Каде јас пишав дека го немам прочитано? Како вадиш такви работи? Повели одговори ги прашањава ја лично не можам сите.
Па да, ако ја имаш прочитано остануваат во меморијата. Ова е еден од најдобрите класици, штета е ако не го знаеш одговорот.
Значи сакате да кажете дека 4 години спиевте на уво дека можда таму у 2020 ќе се деси нешто и нема матура да има и ај нема да учиме, ќе учиме тек у мај 2020 ако сепак има матура. Македонски треба да ги имате прочитано делата, да имате познавања од литературните правци граматиката е помал дел. Втор екстерен го бирате сами помеѓу два. Математика бирате ако ве бива. А англиски не е дека дела од Шекспир ќе обработувате Третиот исто го бирате според тоа кој предмет ви оди најмногу и имате желба да студирате понатаму од таа област. Што значи, од него имате барем 40% знаење од тоа за матура. Интерниот па да не правам муабет. И ако ги собереш сите работи, на пола и повеќе ви се скратува материјалот за матура. И јас мислев дека е многу потешко. Тешко е за тешко, ама имав сепак доста предзнаење. Многу работи не се битни негде. Мене не ми е битно кој победил у Прва светска, на друг не му е битно фотосинтеза како се одвива. Ама ај ако не, на секој по ќејф ќе му одиме што му е битно. И на факултет ќе учите небитни ствари.
Пре би одбрала да читам некоја книга шо стварно ќе ми донесе некое знаење него некоја шо ми рекле од школо дека треба.Пошо реално од денешново образование ништо освен затупуење мозок.
Ете пак се потврдува моето излагање за тоа зошто е потребно читањето на книги. Да ја имаш таа способност за разбирање на книгата развиено, нема да ти било проблем да го сфатиш делото. Вакво дело не е нешто што се заборава лесно. Кај сум нашла јас на вас да ви објаснувам не знам...
Ти препорачувам да ги отвориш тестовите од лани и тестовите од твое време дали се иста тежина. Книгата се исти ама дали тестовите се на исто ниво.
Епа учи и нема да ти биде тешко. Од една страна многу било тешко, од друга се препишувало, кецаши добивале 5ки и шо ти знам. Човек крајот да не може да ви го најде.
Многу ги вадиш работите од контекст правев муабет општо нигде не го спомнав Достоевски,напротив еден од омилените ми е после Гијом Мисо.Реков за образованието у глобала дека е затупуење мозок.
Кога ќе ми ги одговориш прашањава дури тогаш ќе ти кажам дека си во право. Ако не се заборава лесно покажи се,
Не знам. На пример за развивање кричика мисла, развивање емпатија, согледување на работите од друга перспектива. А може и само колку да се пополни простор во тестот. Гледаш...различни перспективи.
И уште не сфаќам лично тебе што ти менува немање матура 2020 за да има 45 страни на матурантите не им се учи . Криво ли ти е што полагаше?
Таман мислев дека почнав да сфаќам што сакате и зашто ви е тешко, ме разочаравте. Ова стварно преку леб погача. Дај ако не да ги прескокнеме сите церемонии матури, дипломски и да ви дадеме по една работа со добра плата и да продолжи животот. Зашто книги, зашто лектири, зашто препишување... Илјада изговори. Зашто така некој одлучил дека треба да биде. Не за вас пошо ве мразат туку за сите генерации претходно. И сите сме поминале низ тоа и еве не живи и здрави, не сме разочарани од животот, секој се снашол како може да преживее. Тие што останале да плачат и да се жалат ене ги кој по партии, кој по психијатри, кој чека дома од мама и така.
Епа не секој е роден филозоф. Наместо да се истакнам во мојата област јас треба да учам и кртички размислувам во кој град се случило дејстовото и кога во кој век
Секако дека не го бива секого за се. Затоа има оцени од 1 до 5. Тоа што кај нас се инсистира да сите поминуваат со сите 5ки е еден од најголемите проблеми во нашето образование. Наместо да се насочуваат студентите кон тоа што ги интересира. Но, доколку си општа гимназија треба да се има некоја основа за општи работи. А Достоевски е една од тие работи.