Колку сте се запнале со тоа препишувањееее, како вие ради тоа да не сакате да полагате. Нема да биде праведно нели за вас големите обожаватели на учењето Да знаете само колку луѓе завршуваат факс со препишување и да изнајмуваш бубица е најдобар начин за добивање easy money, па еве не плачеме ние што седнуваме и го учиме материјалот без кукања.
Ширум светов има матура, ама кај нас ич не е како што треба организирана. Од препишување, до глупи прашања, па нереални без везе поени, па приговори,жалби,чуда. Не е воопшто добро реализирано, иако е со добра замисла.
Нигде де... Ама се паѓаат на матура. Мене делот за литература ми беше прелесен баш зашто ги имав прочитано делата. Затоа викам, матура се спрема однапред.
А дали сфаќате дека делата од пред кузне кој век не ни требаат за во иднина? Што врска имаат делата за на факултет,дај ве молам....
Јас ги согледувам одлично,и на тестови онака се препишува,па ништо не викаме,пошо тоа шо ќе извади соученик,ништо не ми мења,а матура е друга прича
Не ти требаат за факс, ама мислам дека е од општа култура добро да ги имаш прочитано, не зборувам за матура инаку, да не бидам погрешно сфатена, мое мислење е дека се добри поради тоа.
Еве го вистинското размислување на еден просечен Македонец. Нема да ти треба за на факултет, ама ти треба малце способноста за читање и разбирање да ја развиеш, да научиш нешто повеќе за историјата што се крие позади зададеното дело, исто да ја развиеш и способноста за изразување на мислите. Ама кој има сега време да чита книги? Посебно класици? Чувај Боже од тоа, подалеку...
Што е добро да знам 1. Зошто Раскољников ја избегнува газдарицата? 2. Каде Раскољников објаснува дека е „необичен човек и човек роден за големи дела“? 3. Со какви желби е исполнет Раскољников на крајот од романот? 4. Во кој град се случува дејството во романот? 5. Во кој век се одвива дејствието во романот „Злосторство и казна“?
Ако немаш домашно воспитување,нормално ќе немаш ни култура. Не е се во лектирите,некој не е способен да ги прочита а камоли да стекне нешто од тоа.
Абе добро тоа хахахахах, мислев светските класици, а и некои наши добри книги, како Пиреј на пример. Ме насмеа за Силјан