Не е муабетот за реклама. Кажа дека сте имале анкета, резултатите колку што памтам вчера требаше да ги објавите. Не гледам како им помагате на матурантите. Повеќе ми личиш на активист на умс во секоја тема.
И јас сум лице кое ја минало матурата, така што не ми треба мислењето на Дрим за да знам како оди. Реков веќе еднаш дека знам дека има препишување, ама до степен како што вие си филувате дека професор ќе седне на сите да им решава тоа може да им го кажете по дома на мама и тато, зашто тие не се запознаени па може да ви веруваат а мене - не. И да, навиката за споредување со другите ќе ви остане засекогаш. Гадна навика инаку. Додека некој ќе сака да се доближи до огласна табла за да си ги види сопствените резултати, вие ќе висите за да ги прочитате резултатите на сите колеги и да се споредите со истите. Додека некој си гледа за себе, вие секогаш ќе гледате за сите. Заморно и истоштувачко, а воедно и забележливо и очигледно. @нво организација Ти до кај си со истражувањата твои?
Па јас искрено и следам политика , за разлика од други што по цел ден седат на форумов и контрираат.Само да ти кажам техничката влада пред некое време донесе одлука пратениците , судиите .....да примаат минималец додека е оваа криза , а денес уставен оваа одлука ја оспори , така ако МОН и техничката влада што и да одлучат уставен можи да ги отфрли ( што не е случај ако одлуката ја донел парламентот)
Никаде не беше споменато дека ќе бидат објавени во текот на вчерашниот ден, но беше споменато дека ќе биде објавено во текот на оваа недела
Значи исти оцени се добиваат со учење и препишување колку што сфаќам. Многу амбициозни сите станале, браво. Кај нас во генерација искрени си беа школските. Не се препишуваше на матура ама општо за средно си кажуваа да препишам за 2-3ка,да не останам на полагање и затоа не се лутевме, дури сме помагале. Ова сега...
Дрим лаже готово. А не ми е јасно каква врска има се напишаново со темава? Вие споредувате ваше време со наше не обратно.
Абе што знам, па мене ми е океј да нема матура. Или да се одложи. Како ќе ја полагаат? Нема секое дете компјутер, ниту интернет, ниту пак нов телефон. Еве, мојот четири години стар Алкател не поддржува зум. Бидете реални, не сите деца имаат исти услови. Куп солидни деца едноставно ќе паднат матура зошто немаат технички услови онлајн да бранат матура.
Па да, затоа што во групите што беа, ги имало цели тестови решени. Сега е тоа доста олеснителна околност, сите со телефони и интернет сме, па многу лесен начин на препишување е. Цела Македонија беше у тие групи. Али џабе е сеа да збориме за тоа, кога матура очигледно веќе нема да се спроведува. Било шо било.
Ќе ги викнат на школо. Наместо во еден ден, ќе полагаат во 5 дена. Ќе одржат дистанца од 2 метри. Време на претек имаат, нека не продаваат муда за бубрези
@fana, ако дозволи власта, јас сум за Изводливо е, само јас сум скептик дека ќе се замара некој тоа да го организира. Вака, одложи матура е најлесно
@Purplelilac не знам зошто упорно потенцираш една иста работа. Помири се дека има препишување, тоа е факт. И да, професор ги решава од дома (не тој што е во училница) и после ги праќа на фб или вибер група да препишат сите. Сама бев сведок на тие работи. Такво препишување во живот не сум видела, а нема ни да видам. Затоа сум против матура и да криво ми е што за да се откаже матурата требаше да се случи ваква пандемија, место самите ученици и професори да се побунат за релевантноста на истата па со време да се изнајдеше соодветно решение. Последиците од оваа избрзана одлука ќе ги сносат идните матуранти за жал.
На кое дно сме паднати професор да седи дома да решава, па да праќа сите да препишат и да извадат 3-4ка на матура. Цццц Дефинитивно треба да се укине матурата и да се смисли нешто ново. А тие сите т.н. професори да се засрамат и отказ да си дадат зашто ова е нивни неуспех.
Онлајн е катастрофа, другар полагаше пред некој ден колоквиум, па паднал системот од преоптоватеност, не се отварале прашањата, па интернет му снемало на некого, башибозук бе. Матура да се спроведува онлајн, некако мислам дека не е изводливо баш.
Може у некое школо ете стварно строго држат, не знаеме кај @Purplelilac учела и полагала и кога полагала. Али ете лани вака беше во 95% од школите, сите лани шо полагавме добро знаеме. И тоа е што е, помина веќе, али што да очекуваш кога професори поддржале ваков начин на образовен систем. Доволен приказ на тоа колку ни е пропаднато образованието.
Не знам колку ја следиш дискусијава, но јас не сум таа која не се помирила со препишувањето, туку идниве академски граѓани. Јас велам има препишување, ама не до тој степен за сите да завршат како одлични, бидејќи тука така го претставуваат. Воедно јас сум сфатила дека има неправди, ама тоа не ме спречило да продолжам да си гледам исклучиво за сопствениот успех, а не за туѓиот. Нешто што за нив е незамисливо. Токму затоа и го пишав делот со споредувањето, па кој сфати - сфати.
И утре тој што препишал и со пари или партиски ќе успее ќе те згази како мравка Ако ти си се помирила со тоа не значи дека сите треба да го прифатиме тоа
Тие ќе те згазат и вака и така. Среќа, па таквите се задоволуваат со административна плата и цел живот на истото столче.