Па секако не ама шо сте вие повеке од претходните генерации и идните? Мислите ли дека и на факултет вака со патетики ке минете
Ако имаш нешто нејасно,министерот ја донесе одлуката така да слободно прашај го можеби ќе ти одговори.
“Шо сте вие повеќе од претходмите генерации” многу кажува ова ок жал ми е што си ја имала таа (не)среќа да полагаш
Не мислам дека членките сакаат да кажат дека повеќе би сакале да полагаат, отколку да слават. Колку што сфатив, поентата им беше дека чим може да се направи матурска забава (што е собир), може и да се полага (што и не е толку собир). Можеби погрешно сфатив јас, ама како и да е, се надевам дека ќе се среди ситуацијата, особено со приемните, и се надевам дека нема да бидат башибозук како матурата.
Во наше време по 2 3 месеци учевме за матура пред 3 4 години мале какви времиња дојдеа со двојките да се запишиват на факултет, мислам дека ке ви опнат приемен кој ве пушта така на факултет лани дечките неможеа со училишна матура вие сакате и без неа.
Што сме ние криви,таква одлука е донесена дека НЕМА да се полага и ние си го почитуваме тоа. Ама побитно е нели да има избори отколку да се полага
И вие ќе полагате... Приемен. Никој нема да прима на лепе очи посебно на ошта, ФИНКИ итн. (Ова се однесува на банираниот член кој се акаше од земја дека сигурно нема да има приемен) За матурската вечера... Па ќе имате после таму 5 години, 10 славења. Ма да, убав е тој процес искрено. Сеа чочеци, пијанчења, не. Ама, онака има интересна еуфорија. Ако може да славете, славите.
А што сега вас нешто ќе ви смени ние ако полагаме приемен? И добра е,сте полагале матура и што сега ние да правиме,сте учеле за вас а не за друг. Така да олабавете од излишни коментари!
Не е фер, на мене ми е секако сеедно сигурно нема да се расправам ама јас сум трошила у дено 2 3 саата за проектни плус на дополнителни часови, англиски на часови за тоа време ке сум си шетала и уживала.
А што вина имаме ние во донесенава одлука за укинување? И мислиш дека онлајн наставава е прелесна,извини ама не е така во никој случај.
Реално сите да сме на нивно место ќе се радуваме да имаме таква журка и ќе се радуваме што нема да полагаме, тоа дали е правилно или не, на таа возраст не се размислува од таа перспектива. Ако се смират работите до тогаш и ако се функционира во нормала, зошто да не слават? Па само тоа им останува од средно. Ете ќе си полагаат приемни доколку ги има, колку и да им беа аргументите за матурава сувишни, им се остварија желбите. Не можеш да им докажеш на тинејџери за важноста на образованието ако тоа не го знаат веќе, во различни времиња живееме, така се научени. Ама кад-тад ќе им дојде паметот да размислуваат поинаку од сега .