Не знам, би можело да има материјалите на матура што би биле, тие се како општи што ги имаат учено во сите струки.
Гледав и за матура ја има. Така што сигурно ќе ја имате. Гимназиската книга за трета година е многу добро средена за органска хемија, сликовито, кратко и јасно.
Органска хемија има исто и во 4та смер ПМБ, темите ни беа за липиди, јаглехидрати, витамини и нуклеински киселини. Ако му треба на некој, нека пише дека учебникот ми е уште дома.
Факултетите сигурно ќе објават од кои материјали да се очекуваат прашања, мене ме чуди како некои од економско средно ќе оди на медицински науки пример да речиме како што правеа до лани,сега ќе биди потешко бидејќи некој што учел економија четири години сигурно нема да биди спремен да полага биологија,хемија,физика на приемен...во секој случај со среќа се спасивте од матурата не сакам да ве плашам ама полесно би поминале на матура од приемен
Фала му на Господ што нема да полагам матура и со вложен труд за област која стврано ме интересира(ако се исполни квотата де) ќе се запишам таму каде што сакам
Вие полагајте си приемен, нашето битно си помина. Ништо не е мерило за тоа дали ќе бидеш успешен понатака, барем така мислам јас. Само сега ќе биде потешко за упис на и онака конкурентни факултети, па дури и да научиш ептен може да се киксне, но ова секогаш се дешава. Мислам дека и јас ќе бев да се укине матурата, ама од оваа перспектива гледано, и не баш.
Неколку страни наназад имаше прашање тие што сакаат во странство дали ќе полагаат. Нема да полагаат оваа година ќе се водат како ученици кои доаѓаат од држава која нема матура.
Поздрав матуранти https://www.detinjarije.com/obracan...1x4AGK2-8NsTyVErHMC_7gmnPjrDXVRwM3kHUFtLtmaUE Да се редактирам. Многу ме растажи ова кога го прочитав. Навистина тешка година за вас.
Мислам дека премногу се преувеличува матурата ко да е некој доживљај, а уствари е свадба без невеста. Сељачка музика, лицемерие и пијанчење до сабајле. Со 96% од луѓето после средно веќе нема ни да се видат. Што посебно пропуштиле? Според мене ништо. Дури си заштедија супер пари од фешти кои се до некаде непотребни. Сепак мое мислење, само се надоврзав на текстот кој ја прави матурата ко да е којзнае што.
Леле да си жива ме изнасмеа,свадба без невеста бе Не ми треба славење само да продужам животот да си го живеам како што треба искачање,зафрканции итн. Плус еве скоро и готово е кај нас до јуни ќе биде се океј