А со оние кои планираа упис во странство, на кои им е потребна матурата за аплицирање, што ќе биде со нив? Знаете нешто или не?
Мислам дека имаше предлог тие што сакаат во странство да имаат право на полагање, ама предлог беше само, ништо официјално.
Еее ќе пропаднат тие фустани во спротивно... Тоa е тој менталитет. Набави си фустанче во февруари, а книги во април. Фустан>книги Матура<матурски И искрено една порака до сите матуранти да упатам успат. Значи дечки, не може да зборете во име на сите матуранти. Не е овоа "во името на целиот клас". Пошто опфаќа повеќе од 5000 ученици. И работата е што ние тука коментираме за сите, а не за вас членките кои сте матуранти. И не треба да си сфаќате се озбилно и лично. И нека и се со лесно на тие што завршиле економски смер, а сакаат да одат општа. Или на тие што завршиле медицина, а сакаат да одат ФИНКИ.
Навистина матурантки на таа тема не обранвме внимание? Што ќе правиме со фустаните? Цел живот ќе бришеме солзи со нив И извинете темата што се однесува на полагање МАТУРА а не на мојот фустан, ама 700 евра ми пропаднаа
На некоја свадба ќе го носиш. Мојот така стои у шкаф од матура, си викам бар на некоја свадба да идам летно време, чисто да го проносам. Али па не фрлив 700 евра и не ми е криво шо стои за украс, пројдов со 50 евра фустан зашо знаев дека така ќе си фаќа прашина после.
Си има приемни испити за тие што доаѓаат од држави кај што нема матура и се рангираат. Не во сите држави се спроведува матура. Само што тие се со тежина по нивни стандарди, башка нема препишување како тука, десеткратно потешко се поминува тоа отколку матура.
Еј топ што се спасивте од матурава оваа година, ама ајде следната ќе видиме дали вака ќе бидете вака гласни за укинување на матурата кога нема да ве засега вас. Колку е ова политички смислено да придобијат гласови, мераци. Сега кој ви е следниот потег? Ако ви требаат некои материјали за приемниве (ако воопшто ги има) глејте уште од сега побарајте си, да не испадне пак после кога ќе ви дојде јајцето на газот да ја кривите коронава за вашиот неуспех.
Неколку страни наназад кажав дека не сум себична и ќе ги поддржам како што ние средношколците би ве поддржале и никад не би кажале ако ви е полагајте онлине ако ви е
И секако не можам јас да знам што е најдобро за вас како студенти ни па вие може да знаете што е најдобро за нас матурантите од 2020 година
Учев во училиште каде што од прва не спремале за матура, така да не би ми било нешто многу поразличнно од проетната.
Јас само ве молам да не бидете мрзливи административки и нервозни тетки на шалтери Стварно сум искрена, не се заебавам за ова трауми имам од такви, као на студентски кога ќе ти го треснат прозорчето.
Реално гледано тоа не е до матурата туку до одвратиниот карактер на луѓето, ако некој е учен од мал да биде скромен ќе биде ако некој е учен од мал да му се удоволува се и сешто и да ги гази другите по секоја цена секогаш ќе ги гази затоа што мисли дека е над сите ама добро ти ја сфаќам поентата
Леле ја па секогаш у фини ги начекував цела прва година шо чудно ми е дури. Секогаш насмеани и брзо завршував шо и да ми требаше. Ми се посреќило
Приемни ќе има на факултетите каде има голем интерес, а на тие што има послаба конкуренција нема да има. Може линк каде што прочита дека официјално нема да има никаде приемни?
https://iportal.mk/makedonija/ademi...sUEWMZvKm-fXxlmDbXgpbmqUAF_oZIujCcoGr8F5ffBtk ова е се што е кажано за матурата официјално. Нема дадено конкретна информација за приемен испит, тоа треба да го земат во предвид факултетите дека немаме државна матура и тие да ни кажат дали ќе има приемен или не и да ни објаснат околу таа работа што треба.