Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Да, затоа што има толку време да се реши и препише и на порака.

    Готово, јасно е дека на памет си збориш.
    Со луѓе кои немаат ниту еден аргумент, дискусијата тука завршува.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  2. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Можеби во твое време не смеело мува да прелета ама сега кажуваат кога иде некој од надвор да ги скријат телефоните. Не си слушнала за вибер групи очигледно со кои масовно се препишива. Оди на фб има матура 2019 скролај до мај/јуни 2019 па да видиш како се препишува. Ја лично видов како другарка решаваше на сестра и за КРПЕН ЖИВОТ македонски.
     
    На CindyAnn, sj *O* и Ladyy* им се допаѓа ова.
  3. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ајде и од мене некој совет како студент и ваш иден колега :) . Јас полагав матура и искрено да ви кажам од четврта година второ полугодие одевме на школо додека ја презентиравме проектната , а после тоа и да бевме присутни ни еден саглам час не го одржавме , а најмалку се подготвувавме за матура . Повеќе се спремаме за прослава отколку за полагање . За матурата јас а и некои мои соученици се подготвувавме од учебникот за матуранти по македонски , а за останатите предмети ги извадивме прашањата што се за матура на интернет за 6-7 години наназад и според нив учевме , повеќето се повторуваат , за толку спремање извадивме горе доле добри резултати . Епа на овој начин може да се спремате и вие иако не одите на предавање . Друго да ви кажам од мое искуство ( без некого да нервирам ) подобро да извадите некакви резултати од матурата и да се спасите до крај на јуни отколку да бидете во неизвесност до септември .И уште една информација сега на факултет , дури и во државна квота влегуваат и со тројки на матурата ( лани моја другарка се запиша на ФИНКИ во државна квота со две 3ки, две 4ки и една 5ка од проектната ) А приемен кој не го искусил не може да каже ( па ни јас ) ама мајка ми била последната генерација што полагале приемен и од нејзино искуство никому не би му препорачала да има приемен . Сакам да ви дадам совет ,ако некој ве праша за матурата подобро да си прифатите :). А министерот на своја рака не може сам да ја укине матурата, ние сме парламентарна држава , парламентот ги носи законите и тој мора да ги укине , ако се сеќавате така беше и за екстерно , ние како матуранти го поминавме екстерното во февруари , а почетокот на мај министерката за образование даде предлог во парламентот и тие гласаа за укинување .Така да тоа што го кажал министерот не ги сваќајте со 100% сигурност .Поздравче и без нервози !!!
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.217
    Допаѓања:
    112.003
    Пол:
    Женски
    Сериозен е министерот дека ќе ја укине матурата? Сега слушнав на вести.
    (facepalm)
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Конечно нешто реално да прочитам.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Парламент ние немаме моментално владата носи одлуки и уредби а министерот е дел од владата
    *не морс да следиш политика за да знаеш дека кога има техничка влада нема парламент
     
    На CindyAnn и Ladyy* им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    О, кај нас комисијата доаѓаше и викаше решете им на децата греота се.
    Се јавуваа некои тестаторки и трчаа со телефоните и сликани тестови од средно медицинско за да им ги решат на тие што едно дело немаа прочитано. И есеи се пишуваа, кој по роднини, кој ваму, таму, сите со телефони у рака беа.
    На англиски само имавме строга тестаторка. Затоа и тоа само паднати имаше од моја просторија шо беа. Ама во сите други се препишувало на велико и ниеден не падна матура дури и 4ки извадија...
    На другите предмети каков препис имаше...
    Македонски највеќе, таа од комисија и тестаторката трчаше со телефонот у рака и сликани тестови со одговори и викаа ајде кој нема напишано брзо брзо, низ сите училни да идам да читам, ајде сите да напишете, ви читам одговори. Тие шо дело немаа прочитано, препишаа се и добија исти оцени и перцентили со нас што 4години читавме дела и не препишувавме матура.
    Да не се нервирам на темава ќе завршам со постов, многу бев лани нервозна ради оваа матура, колку само беше неферски и колку сфатив дека џабе ти бил цел труд што си се трудел 4г и си се мачел, за на крај со препис да испадне сите исти да сте. И испадна работата снајди се па живеј.
    А, да и вибер групи имаше. Таму сите тестови ги имаа сликано многу. Ме имаа ставено и на фб у некоја исто, знам дека напорни беа цело време нешо постираа и излегов.
    Дел од групата за биологија и колеги ми се сега. А како добиле 5ки биологија, лесно е тоа, биле дел од тие групи. :)
     
    На BlackMistery, idktbh, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  8. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    А каков проблем имате ако се запише некој и без матура и без приемен? Мислите ако не сака да учи ќе заврши? (facepalm)
     
    На CindyAnn, sj *O*, Ladyy* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    @Purplelilac бараше мислење од лице директно инволвирано повели
     
    На CindyAnn и нво организација им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Да. Се надополнив и за вибер и фб групите. Жива вистина е тоа.
    Имавме тестаторка по физичко што предавала и кога полагавме биологија рече не знам шо да ви помогнам ја за биологија, земете телефоните, консултирајте се по тие групите на фб и вибер, ајде снајдете се.
     
    На BlackMistery, idktbh, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ти кога ќе ми кажеш како ти се вика организацијата или ќе ме игнорираш во секоја тема?
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Ladyy*

    Ladyy* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    Секако никој од нас не може да одлучи што и како ќе биде годинава.
    И значи вие кажувате примери како било кај вас пред 5 и повеќе години а сега е многу поразлично од порано.
    Имам примери како било пред 6години и тој што стварно учел не се тргал од книгата,премногу материјал,проектни,презентации и се друго јасно ми е.
    Но и не може да се споредува ситуацијата од порано и сега оти се е различно,буквално времето е сменето.
     
  13. нво организација

    нво организација Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Можеш да прочиташ во претходните коментари како се вика здруженито!
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Верувам дека било така само стварно ме интересира дали тебе ти смени тоа нешто за факултет? Да се вратиш сега назад би полагала матура или приемен?
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Абе остај го, трол.
     
    На buba4e89, ElenaOfRivendell, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Зошто се нервираш толку? Претставуваш невладина организација, може сакам да ве поддржам. Ништо не успеав за вас да најдам по интернет.
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на матура, мнооогу повеќе препишување има, отколку што би имало на приемен.
     
    На sj *O*, CindyAnn, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. нво организација

    нво организација Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Воопшто не станува збор за нервирање тука само беше одговорено дека да ги разгледаш претходните коментари се ќе ти стане јасно кои сме и за што се залагаме. Сепак мислам дека во оваа тема Матура 2020 не треба да има реклами на здружениа.
    Срдечен поздрав
     
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Ни матурантиве од форумов не знаат за тоа здружение, значи таа анкета или што и да е, не е фер спроведена (ако е спроведена), бидејќи тие не добиле инфо дека има анкета, па да дадат мислење. Тајна е изгледа. :D:D
     
    На cresa-jagoda и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Ми смени многу затоа што бев првенец на генерација, а поради матурата сум приватна квота на факултет. 6години да плаќам по 400 евра ме кошта таа матура, но тоа е што е. Барем ме примија таму кај што отсекогаш ми беше желба и зад мене е цел овој циркус со матура и уписи, па парите мање битни. Ама можев да заштедам цели 1200 евра ете. :)

    Не препишував, се мачев сама да решавам (освен биологија признавам, со другар ми за некои прашања се консултиравме дали иаме исто мислење, пошо малце беа зезнати, но нишо појше од тоа), до крај седевме 3-4ца последни, препотени у сред јуни, со саати решававме и на крај испадна исти оцени со тие уште одма што препишаа и си отидоа.
    И да, другарка ми исто 5.00 освен една 4ка од екстерно, малку што имаше пониски перцентили од мене на матура беше одбиена на општа, а инаку девојчето капацитет беше, гарантирам пошо 4г учеше со мене и добро знам колку посветена беше на учењето.
    Ете тоа и на многу други им се деси од тоа препишување низ целата држава.
    Знаејќи како и на факс се местат работи и се полага, не знам искрено и приемен дали ќе беше подобар.
    Вака ако ништо друго барем јули и август и септември бевме слободни, а така ќе требаше цело лето да се спремам за приемен.
    Не дека и така летото пред уписи не е стресно, но мислам со приемен уште постресно ќе ми било.
    Стварно не знам.
    Бидејќи уште се нема спроведено приемниот и не знам како ќе биде и дали ќе е вистина реално спроведено, засега одбирам матура, а после откако ќе се спроведе приемен и ќе споделат искуства во темава овогодинешниве матуранти, ќе направиме убава паралела на матура и приемен. :)
     
    На BlackMistery, cresa-jagoda, CindyAnn и 8 други им се допаѓа ова.