Му има текнато и него или на некој околу него. Ама не се замара. Многу излегување од комфорт зона му е, не дека реално му е гајле за тебе (и за сите други матуранти де).
Хахаха неееее, кажи ми дека не е точно ова. Omg Јас имав една што мислеше дека Мк искача на море. Затоа бе луѓе ви викам не се плашете од такви. Тие се толку глупи што нема ни да дослушнат убаво, нема да можат ни да препишат. Спремајте си се исто како да треба да полагате, па ќе видите како ќе заврши ова.
Може и да учиш, и да извадиш послаба, се случува. Не е само до прашањата, многу кратат на есеите, што зависи и од тој што прегледувал. Професорката баш ни рече, јас можам да сметам дека есејот ти е за 5, а тој што го прегледува за 3, и обратно. А и ептен зезнати прашања имаше, биологија особено.
Апсолутно, истото прашање си го поставив, но различен е критериумот за оценување кај секој професор. Но сепак имал 5.00, не верувам дека како ученик бил труп и ништо не знаел. Јас, лично како единствена причина за откажување некогаш на матурата ја гледам само нејзината лоша реализација. Стојам зад тоа дека мора да има некој критериум за избор.
Јас бев баш 2017та генерацијата што полагаа, можам со сигурност да кажам дека не беа воопшто за потценување прашањата. Во школо многу многу не се замараа професори со нас да ни објаснуваат и да не спремаат за полагањата, секоја чест на исклучоци кои беа достапни доколку ти требаше помош, но беше оставено се на нас. Учевме по прирачник и учебниците од средно, но ги вежбавме и тестовите од минатите години и дефинитивно мислам од таа 2017та генерација ги направија потешки тестовите.
Да им беше до учење, сами ќе побараа материјали, не да ги молиш. И јас имам книги, ама јок, не би помогнала.
Ние бевме втора генерација, искрено не памтам да сме имале прашања како пример. Еве сега читам ги имате тестовите од претходните години. Ние го имавме само тој прирачникот и повторувавме од претходните години од книгите. Професорите беа поисплашени од нас и само не жалеа. Ми беше стресно ама најстресно у живот ми беше усен испит на факс за книга од 1000 страни, па положив со 8ца. Кога ќе помине ќе сфатите дека сте се нервирале без потреба.
Се надевам дека на приемен, нема да има толку глупи прашања биологија како што имаше на матура. Чичко ми е професор по биологија, и многу се мислеше на некои прашања, ептен беа двосмислени.
На факс толку сложени колоквиуми не ни даваат буквално. Прашањата којзнае од кај им беа ископани биологија. Кога ги видов ми се стемни, не ме потсеќајте пак, трауми имам.
Вие не знаевте од старт дали ќе ја укинат и воопшто не рековте: Дечки дајте кој е средно или ги има книгите, кој може да ни помогне со материјали, за секој случај да ги имаме. И чисто да знаеш, некои веќе спремена им е 80%, не чекаат 5 до 12, и сега цел труд у вода им паѓа. За што?
Се согласувам.Јас сум за укинување на матурата како што рече ти,поради лоша реализација,а не ради тоа шо не ми се учи,немам време за учење или слично.И мислам дека 90% сме со вакво размислување.
Смешни сте со репликиве,еве и јас се спремав,учев и?Не ми падна у вода ја тоа ќе си го знам за у иднина.Како може да сте толку негативни и у секоја тема да најдете причина за рчка не сте можни.