сте го училе тоа. И така, магичен круг нема крај.
     
    На Nausicaa, Lella, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  12. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Ако ти сметаме игнорирај не, што ни се замараш? Ќе плачеме ти ако нејќеш не мора да ни бидеш рамо за плачење. Ич да не ти е гајле за што ќе плачаме и дали ќе плачаме! Не видов ја некој од учење да пожали, се пожалив од глупите презентации и преведувања и препишувања задачи од книга за џабе и пишување есеј секој божји ден. И не знам ама стварно не знам како можеш да споредуваш факултет со средно училиште. Како што средното не е исто како основно па сум се навикнала со тек на време и завршила со одличен успех така и ќе се навикнам на новата средина.
    И да не ти личи до вчера и ти си била средношколка ама изгледа многу бргу си заборавила.
     
    На sj *O*, idktbh, Kimberly11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Kenny

    Kenny Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Абе ајде полагате матура викаш? Да не ми кажеше немаше да знам дека сте полагала матура
    Како можеш од цел текст ти да се фатиш само за една реченица па и таа погрешно да ја сфатиш не ми се верува. Очигледно нејќеш да го разбереш тоа што ти го кажувам па не се ни трудам повеќе да ти се објаснувам што сум мислела мисли што сакаш
     
    На CindyAnn и queen19 им се допаѓа ова.
  14. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    И да додадам немате деца во прво одделение да видите како ги тормозат со глупости нив а не па нас, да имавте дете ученик ќе сфатевте
     
    На Kenny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    26.934
    А, кој ви кажа дека јас ќе сум ви рамо. Никој не се жали од учењето? Буквално тоа ви беше аргументот "имаме многу за учење, многу материјал е". Овоа со презентациите прв пат го гледам.
    Дали мислиш озбилно мене лично ќе ми се смени нешто во живото тоа што ти или некој/а од тука ќе (не) полага матура?
    Ако темава е стриктно за ваши врсници направите си една приватна порака и пишувајте си.
    И не сум заборавила како е во средно, верувај. Ама да се читате од страна како има работи пишувано како "честитајте ни". Зошто да ви честитаме?
    Ако мислете дека тоа е исправно, супер. Ние "тетките" од тука пак ќе си останеме со став дека не е супер.
    @Kenny душо, нареден пат потруди се да ме цитираш ако се однесува на мојот пост. И, не. Не ме навредуваат мислења на членови од анонимни форуми. Треба и вие малце да поработете на тоа. Да не си сфаќате си при срце.
    Не сум јас Адеми па да носам одлуки. Јас сум член што си кажува мислење.
    Имајте убава вечер.
     
    На macysh, cresa-jagoda, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  16. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Најпрво што да учиме ајде? Како ќе ме испраша? Неколку страни наназад има пишувано за тоа со што не оптоваруваат професори ама ти си замижала на таа порака и зборот учење го сфаќаш буквално. Ние правиме презентации, бизнис планови, пишуваме есеј македонски, странски јазик. Ние матријалот го прелетуваме. Ти презентација за таа лекција ти за таа утре пак исто. Материјал кој во нормални услови се изучува во 2 недели на професорите им е нормално да го дадат во презентации со рок 2 дена предавање кои патем не ги отвараат ама имаш плус ако ги пратиш.
    Не знам искрено дали ќе ти смени ваљда не ама со која причина ни викаш ќе сме плачеле не знам што? Глупи ли сме не знам у кои не класифицираш ние матурантите без матура.
    Далелу од тоа дека темата е да се чуе гласот само на матурантите можеш да го изјасниш своето мислење ама не и да не убедуваш како сме вакви такви..
    Инаку да ни честитате затоа што 38 страни се препуцававте и си го кревавте егото затоа што сте над нас (на факултет сте) и мислите дека секогаш сте во право за тема која за вас е одамна завршена.
    Океј останете на тој став нашете успеа и тоа е тоа не знам зошто уште на некои им е битно и се бунат против одлуката не знам од која причина мислам дека се способни да идат да се жалат зошто ние не полагаме а тие полагале да му умре козата на комшијата.
    Ја не гледам зошто уште се води дискусија за матура? За тебе одамна завшрено поглавје еве сега и за мене.
    И на тебе убава вечер
     
    На Kenny, idktbh и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Можеби ви е тешко да правите семинарски и презентации секој ден, ама шо знам, еве пример, ако во нормални услови сте биле на училиште, да речеме од 7:30 до 1, во тоа време можете да направите и презентација и да поднаучите, и тоа со паузи. Сепак не знам, можеби не е доволно времето, а и не знам кое средно сте и што материјал имате, ова како идеја само, можеби ќе ви биде полесно ако вака се организирате.
     
    На Iva9612 и Glowy им се допаѓа ова.
  18. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Прво да ви честитам на најголемиот успех во животот.:clap:
    А од оние што се радувате, 90% од вас во Август/Септември ќе се жалете како не можете да научете за приемен, оти ви е тешко, па ќе се жалите како оние со врски ги примале а вас не. Драги девојки, не сте само вие со сите петки. На факултетот што ќе сакате да се запишете има уште 1000/2000 како вас.
    Ајде, не се сеќирајте.:hug: Важно победивте (и јас не знам во што, ама ете.. да не испаднам дека сум била љубоморна). Браво што не знаевте да научете (повторите) 400 страни Македонски јазик и да повторите за времињата по Англиски јазик.
     
    На Mencia, Iva9612, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Честито.

    Само да не се жалите после.
     
    На cresa-jagoda, Pixi5, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Што е ова сите министри сте станале (facepalm)
     
    На Kenny и idktbh им се допаѓа ова.