За мојот факултет конкретно знам дека ќе има приемен и не, материјалот нема да биде ко за матура. Ама немате гајле вие, се' си знаете. .
Да те прашам вака ако на прегледувачот не му се допаднеше твојот есеј македонски и англиски и утнеше нешто македонски и англиски и имаше ниски перцентили и ако паднеше у приватна квота вака ли ќе збореше?
Не се разочарувај од 3-4 луѓе на форумот. Иначе да, те сфаќам. Тажно е. И нема да биде исто со матура зашто универзитетски професори ќе ги спремаат приемните, а тие немаат грам емпатија како професорите во средно.
Луѓе вака на први октомври ќе ви кажеме како поминавме до тогаш може да се караме по цел ден и ноќ тешко ќе е вака ќе е така ќе е, кога ќе завршиме ќе ви кажеме и ќе видиме кој бил прав кој крив до тогаш е залудно е да нагаѓаме Ни имало приемен ни сте полагале не може да кажете искуство како за матура Многу е лесно да се напаѓаме
Пошо знаев дека сакам да одам на факултет во кој се тешко влегува и гледа до втора децимала не ми беше нешто трагично да завршам во приватна квота, битно ќе бев примена. А предметите на приемен не се ни приближно исти како оние за матура бидејќи спремав македонски, англиски, бизнис и хирургија. Бизнис се одлучив од причини што за матура биологија или хемија пак требаше да учам од гимназиски книги за 4 години и одлучив тогаш дека можеби не ми е соодветен ама подобро бизнис 5ка на матура отколку биологија 3ка. Сепак еве така испадна и ќе се обидам да научам за приемен. А у врска со тоа што не си учила бидејќи си знаела дека нема да има матура, што да ти кажам, еве секоја чест штом си знаела. Јас кога почнав да учам, а и некои други што почнаа така на време, немаше корона овде и не претпоставивме дека ќе се појави пандемија.
И како си сигурна дека македонски англиски немаше да зафркнеш? Или прегледувачот да те зафркне? Можеби твојата професорка мисли дека есејот е за 5 а прегледувачот да го оцени со 3 И зошто мислиш дека немаш предност? Ти си учела анатмоија на човек многу опширно за разлика од гимназијалец?
Не се секирај, се гледа дека си озбилен човек, кој учи и не се заебава, сигурно ќе ги спремиш приемните и ќе положиш, со оглед на тоа што со време си зела да спремаш матура, ќе спремиш и приемен. Со среќа, се надевам ќе бидеме колешки
Во врска со есејот има правила и прописи кои се следат при прегледување. Не е мене ми се допаѓа, на Трајанка не. Двајца прегледуваат еден исти тест. Утре кога ќе им отидам со приговор, треба да стојат зад поените. Професорката моја е прегледувач и секогаш нè опоменуваше при есеи, мене ми се допаѓа, ама според критериумите ти фали ова, она. Зашто приемниот сигурно нема да биде анатомија, гимназијалци ништо немаат од анатомија учено. Се бираат општообразовни предмети најчесто за приемни, што веројатно за медицински ќе биде биологија и хемија. Мала предност кога ќе се запише ќе има со термините што ќе и' се познати. Браво за девојчето што си ја сфатила ситиацијата со време.
Сакам да кажам тоа што ние у биологија сме учеле у трета година за човек тие исто во анатомија т.е многу опширно, предност ќе и е ќе знае латински имиња кои ги има во нашата книга а не ги учиме и мн др поими Тоа нели е предност?
Не сум баш сигурна дали од прва година бруцошите Јас мислам дека за приемен ќе ви бидат само учебниците од 4та година и брат ми сака да се запише медицина , учи во гимназија и по биологија учат за човекот , сигурно нема за растенија и животни да ви дадат прашања , а сигурно ќе извадат и прирачници слични на тој по македонски што го имавме и ние и вие , само тоа мора што порано да решат ,дали ќе има приемен , кога и од што да се учи , сигурно нема да биде јуни- јули , зошто ако нема во овој период услови за матурата ќе нема ни за приемен , да не знаеш случајно колку студенти примаат на медицина во двете квоти ??
Лани 300 примаа. Мислам 100 во државна, 200 во приватна или така нешто. Ама повеќе примаат во приватната секако.
Прво, сакам да кажам фала богу што порано се донесе одлука и знаете што ќе се случува наредниве месеци, веќе не сте во неизвесност (на матурантите се обраќам секако). Сега преминуваме во втора фаза - одберете си факултет (ако не сте одлучиле до сега) и одберете една алтернативна опција (ова секогаш мора да се прави, не само годинава, за ако не дај боже не ве примат или сте во приватна квота зашто не може секој да си ја дозволи таа сума). Чим одберете, веднаш информирајте се за евентуални предмети што би можеле да се паднат на приемен испит и барајте книги. Не знам дали ќе има одлука од секој факултет за приемните во скоро време, затоа почнете полека да се спремате, не чекајте да дојде август. Нормално дека не можете да знаете точно кои предмети ќе се паднат ама може да се претпостави отприлика (како погоре што прочитав биологија и хемија за медицина). Ви посакувам среќа и сигурна сум дека приемниот ќе ви покаже и вас и на факултетите дали припаѓате таму кај што сте се пријавиле или во друга област/смер.
Лани примија 130 државна , 170 приватна, и 33 мислам тие што се со посебни услови ( не знам како да ги наречам правилно .__. )
Зависи на кој материјал ќе биде примениот, ако е на истиот од матура, реално нема некоја предност, зашто не се сите системи вклучени. Затоа и девојчето всушност и не избрало биологија. Ако материјалот за приемен се системите што ние ги учиме во трета, тогаш да ќе има предност, зашто таа учела и анатомија и физиологија и патологија, а ние тоа како целина заедно на кратко го учиме.
Јас почнувам да се спремам деновиве за приемен ќе учам биологија и хемија дека на општа сакам,ќе побарам хемија книги од некои девојчиња што ги познавам
Па и на матура нема за растенија и животни Ама сигурно ќе има за цитологија и молекуларна биологија и генетика. А се надевам дека за екологоја и еволуција нема да има и дека системите повеќе ќе ги вклучат. *матурата ја мешам затоа што таа е единствена водилка моментално за предметите што е предвидено за полагање, додека не кажат факултетите ништо не се знае како ќе биде и што ќе биде, затоа запнете да ви кажат со време за ваше добро.
Ако ви треба нешто за хемија за на медицински, ќе ви пратам од оваа што ја имам од факултет, има некои работи кои што во средно ги учев истите, и задачи има некои..