Епа како да ја ставиш за планета ако според НАСА не е? Или како некоја алга да ја сместиш во растенија коа според биномниот систем за номенклатура и класификацијата не е? Науката е една иста за сите.
Абе ептен сигурна Не заебавај, никогаш професори не ги чувале своите ученици како што можеш да прочиташ и од другите членки така да и оваа теорија дека во ВАШЕ време е потешко паѓа во вода.
Инаку, интересно е да се напомене дека првично се бараше откажување на матурата поради актуелната состојба со короната (впрочем, затоа и таков наслов), ама ете сега корона веќе никој не спомнува (најверојатно зашто се свесни дека ситуацијата се подобрува), сега одеднаш не сакале матура дека ете немале време да губат на Достоевски (зошто да читаш руски класици кога може да оправаш криви дрини на форум 24/7 и да глеаш туторијали за шминкање цел ден), па се препишувало многу, па не чинело образованието...ја нема сега нигде короната, ги нема трескањата од земја LUGE UMIRAT NIJE DA POLAGAME LI, ZDRAVJETO E NAJBITNO, VIJE SAKATE DA SE ISPOZARAZIME!! А образованието си беше исто и пред короната и такво и ќе си остане и после короната, догодина пак ќе се полага матура...ама тоа не е битно, битно е дека дел од оваа генерација си најде изговор за полуписменоста и мрзливоста.
Матура утре задутре ќе биде затворено поглавје за оваа година така да не гледам причина зошто уште би се дискутирало? Самиот министер излезе и кажа нема услови за враќање во школо. Што уште ја да расправам за корона. Ја си кажав мое мислење матура до 2016 и матура од 2016 не е исто. И не е никаков проблем Злосторство и казна туку ПРАШАЊАТА. Не си ги отворила ама затоа можеш тука јазикот да хо одврзеш затоа што не е на твој грб Не знам која ти е целта што навредуваш? Мислам не е прв пат ама добро
Ако сакаш да снимам некој туторијал за шминка па да ти пратам?Пошо ко шо гледам не сфаќаш шо е поентата на муабетот.Еве бе нека има полагање матура.И?И вака и онака ќе положиме.Го спомнуваш тоа дека ради короната не сме сакале да полагаме,јас у сите мои реплики нигде не пишав дека не сакам да полагам поради короната,напротив почнав со учење.Даваме мислења само,не знам која е потребата за препукување
Абе они до сега требало да имале прочитано и Достоевски и све друго. Реков, матурата не е тешка ако си учел во тек на 4 години. Ама што морале они да полагаат македонски или англиски, сакале само нивното. А ќе стиснат заби, ќе научат и ќе положат. Ама не, 5 до 12 ќе му ја мислиме. Знаеш што е лошото? Што и следна генерација ќе бараат вака. Без разлика што ќе нема корона.
И што ако бара ја прва ќе ги поддржам нема да бидам себична како вас. Ќе си бидат свесни ако сакаат да се запишат на финки/медицина или било кој факултет ќе си полагаат приемен како што и ние оваа година Гледај си своја работа нели ти здосадивме
Ја мислам дека треба да бараат и наредна година да нема матура, ама сигурно нема да ја тргнат, по систем на Болоња е.
Извини, а за што да се дискутира на тема со наслов Коронавирус-матуранти 2020 сместена во подфорум за коронавирус? За пролетна сеидба? Или видовте дека се подобрува ситуацијата со короната, па ај сеа не било за короната, образованието не чинело. Ајде те молам објасни како овогодинешното неполагање матура ќе го опраи образованието? Демек догодина магично ќе се реши се што не било во ред? И како си сигурна дека приемните испити нема да ги имаат истите недостатоци како матурата, особено вака склепани набрзина и непланирано? А се кладам за некој месец и за приемните ќе почнат жалопојките, кога ќе ви дојде јајцето на газот. Или ни приемни да нема, по 1000 души во генерација да се запишат па и гратис да ви дадат исчистена прва година? Па уште и патетики демек не било на мој грб...да, јас од Марс паднав и не полагав матура, вие сте првата генерација што завршува средно.
Абе само нивното треба да го учат. Ете некој ако сака ортопед да биде, што има да губи време на дигестивни органи или органи за дишење, бог да чува, дај му само коски и мускули, тоа му треба, не ќе губи време на глупости.
Не те дупам. Моето лично убедување е дека преку еден испит не се докажува знаењето. Лично не ме ни засега, ако сакаш најискрено да ти кажам. Секако ќерка ми ќе студира на приватен факултет, а и да не студира, нејзината струка е "занает" и праксата си го прави своето. Не и треба диплома како доказ дека вреди туку проект позади кој ќе застане. До сега има завршено повеќе курсеви и има добиено дипломи кои се секаде валидни и истите може утре да ги фрли ако ја изгуби волјата и креативноста во она што го работи. И да не запише факултет, да е жива и здрава. Секогаш и е на располагање можноста да го работи она што јас го работам, а кога ќе ја вработувам нема да и барам диплома. Има се, може се. И да, не ме сфати. Мојата најголема загриженост е од начинот на спроведување на матурските испити во смисла на условите кои мора да се запазат во условите во кои сме, а верувам дека тоа нема да биде баш изводливо. Не верувам дека ќе бидат здравствено заштитени и тоа ме плаши. Моето дете е затворено дома одкако не се во училиште. Има контакт единствено со дечкото и прв пат минатиов викенд и дозволив да се видат со уште еден пар, за кои сигурно знам дека ги почитуваа сите препораки. Опцијата за онлине полагање е ок, но не верувам дека МОН е спремен да го реализира истото. Дупам? Фала ти.
Според твоето убедување со ниту едно полагање/испит/тест не се докажува знаење? Па тогаш зошто се полага воопшто нешто? Условите за спроведување се реални и можни. Ако се има желба за полагање, можна е реализација. Ама пак ќе речам одлуката на МОН е чисто политичка. Онлајн не е опција за никакво полагање, малку е веродостојна, а најважно е што системот често кочи и паѓа.
Очигледно е дека според тебе тестот не докажува знаење. Ако грешам зошто ги анулираш сите тестови направени во рок од 4 години? Сите тестови се невалидни, а овој еден е валиден? Истиве полемики се водеа и за екстерното тестирање. Еве и без него се запишуваат во повисоко одделение, се запишуваат од основно во средно. Каде е елиминацијата за прием во средно училиште?
Екстерното колку што паметам не беше за учениците, туку за професорите, демек тие дали реално оценувале, ама како што е се во нашава земја, почнаа да ги земаат во предвид и тие оцени, што според мене беше глупост, бидејќи викаа дека било “за професорите”.
За упис на факултет еден процент носи матурата, еден оценките од сите години А на матура, освен македонски, другите ги бираш сам што не беше случај со екстерното. Еве нека полагаат во јули ако проблемот е короната, до тогаш ќе се стиши ситуацијата. Или мора во Грчка тогаш да се оди?
Токму тоа. Реално ли е еден со еден да бидат соодносите. Да полагаат само матура и да го решиме проблемот со образованието во МК. Предлогот за полагање во јули...па прво професорите очи ќе ископаат да не биде така. Оваа година друга дестинација ни е пикирана, Грција баш и не не интересира.