А и јас се помирив со препишување. Зошто ако сите препишуваат јас да не препишам? Јас да добијам реална 4 а тие лажна 5 и после тие да се издигнат над мене? Логика?
А што ќе смени ако му ги знам сите оценки на колега/колешка? Или што ќе сменам ако знам дека препишувале? Апсолутно ништо. Ако некаде вработуваат партиски, па и подобро тој што препишувал „да ме згази“. Не ни сакам да работам во таква средина. Ако сум квалитетна, ќе си најдам и соодветна средина во која ќе можам да се надоградувам, а и која ќе ми претставува предизвик да работам. Тука се одјавувам од темава. Извинете, ама го немам слободното време на вас матурантите шо сте против полагање да се објаснувам 24/7. Убав остаток од денот.
Сакаш ли да ти кажам мајка ми што работи со завршен факултет со висок просек а никогаш не била партиски ориентирана?
Јас уствари овој дел не го разбирам: Имаш ученик со просек 5 и имаш ученик со просек 4. И двајцата вадат исти оцени на матура, првиот со учење, вториот со препишување. Нели овој првиот пак има предност при упис?
Па да. Ама се зависи од перцентилите. Имаш 4ка со 50 и со 80 перцентили. Кои носат по 2 +/- поени. Ако вториот има појаки перцентили може и предност да има пред тој што бил со просек 5.
Повеќе поени намалува матурата, отколку успехот. Пример од искуство, јас имав сите 5ки,само една 4ка во прва година од успех, и сите јаки 5ки на матура. Другарка, и сега колешка, немаше ни една 4ка од успех, а на матура само една 4ка и тоа со високи перцентили. На крај, јас имав еден поен повеќе. Сакам да кажам дека нејзе 4ката од матура, и намали повеќе поени - од мене 4ката од успех.
Па не баш, едната имаше околу 52 од 60 поени од успех, 35 од 40 поени од матура со препис, вкупно 88. Другата 60 од 60, а 28 од 40 без препис. Не е толку голема предноста, да препишеше уште малку, ќе беше и над.
Јаки ученички сте биле и двете, не дека едната заслужила помалку од другата. Тоа околу процентите како се рачунаа не можев да се сетам. Во секој случај слаб ученик никако не би можел да земе место на добар ученик.
Секако дека не може, едно девојче со релативно слаб успех кај мене, се отепа од препишување, под 4 немаше на матура, и на крај пак имаше 80 поени, што за на мој факс беше малку, со оглед на тоа што последниот примен беше со 90 мислам.
Реална за жал. Слаби 4ки и 3ки, кажа Дрим разни вариации. Другава јаки 4ки и 5ки, со простор за повисоки, ако препишеше уште.
Не знам, 2ка ете, со оглед на тоа што мислеше дека еден јајник имаме, не верувам дека имаше некоја си основа од “претходно учење”.
Па доаѓаме сеа до муабетот зашто тој ученик со 5 просек извадил толку слаби оцени? Можда и не ги заслужил тие оцени четири години или? Не знам луѓе, знам дека е стресно ама ете да не зборам за други ќе кажам за мене. Јас да сум одлична, да учам, да се спремам јас би полагала. Зашто и да нема матура тие со врски и вака и така ќе се запишат. Вака има шанса да извадат помали оцени и да си го добијам местото. Препишување, корона и сл не е доволна причина да се откаже сепак според мене. Мора да има критериум за избор било каков.