Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус-матуранти 2020

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 18 март 2020.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    И матурата и приемниот испит се ,,еден" испит. Разликата е што првиот веќе со години има колку-толку точно рангирање (ако ги занемариме тие што флопнале па сега тврдат дека не е така), на крај најдобрите пак излегуваат најгоре. Вториов ќе биде само склопен набрзина колку да се каже дека имало испит. И секако дека не сакам да го полагам тоа кога поголема сигурност имам во матурата која веќе ми е спремна.

    Ако треба ќе се одложат за подоцна. Мала генерација сме, го имаме цело школо на располагање, ризикот не е толку голем колку желбата на поединци да избегаат од обврската.

    И не знам зошто си се фатила за дупењето, го кажав бидејќи ти тврдеше дека ќерка ти била преоптоварена со есеи дома, а такви жалопојки ми се смешни.

    Така де, да живее непотизмот. :inlove:
     
    На Purplelilac, nevermet18, macysh и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    Јас не кажав дека не покажува знаење, само кажав дека со приемен ќе се покаже пореално знаење, бидејќи на матура има препис, но сепак се прикажува некакво познавање.
    И никој не ги анулира тестовите од сите 4 години, 60% е успех, 40% матура. Никој не ги направи невалидни, но не може да се каже дека матурата е невалидна. Концептот е добар, опфатени се различни видови на прашања.
    Вие кажавте дека еден тест не е мерило на знаење, а јас Ве прашав зошто постојат воопшто тестови и полагања (зборувам за секакви тестови, не само матура и испити, туку и оние од 12 години основно и средно) кога со еден тест не се докажува знаењ.

    Екстерното е друго во споредба со матура, тоа беше воведено за "контрола на професорите", а настрадаа учениците.

    Средно образовани е задолжително, а високо не е.
     
    Последна измена: 29 април 2020
    На sj *O*, ElenaOfRivendell, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Така де, зошто матура кога мама и тато ќе те вработат без диплома.
    Ај да се потрудиш преку познаник да те препорача кај работодавец е друго. Ама да те препорача само, не со пари и уцени и слично. Ај пак ќе сфатам, имам и примери околу мене
    Ама вака ни малце не ве фаќа срам да кажете? Или детето лабавко да си вика аа шо ќе се мачам, тате ќе ме прими одма. После ќе сме се бореле против корупција и фаќање врски.
     
    На buba4e89, nevermet18, macysh и 4 други им се допаѓа ова.
  4. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Ама ти не сфаќаш!
    Има се може се, нели?
     
    На macysh, ElenaOfRivendell и Tan4ence им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Татко ми има другар што ми има речено дека кога ќе завршам може да ме препорача кај негов пријател во лабораторија. Океј, ама не сум помирена сега јас дека ај што се замарам, не учам секако ќе си се вработам одма. Може и да не биде нели. Свесна сум и дека кога ќе диоломирам уште многу ќе имам да учам зашто таква област студирам, особено што молекуларната биологија е млада наука. И има разлика меѓу двете ситуации.
     
    На buba4e89, fana, martiiinna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Уште ама уште не разбирам зошто го чешлате туѓото гајле и се убедувате во нешто кое е завршено иако вие сте завршиле со тоа? Па било добро или не било оваа година така испадна. Разбравме дека многу мислите на нас ама океј е. Која е поента да се убедуваме после изјава на Адеми? На тој што му чини нека оди нека си полага кога толку се сили...
     
    На sj *O*, CindyAnn, Ladyy* и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Незнам дали слушнавте, ама денес кажаа за Албанија дека ќе отвореле школите само за државната матура да се полагаат, а за редовно одење нашколо не. Мислите ли дека ќе влијае и кај нашиве така да постапат?
     
    На buba4e89 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Апсолутно не.
    Никому не му го загрозувам живеењето ако ќерка ми продолжи да работи во фирма - семеен бизнис.
    Нејзин интерес е нешто друго и образованието и е насочено кон тоа другото, но колку што можам јас да ја научам не може ни еден тест да го направи истото ако одлучи да го работи ова кое е моја определба.
    Во целава ситуација нема ни Н од непотизам, како што беше споменато погоре.
    Целава ситуација немаше ни ја образложувам ако го немаше она „дупам“ кажано онака.
    Со самово образложување ја ширам темата надвор од темата, па мислам доволно е.
     
    На sj *O*, CindyAnn, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И само зошто она ќе работи кај вас ти сметаш дека не треба она да полага?
    Ако еден ден пропадне бизнисот? И тоа се случува.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  10. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    А како тоа ако полага матура ќе биде писмена образована личност?
    Не е важно што учела 12 години ама важна е матурата
     
    На Kenny, sj *O*, CindyAnn и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не...ај терајте.
    Вие сте најпаметни зашто за вас овде образвованието не е доволно. Вие...со толкави, неоткриени потенцијали, за вас македонското образование е шега.
    Глупи сме сите ние што и надвор од оние книги во школо сами сме си се образувале, стекнувале знаење.
    Туку...
    Пред некој месец ми пиша стар другар од детство. Го немам видено со години. Му велам како си, како иде животот, на факултет ли си.
    Знаете што ми рече? Абе Танче ме знаеш мене уште од тогаш, не бев јас по учење. После средно еве три години работам во фурната на моите. Повремено работев и како келнер, некогаш и плочкар, што се најде,. Би работел сe' што можам, ама за факултет немав желба, вака ми е океј, си имам пари.
    И поголема почит имам кон вакви што искрено ќе си каже што и како место со сета самоувереност да се расправа дека друг му е крив што он е затупавен и дека немал можност да се истакне.

    А за некоја област имате онака јак интерес или се' ве затупува?
    Бај да веј имам и на факултет да речам досадни предмети кои не сакав ни да ги учам воопшто, ама стиснав заби и со трпение ги учев и положив. Не отидов да им речам еј глуп е предметов, затупува, не го полагам бе, фатете ми се.
     
    Последна измена: 29 април 2020
    На buba4e89, cresa-jagoda, Iva9612 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека не, веќе кажа министерот што ќе преложат/направат од прилика.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Eпа ако учела 12 години, треба да знае и за Достоевски. Ако учела, треба матурата да и' e пола спремна нели?
    Како тоа сте учеле со години а сега пред матура појма немате?

    Јас така и биологија положив. Со исклучок на една од темите, другите ги читкав зашто си имав доволно знаење.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Праксата си го прави своето.
    При тоа, образование има нели?

    Ми требаат некои материјали македонски...расположени сте да споделите?
     
    На Kenny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    Секако, во врска со што? Ако имам ќе помогнам.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.208
    Допаѓања:
    111.889
    Пол:
    Женски
    На Just.do.it, Pixi5 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Ми искочи на фб денеска изјава од министерот. Овие 'квалификациони' тестови се уствари приемните. Ќе се предложи да се укине матурата само за оваа година, а ако некаде кандидатите имаат ист број на поени ќе се спроведат овие квалификациони тестови. Наводно, факултетите биле спремни за да организираат вакво нешто.
     
    На idktbh, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  18. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Тешко си матурантите со приемен , не се свесни што е приемниот ,а министерот што кажал не е такнуто макнуто , од здраствени причини подобро е да се организира матура , цело училиште е на располагање и има можност за оддалеченост од 2м., отколку во амфитеатар на факултет , како што се пријавуваат на ФИНКИ по 1500 кандидати , тешко дека ќе може да се изведе приемен
     
    На buba4e89, Glowy, Leviosa2503 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Кога би имало приемен отприлика иначе ако така решат?
     
  20. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Па најверојатно крајот на август или почетокот на септември, за да има простор за три уписни рокови како што имало секогаш
     
    На buba4e89, Glowy, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.