@queen19 Дејството се одвиваше во Санкт Петербург, не ми текнува кој век точно ама сигурно е или крај на 19 или почеток на 20 век, не ви бараат години сигурно. Припаѓа на правецот реализам и логично е во кој век е дејствието.
Јас отворено кажав дека не учам додека не се каже официјално има или нема еве и кажано е. Ја не бегам од учење, ама од ова ќе испаднеше учење за џабе така да со која причина да учев. Ја ти одговорив повели твојот ред е
Ако си читала со разбирање треба да ги знаеш и одговорите на другите прашања како например со какви желби е исполнет на крајот на романот или зошто ја избегнува газдарицата. Тие тука што се силат не можат да одговорат според клучот дај те молам
Па дај не идете воопшто на школо зашто и таму учите предмети од сите области и дома стриктно читајте книги од тоа што ве интересира. Јас сфаќам дека не секој го бива за сe', ама дај човек ќе помисли во таа една област гении сте па сега премногу сте вие паметни за со глупости да се замарате.
Зошто намерно извртуваш се? КОНКРЕТНО збориме за матура и тестови од матура, а не за одење во школо. Јас уште чекам одговор од тебе за лектирите затоа што нели не се забораваат и одговор на тоа што ти менува матурата
Ти кажав, со учење од прирачникот лесно ќе се потсетиш ако ги имаш читано. И јас не се сеќавав на се пред да седнам да учам. Дело по дело поминував и се присетував. Ама го немаш ни отворено нели? Мене не ми менува. Ви кажуваме каде грешите и малце да ја симнете главата од облаци. Ама океј, криви сме што ви укажуваме. Туку... Биологија избра екстерен? Од што го знаеш или на тепка?
Ќе се потсетам дека ја избегнувал затоа што не и плаќал кирија? Баш ќе проверам дали тоа има во прирачникот
Никаде не е објавено дека официјално е укината матурата. Министерот кажа дека една од опциите е да се укине целосно. Не скокајте одма. Може ќе се смени нешто во последен момент.
Е! Уфф и те како. Посебно со ова катастрофалната промена во основното образование. Дебили прават од децата на сила со тој наметнат западњачки стил на учење. За средното колку што знам програмата е таа ама професорите се дебили. Пропусти на сите страни. И баш затоа ви укажувам цело време каква разлика има од пред 10 години и сега. Не дека ви љубоморам дека јас сум полагала, а вие нема. Бог да чува, јас сум пресреќна што сум родена во тоа време. Преку пример со мојата доста помала сестра ќе ви опишам како се осеќам кога ви објаснувам. Учи географија, ја испрашувам и ми вика постојат 8 планети Е кои се и викам? Ги набројува сите, Плутон не ја кажува. Кај е Плутон? И се расправаме пошо јас сум учела дека се 9. Ок, гледам во книгата стварно е така и сеа сакам да и објаснам за Плутон да и кажам информација плус, дека порано беше во сончевиот систем... се лути да не ја замарам со глупости едвај и тоа го учела, па шо и било гајле на неа за порано, па дали јас знам колку било сега тешко.... А ги гледам тоа книгите смешки. Нема лекција да седнеш да ја набубаш туку цело време нешто преку примери, демек преку задачи... Мизерија. И сеа седнало детиште пред мене и ми се жали на тие глупости, а јас знам како било и како е сега ама оди докажи и дека да била родена малку порано едвај и основно ќе завршела со такво учење. Друг пример: Имам 2 другарки (они две не се дружат) на доста тежок факултет. Едната ја гледам само преку лето и можеби околу Божиќ, девојката е со над 9 просек, презадоволна од професори, пракси и сл. Другата не можам глава да кренам од неа, секој ден ме бара за кафе. Заглавена е, не знае што попрво да полага. И сеа имаш: Професорката мисли дека е најпаметна, прашањата на колоквиум ги нема во книгата, колешката ме заеба за семинарската, автобусот ми каснеше сабајле не стигнав на предавање итн итн. Разбирам, се се случува ама преку глава од изговорите од сите страни. Многу е точна онаа 'Ако сакаш ќе најдеш начин, ако не сакаш изговор'.
Само да ви кажам матурава ВАША што ја спомнувате по кузне кој пат,тестатори ви биле професорите што ви предавале,што знаат кои колку учеле.А сега кај нас ќе беше друга приказна,тестатори ќе имаше и од други училишта а не конкретно од нашето,а исто така ќе имаше и од скопје што вајда не би било со подкажување и би било многу построго од претходните години. Да се разбереме! И не го мешајте времето ваше со нашето.
Не се криви авторите на книгата за тоа или наставниците. Од НАСА не можат да се договорат дали е планета или не, не па обични географи.
Со години тестатори на полагањата се професори од друго школо. На пр во Орце Николов од ЈБТ одат и обратно и различни комбинации. Нема професори од своето школо што ги чуваат учениците при полагање. Барем јас кога полагав беше вака.
Kaj мене не беа од мое училиште, само за интерниот, секако и од Скопје имаше по некој, шетаа тие во повеќе училници демек. Пред нецела година инаку полагав, 2019 јуни.
Стварно превише ги извртуваш муабетите,и немаш конкретно одговор туку само наоѓаш нешто да контрираш,девојката ти зборува за програмата ти тука НАСА ни кажуваш
Ете не била веќе во сончев систем ама друго ми беше поентата. Знаеш како ние што сме купувале списанија (пошо јбг немавме интернет), весници, па ќе прочиташ нешто плус...Ова сакаш да и кажеш некоја информација плус, чувај боже, па како смееш да ја замараш на толку учење.
Абе таа како и да и се викаше функцијата, као одговорна што беше на целиот проект одеше на прсти у ходник да не ја слушнеме за да не фати ако препишуваме. Професорите се плашеа од неа, а не ние.