Не се знае ништо. Некни ја прашав директорката ми рече дека се уште нема донесено одлука од МОн.. Кизнај шо ќе биди..
Aрбен Адеми изјави дека ќе се полага државна матура и ќе се запазат роковите за упис на факс. Од испитен центар веќе му доставиле предлог.
Засегашна потврдена изјава е дека се полага матура и дека мора да се има начин и место, значи каде и како. Ама сеуште ќе чекаме да слушаме што ќе надополнат и што ќе биде понатака. Ако нешто во меѓувреме се измени.
https://kanal5.com.mk/holandija-go-otkazha-polaganjeto-drzhavna-matura/a414706 За тие што велеа дека без матура не се може
Ништо не е за џабе,што сме ние роботи? Што ќе биде ако ја укинат? Ништо 3 месеци настава ќе губиме многу ќе ни биде тешко.
Со оглед на тоа што кажа министерот ми се губи надеж, но и јас сум засегната во ова па така да и јас се надевам дека навистина ќе се откаже, но не сакам предвреме да се радувам иако и јас сум за ама која петиција кај нас успеала
А зошто да се откаже ако ситуацијата се среди до зададените рокови за полагање матура? Вие можете дома да учите за вас, да се спремите за факултет и да ви биде многу полесно од следната година во однос на материјалот. И така полагањата не се само за материјалот од последната година, туку од сите четири. Доколку не се среди ситуацијата, разбирам дека е голем ризик и не треба да се одржат полагањата и ве разбирам дека сте изгубени моментално. Доколку се укине предлагам наместо тоа да има приемни испити на факултетите и претходно да се даде потребниот материјал за учење
Како една од тие што велат дека матура ТРЕБА да се полага, и бидејќи повика, да кажам дека ние не сме Холандија. И без се' се може. Ако ситуацијата колку толку се смири, не треба да се откаже матурата. Треба да се најде начин како да се изведе. За матура и онака треба да се учи, а предметите не се поврзани со некаква практика без која не се може на повеќето од гимназиските и стручните училишта. Може да се учи од дома. И треба, ако планирате да завршите и да продолжите понатаму со образование. Селекција мора да има, и не само да ја има, туку треба да биде основана. Секакви запишуваат факултет, завршуваат и земаат диплома, и ако ја снема и таа каква и да била селекција, нема да сме во последните рангирани држави спрема образовниот систем, туку последни. Има многу што да се направи и реформира, пред да се укине матурата.
Лошо е што повеќето на ваша возраст учењето го гледаат како мака, а не како нешто потребно. Со овој памет нигде нема да стигнеме, вие сте иднината и треба да се борите да најдете начин како да се среди ова, а не да одбегнувате учење затоа што ќе ви одземе од вашето скапоцено време наменето за инстаграм и факинг тик ток. Живела неамбициозноста!
Не сакав да те цитирам ама веќе кога почнавте да расправате. Еве ќе ја земам за пример математика цела тема која беше предвидена за оваа тромесечие а е тема од матура не беше предадена. Јас треба дома сама да седнам да ја учам? И не е само математика сигурно. Без таа тема јас ќе имам 4 и што тогаш тоа кажува дека јас не знам математика а сум стигнала да се натпреварувам математика на државно ниво
Можат да се поместат датумите, не е нужно тогаш да бидат. Ако мислите дека и на факултет ќе треба се да биде објаснето за вие да можете да седнете и да научите, тешко вас. Еве викате губите настава, не сакате да полагате. А кажете ми, како ќе го научите вие тој материјал што сте го изгубиле поради губење на настава? Пак сами, така? Не ви се мешам веќе, толку, ама ќе дојде и тој ден кога ќе не' разберете што сакаме да ви кажеме. Со среќа и се надевам ќе се запишете на посакуваниот факултет.
Не се објаснувајте ајде нема да разберат ни па да не убедат И чисто информатино на професорот во средно е должност да објасни и предаде се ова не е факултет
Читајќи ја темава, некој би помислил дека на одредени матуранти им е мило што ова се случува, само и само да не полагаат матура.