Не знам зашто мислите дека и покрај тоа што сте дома 2 месеци ви е потешко од тие што иделе секој ден на школо, се спремале за 12 предмети испрашувања, тестови и писмени, а истовремено правеле проектна и спремале матура. Па ви давале есеи... Мислам Знаеш дека на матура имаш повеќе есеи што треба на лице место да ги смислиш? И боље да немате матура, ќе попаѓате како круши. А за бизнис план, проекти сме праеле сите не знам зашто сте толку потресени. Која е поентата да учиш бизнис, а да не знаеш бизнис план да направиш? Или како ќе одиш на факс кај што бараат семинарски преку ноќ, а тебе сега ти е тешка една проектна??
И после одлукава од министерот они пак не убедуваат дека треба да полагаме убаво реков ја ако они полагале мораме и ние
Два месеци биле дома, ги тормозеле есеи и семинарски им давале . Па уште и честитајте ни се спасивме од матура и учење. Млади луѓе, во 21 век. Кога ве читам вака искрено жал ме фаќа. Дефинитивно не сте спремни за факултет, штом еден есеј и една семинарска ви пречи.
Па ако добро се организираат ќе знаат. Секако пред упис се пријавуваме на iknow, секој универзитет има прво електронска пријава. Наместо пријавите да се во август, може да бидат во јуни. Со самата пријава може да направат интерна мини ранг листа од каде ќе проценат секој факултет посебно дали има потреба од примен или не. Па да дадат информации за секој смер од секој факултет. По претходни години не можат да се ориентираат, тоа сигурно. * Под рангирање мислам и на она државна/приватна квота, не само кој ќе се запише кој не. Така што шансите за примен на скоро секој факултет се големи.
Ма у мај нека бидат. Да се запнат за учење,колку е тешко. Тек тогаш ќе знаат колку се спретни за тој факултет. Чисто ме занима кој колку заслужува да биде на тој факултет,не е за џабе приемниот ставен треба и одлика да дадеш.
Треба сепак да има порано известување за приемни, за да имаат време учениците да се спремат, не да кажат од денес за утре.
Каков и да е исходот од работава, се надевам нема да се случи општ хаос во септември при уписи и се надевам сите ќе се запишете онаму каде што сакате. Само не разбирам, што сте попосебни од студентите кои исто како вас ги очекуваат полагања?
Јас мислам дека ако има приемни, автоматски ќе има помалку конкуренција. Еве ако кај мене, аплицираа 500 студенти лани, мислам дека сега, поради приемниот (што најверојатно ќе го има), нема да аплицираат над 300. Ќе аплицираат само некои кои ептен сакаат да се запишат, некои кои се двоумеле, ќе си речат шо да ризикувам да паднам на приемен, ќе одам некаде каде што нема приемен и така.. Затоа е подобар приемниот, барем нема да се запишува секој некој. (не само на мојот факултет, генерално зборувам)
Интересно ќе биде кога сите што не сакаат да полагаат приемен испит ќе се затрчаат на факултети и смерови на кои наводно има помалку конкуренција (водејќи се според статистиките од изминатите години), па после изненадени ќе останат кога ќе им кажат дека поради големата конкуренција треба да си полагаат приемен испит.
Така ќе се зголемува конкурентноста на друг факултет, каде до минатата година немало премногу конкуренција. А и многумина (не зборувам за матурантите во темава) за да го избегнат приемниот ќе трчаат на неконкурентен факултет и таму ќе направат конкуренција. Како што кажав и претходно ранг треба да има и за државна/приватна квота.
Конкретно за наш факс не верувам. Колку без над 90+ поени одат на ризик да бидат одбиени и на среќа затоа што имаат желба тоа да студираат, не верувам сега приемен да ги спречи, кога и со резултати од матура луѓе пробувале. Ќе има многу интерес сега, кој има желба нема да се откаже, а и многу средношколци се 5.00. Ќе биде општ хаос годинава според мене. Чим лани со матура беше и една година екстерно, сега уште поужас. Многу беа пријавени 1000+ имаше кога гледав прелиминарните мислам. Ама не се сеќавам дали со тригодишните бевме заедно. И да сме биле 800 општа медицина сигурно беа. Мене од една страна не ми се допаѓа приемниот, сметам дека сега ако се остави на факсовите како што на испити има неправилности така и сега ќе е за упис. Со поените од матура се се броеше во iknow и мораше да има рангирање спрема нив, не можеа ништо да сменат со поените, електронски беше рангирањето. Колку е и добро укинувањето матура толку е и лошо. За некого ќе биде кец на десетка оваа ситуација (немој да мислите дека се ќе е регуларно и дека нема роднини на функционери, професори, директори на факсови итн и не знам ти кој да ги пикнат туку така и да се фејкаат резултати, Северна е ова, знаеме како стојат тука работите), а за некој обичен смртник ќе биде катастрофа. Во секој случај, со среќа. Се надевам ќе биде подобра ситуација за упис оваа година и сите ќе си бидете примени кај што сакате.
900 бевме со тригодишни, а општа 500+. Не верувам дека нешто ќе се смени, дури мислам дека и некои кои не биле примени минатата година, ќе аплицираат годинава повторно, така што ќе има доста голема конкуренција. Многу со 5.00, нема екстерно за да расипе просек со некоја 4ка. Неправилности при упис секако имало и ќе има, нив ни матура ни приемен не ги кочи.
Лелее колку беше глупаво, што оцените од екстерно влегуваа во просек, а екстерното укинато веќе неколку години.. Мене ми намали просек, 4ка една имав екстерно во прва година, за среќа не ми смени многу, ама некој поради тоа можеби падна од државна во приватна квота, или воопшто не се запиша. Мило ми е што повеќе нема да влијае.
За жал... Ама сепак, јас пред да се упишам окапав по факсови на студентски прашања зошто не бев сигурна дали да аплицирам таму или на друг факс, па си собирав искуства и мислења дека не бев задоволна нешо многу од матурата и баш за поените ми објаснуваа (сум ги нашла у добрите ), дека се е системски во врска со рангирањето и колку поени имаш така и зависи како ќе си примен, се зависело од конкуренцијата, па и ми ги пресметуваа и ми споделија нивно мислење. И баш тогаш ми рекоа дека професори не можеле нивни деца да упишат зашо не можеле да влијаат на рангирањето, па демек многу морале у Штип да идат ради тоа иако нивните работеле и на клиника тука. Као демек се зависело од матурата, кој колку таму ќе се снашол, после на упис ништо не можел никој да смени. Е, сега глеј ја иронијата, ако порано било системски и не можеле ништо да направат зошто се зависело од матурата, сега моќта ќе е пак на факсовите и ќе штимаат поени као сакаат и ќе примаат кој сакаат. Ова е чиста вистина и реално жално е каква држава сме.
Дечки (матуранти), мислам дека треба да дозволите ние што сме постари да кажеме мислење на темава, зашто веќе сме ја положиле матурата и нели, не прашувај гаталец, прашај паталец Дечки (студенти), зборувате како да сте заборавиле како беше во средно и како се спремавме за матурата. Може да не правиме паралела меѓу средно и факултет? Прво и основно, средно образование е задолжително во нашата држава, значи мора средношколците да прават проекти и есеи и чуда, за да покажат редовност и да добијат крајна оценка, барем прелазна. Исто и матурата беше задолжителна, значи мораше годинава да се најдат алтернативни решенија во оваа ситуација. За разлика од тоа, факултет не е задолжителен, што значи на сите што им е проблем годинава од Х причини, не мора да се запишат. Второ, ние што не сме среќни со онлајн полагање на колоквиуми/испити и онлајн одбрани, не мора ич да полагаме/браниме и никој нема тоа да ни го замери. Значи не се работи за тоа дека матурантите се привилегирани (како што кажа некој горе), него за фактот дека матурата е задолжителна и мора да се најде решение. Полагање колоквиум/испит не е задолжително и може да си полагаме во септември. Втора работа, изгледа заборавивте дека во средно имавме многу предмети од разни области и не секогаш ни беа погодени тие предмети - од физика и хемија до ликовно и музичко (зборувам за гимназија). А факултетот сами си го бираме (барем би требало сами да си го бираме, а не по паметот на другарките или родителите) и сигурно не се мачите толку со областа што сте ја одбрале. Мислам јас не викам дека не треба да се учи/работи периодов, напротив, ама многу луѓе ме демантираа (надвор од форумов) дека не се чувствуваат добро периодов и не се толку продуктивни како што биле претходно. Затоа имајте малце разбирање...
Точно така само што и средното си го бираш. Непотребно се учат многу предмети ама свесни сме за тоа уште пред да се запишеме. Околу продуктивноста периодов сите сме катастрофа претпоставувам ама обврските не те прашуваат. Кога нешто мора, мора. Мислам дека кај средношколците последните години фали подобра организација, приоритети и сл. Никој сериозно не го сфаќа образованието и се научени секогаш да се помине на полесниот начин. Пред некој да се пронајде и да ме нападне, имајте на памет дека пишувам од тоа што го гледам и слушам. Ова што викаш 'не морам сега да полагам, можам во септември' пример мене ми било недозволиво. Ајде сега е вонредна ама ако збориме за нормална ситуација јас никогаш не сум си дозволила да оставам предмет зашто ме мрзело или не ми се учело што не значи дека е правилно. Ама тие некои ситници го мењаат општо целото образование. Еве имам другарка што пропушта колоквиуми зашто и се спиело или не и се учело сеа. Па дај отпиши се и отстапи го местото на некој што заслужува да студира. А нормално ако некој мене ме прашува највиновни се младите, партиски примени професори. Од нив почна се и заради нив и беше екстерното тестирање. Заради нив патат децата, не бараат знаење зашто и самите го немаат. Старите професори нити не тепале како во Титово време (имало исклучоци), нити се заканувале туку со самата појава и начин на предавање имале авторитет и почит од нас. Ова сега е хаос.
Потешко е од причина што: Математика- професорката објснуваше на часот и клас како целина решаваме. А сега имаме 5 задачи домашно од лекција за кои сами треба да се снаоѓаме како да ги решиме и да препишуваме од книга. Македонски- есеј пишувавме пред писмена, а сега пишуваме секој втор ден се некои теми паѓаат од негде, додека кога сме на час работиме лектири, вежби, испрашување, нови лекции не е само есеј на регуларни часови. Бизнис- не по моја вина имам бизнис ама мора да се прави бизнис план за оценка мора сами дома да се снаоѓаме затоа што професорите ич не ги интересира не ни отвараат пораки, за бизнис ич не сакам да коментирам колку не е потребен во гимназија Англиски- пишување есеј есеј есеј или реченици не на лист туку во word граматика(читај препишуваме) во нормални услови пишувам само за писмена, правиме презентации за времиња и преведување фрагменти додека во нормални услови тоа не се дешава. Втор странски јазик- препишување реченици и одговори од книга во word и по некоја презентација обавезно за различни теми кои според мене се небитни. Филозофија- презентација презентација презентација рок два дена Да не кажам и кој предмет правиме презентација, предмет што ,,не постои” во нормални услови во вонредни заслужува презентација како се прави колут напред ете толку ќе кажам па вие проценете. За други предмети не сакам да зборувам И да имам во блиска фамилија ученичка второ одделение, ја толку не се замарав во второ одделение колку што нив го тормозат верувам дека и во нормални услови не биле толку оптоварени И да да напоменам секој професор кога му одговара праќа линк да се вклучиме запише кој е присутен даде домашно и ајде чао одржан час