На повеќе места ни претходно не беше потребна матура, се аплицира во Јануари и си примен/одбиен уште пред полагање
Подоцна сфаќате дека матурата и не е нешто посебно, појако е купувањето фустан и дотерувањето, отколку самата матура, баш како на свадба на некој начин,ама сепак, се надевам дека ќе прославите, барем мене како настан ми беше интересно, иако не е нешто без кое не може да се помине.
Ние како генерација матура славевме на екскурзија. Парите за фустанот, фризурата и шминката ги дадовме таму, нормално и доплативме нешто, ама барем прошетавме. Дома моите одбележаа со роднини, викнав најблиски другарки и другари, а јас носев обично фустанче кое го имав од порано и воопшто не ми е мака. Ништо не пропуштив со тоа што немав класична матурска прослава, се спасив барем од фустан кој ќе седеше во плакар и славење со луѓе со кои нема да комуницирам после матурата.
Јас па баш спротивно мислам, на матурантите им го скратија најубавиот период од животот. Кога ќе почнам да се жалам ради самата ситуација, си велам од лошо има и полошо, мислејќи на матурантите. И не е само таа една фешта. Општо, целиот период на школо знаејќи дека ви се последни моменти заедно, последните одржани часови, одмори, кафиња.. Тажно е. Да не зборувам за другарските забави, нашата конкретно Паралиа беше и никаде не сум поминала толку убаво како таму..Исто и матурите што се прават како прослави посебни. Тие ми беа каде каде поубави од главната, пошто на овие си заедно со најблиските, оние со кој веќе се дружиш и надвор од школо. Не знам за вас, ама мене тој период ми беше најубавиот во животот, полн со спомени. Ептен се осакатени матурантите, период кој требаше да им го обележи животот на некој начин, нив им е украден. Ама тоа е тоа, да сте здрави и живи и успешни. Што е тоа е.
Јас па многу би сакала да сум сега матурантка да се поштедам од тој сељачизам и кичерај. Матурите кај нас со песни и оро како за свадба се чист промаршај. За среќа има некои средни училишта што организираа екскурзии и тоа е 5 пати попаметно. Па, и дека нема да полагате државна матура, на коњ сте.
Не е до прославата, него до последните средношколски денови. И не беа ни денови, последните 3 месеци. Прослава ко прослава, барем мој клас ич не се замараа со облека, кој како дома ќе ја слави итн. Интересно е дека е генерациски собир, дел од децата последен пат ги гледаш.
Годинава јас сум матурантка. И да навистина е неубаво последните средношколски денови каде минатите 4 години си го минувал најголемиот дел од времето да ти минуваат вака. Не е до матурската забава. И мене ми е тоа премногу само да се натпреваруваат кој поубав фустан ќе има, кој повеќе ќе се напие. Не е за тоа туку за тие денови кои што реално на сите им се едни од најубавите кои се памтат. И што ако нема потоа да ги видам децата. Не е битно тоа. Битна е убавината во моментите. И за државната матура најмногу се сложувам што ја укинаа од причината што на најголем дел од матурантите ќе им скратат еден стрес помалку. Барем малку ќе им дозволат да уживаат и да не се тресат дали ќе положат или не.
Потполно го разбирам ова, од гледна точка неколку месеци подоцна нема да ви биде битно, ама сега ви е, не знам за други, ама и мене лично - ми беше, и разбирам дека ќе ви биде криво ако не се организира ништо. Јас матура одбрав наместо екскурзија, со оглед на тоа што на екскурзија бев во трета, и двете се потполно различни настани и доживувања, и затоа ви држам среќа да си прославите, макар и во Август. Ама сепак, на крај на краиштата, ако не се прави матурска прослава, секогаш можете да си се соберете со класот и да си прославите.
Иако јас мислам дека ќе се одржи славењето нема да не остаат туку така, доживљај ми е да се видам така пицната од глава до пети
Не секоја матура е свадба. И ова чувство што го опишуваш го имаш откако ќе го доживееш, а не раскажано. Мене тажно ми е што младите нема да доживеат некои работи во последните месеци, денови во школо. Не дека кој знае што си постигнал во животот со матура, ама некои работи имаат природен тек. Не знам некој да се откажал од матура заради тоа што селска е прославата. И текстот не е само за матурантите, туку за сите млади кои овој момент го имаат еднаш.
А кај нас во школите доаѓаат со трубачи, денот пред матурската одат по градот со музика, па после матурската наутро не спијат така со паднати торти на глава размачкана шминка повторно со трубачи во школо, мизерија. Оваа ако е грев што ќе се пропушти не знам што да кажам..... 18 годишни по улици со музика божем кој знае што завршиле.
Кај нас не е така,после матурската вечер се иде во школски двор и доаѓаат трубачи и сите играат,зафрканции ова она после сите дома на спиење. Прв пат слушам дека по улици се идело со музика.
Целта на текстот како што @kukla21 кажа најмалку беше да се жали за прославата, туку за последните ж, најчесто убави и безгрижни, месеци од една фаза во животот. На крај на краиштата текстот е норвешки, сигурно не се однесува на одење со плех музика по улици. Во секој случај, скоро секоја генерација кај нас се среќава со некакви проблеми, споредено со некои ова е можеби и помало, во секој случај ви посакувам среќа и успех во понатамошните активности.
Во мојс град пред школо доаѓаа музики, ама не на ден на матурата, последните денови некаде, поигравме и заминаа, денски тоа, додека сме на училиште. На плоштад не играа кај мене хахахаха, искрено и да играа, немаше да отидам, просто ми е некако. Во хотел славевме до 1 некаде, а потоа кој дома си замина, кој на журка во мојот град, друг во соседниот град... Мене океј ми беше воглавно.