Едно прашање до вас што сте на факултет и што сте завршиле факултет. Што толку вас ви мења тоа дали ние ќе полагаме матура или нема да полагаме матура? Не сте на наше место и не се расправајте и не ни кажувајте како ви било вас зоштооо не е истооо разбирате не исто како кога вие сте биле средно и ние сега што сме. Исто така не е исто на факултет порано како што било и сега како што е. И немојте да ми кажете дека не е така бидејќи имам сестра што е мн постара и има завршено факултет и знам како се учело тогаш и имам другари што се сега на факултет и знам како учат они сега не е ништо исто постојано се менува се и во основните училишта и средните и на факултетите. Плус не можеше да споредувате средно со факултет зошто не не исто. Не разбирам зошто упорно се расправате и ги вадите речениците од контекст и сфаќате како што сакате да сфатите, а не како што е напишано
Девојки,џабе си објаснуваме едни на други кога не се сфаќаме,они упорно мислат дека ние сакаме да нема матура затоа што не ни се учи,немате лоша намера знам,но неколку пати кажав,образованието не е како што беше.Ни даваат да извршуваме задачи,што нашколо никогаш не сме ги правеле.Пример англиски,4 години само читавме текстови и преведувавме,тие неколку што знаевме,другиве сите тапа и секој час едни исти работевме,а сега ни бараат да пишуваме есеи,пола клас кај мене не знаат што значи есеј...Македонски ни даваа пример денес 6 драми ни вика до утре да ми ги пратите раскажани,плус опис на сите ликови.Муабетот ми е дека не напињаат со непотребни работи.
Јас многу добро сфатив. Децата не можеле да се спремаат бидејќи 1. Имаат изгубено часови 2. Имаат многу обврски 3. Немаат учебници од првите три години Смешки. Буквално смешки. Изговори. Работава се сведува на ,,може ли следниот час". Затоа и не ме чуди што доаѓа од такви ученици. Вие што читате ве молам немојте да се лажете од ученициве (и родителите) со срцепареталните приказни како се многу оптеретени периодов со есеи, презентации и тестови, па немаат време за спремање. Дали сите ќе го игнорираме фактот што да беше нормална ситуацијава ќе поминувавме 6 часа на ден во школо, време во кое нема простор за спремање матура. За да им биде валиден аргументот ,,преоптеретени сме" треба да добиваат обврски што фаќаат 6+ саати работа. И @sanjaeva, те читав во темава, не ме дупи во здрав мозок бидејќи многу добро знам колку обврски се добиваат и колку време опфаќаат. И кога ги читам овде соучениците како се жалат за тоа единствено што можам да заклучам е дека цели 4 години се немаат за нешто самостојно потрудено па сега нешто многу им доаѓа. И доста со бајките за примени испити. Да бевте стварно сериозни околу вашето образование (и образованието на вашите деца) ќе го немавте ставот да се припрема еден приемен набрзинка, колку да не е без ич, да се запишат децата па ќе се снаоѓаат после. Ама не, фактот што сакате да го укинат моментално колку-толку најреалниот начин на рангирање, кажува многу за тоа во каква состојба ни е образованието и учениците. @sanjaeva Би ги разбрала соученициве на темата кои просто сакаат да го одложат тестирањето од матура до приемен испит од што не сакаат да се потрудат да спремаат во малку покомплицирани услови, ама ти? Нели треба да си загрижена што ќерка ти ќе ја стават во ист кош со тие со подарени оценки на ради реда направен приемен испит?
Ако стварно мислите дека не чини образованието, зошто досега не реагиравте? Да не беше коронава, немаше да ги пишувате ствариве дека матурата е џабе. Без корона, ќе ви одговараше матурата, да не се лажеме. Матурата е воведена пред повеќе од 10 години.
Дали некој има информација од денешната владина седница дали и официјално е укината државната матура?
Кај кого да реагирам?И да џабе е,затоа што се примени профеосри од 25,26 години што повеќето се другари и другарки со учениците,па на матура им ги решаваат тестовите на повеќето.Можеме да си контрираме тука до сабајле џабе е,ние ја знаеме реалноста.
Кој ќе ме слушне мене една ако кажам нечини? Професорите се плашат за своето работно место, учениците се плашат од казна бидејќи ќе добијат закана од професор ама ова е ВОНРЕДНА состојба за која се свесни и од МОН и не е за џабе
И да секој кој сака упорно матура нека си се покаже на приемен. Секако ќе бидат исти или слични темите како за матура но овој пат за предмет кој стварно те интересира а не македонски или условено математика/англиски. Можеби сакам историја ама морам да бирам математика/англиски..
Како извртуваш? Кај кажав дека чини реков кој ќе ме слушне мене како ПОЕДИНЕЦ. Те читам во други теми исто извртуваш зборови и вадиш од контекс
@Tan4ence Ќе го земам за пример за воздухот што беше фамава со малку закани не вратија во училниците!!
Да си ми жива и здрава.Ретко кој има храброст да се спротистави на професор,а не па на некој шо е на повисока позиција.Од секое училиште дали 10 ученици би се побуниле.На зборови сите ги има,сите се жалат,а дела нигде..
Јас пак ќе прашам, дали ти имаш полагано матура? Ако одговорот е да, на колку ученици успеа професорот од 25 години шо го кажуваш да им ги реши матурските тестови? Ако одговорот е не, како тоа ти ја знаеш реалноста кога не си видела нешто такво со свои очи? Не да ми раскажуваш искуство од комшијата на вујко ти па внук шо ти кажал, туку ти дали си го минала ова или само напразно да се пише нешто?
Тестот е ист ха, ако професорот го реши за еден ќе го реши и за цел клас. Исти прашања и исти одговори.
Како ќе го реши за сите, ќе се довикува на сред полагање додека комисија ги набљудува? Стварно си немате поим што зборите.
Ај олабави малце со понашањево,ти кажувам искуство од блиски луѓе,а и истото нас ни се збори од страна на професорите.Е сеа дали е само кај нас овака тоа не знам.
Не знам дали си во гимназија или стручно, но за гимназија можеш да одбереш историја или екстерен или интерен. За стручните не сум сигурна како одат предметите, имаше некои посебни. Според мене најголем проблем со испитите за матура се прашањата каде се пишуваат сопствени одговори бидејќи тие најмногу подложат на манипулации од лицата што ги прегледуваат тестовите, односно знаат да бодуваат како им дојде, ако е формулиран одговорот поинаку од нивниот ,,клуч" па ќе оштетат солиден ученик што има добри одговори пошо многу многу и не се замараат. Да се направат целосни како едните прашања што имаш дополнителен лист кај што се шкртаат едни кругчиња ќе биде далеку пофер бидејќи таа шема компјутерски се прегледува, па нема можност да наштетат некому ако има точен одговор. Мојата генерација поминаа сите различно, во моето средно не можеше да се писне, камоли препишува. Ама во други школи... Исто така, математика поминаа ужас, 2-3ки сите