А тие што сакаме оваа година да де запишеме на фах а имаме полагано матура? Ќе треба ли приемен да се полага?
Како што го разбрав министерот со успехот од средно и вие, а ако има приемни веројатно пак ќе полагате за жал (не напомена министерот).
А со тоа ли треба па толку да се ударате у гради како нешто којзнае што да сте направиле па ајде ние кутрите криво ни е. Смешки
Мене не ми прави логика тие што веќе имаат положено матура, да полагаат приемен. Ако е донесена одлука годинава да се запишуваат матурантите со претходниот успех во средно, тогаш нив ќе им се издаде документ сличен (не ист, ама со иста вредност) како нашата диплома за матура. Со тоа, матурантите од годинава ќе се изедначат со матурантите од претходните години. Ама бидејќи сепак немаат полагано матурски испит и немаат поени, тогаш за рангирање при упис би имале приемни (како што беше кажано - на факултетите со поголема конкуренција). Ама тој што веќе полагал матура, веќе си има поени од матурата (перцентили се викаат конкретно) и нема зошто да полага и приемен, кога веќе докажал одреден степен на знаење со матурскиот испит. Мислам ваквите случаи е најдобро директно да го контактираат Министерството за образование и да се информираат ама нема логика да бидат оштетени со две полагања (и матура и приемен), само зашто одлучиле да се запишат на факултет годинава.
Те сфаќам, ама не знам како би ги рангирале тие со матура и тие со приемен посебно. Ете некој сака на медицински пример, а матура полагал бизнис. По дифолт тој би имал помалку поени од некој со приемен? И воопшто, како би се рангирале, кога не бил ист начинот на нивното оценување? Сигурно поинаку ќе се пресметуваат поени од приемните, во однос на начинот на кој се пресметуваа за матура. Изгледа тие кои не се запишаа лани на пример, ќе бидат колатерална штета, и всушност, тие ќе бидат најоштетени, со оглед на тоа што полагале матура, а сега ќе треба и приемен ( секако, ако така се одлучи).
Баш тоа сакам да кажам дека не смее да се случи. Зошто да бидат оштетени тие што веќе полагале, САМО заради тоа што одлучиле да се запишат годинава? Нема логика тоа и затоа и реков да се обратат до Министерството, за да може таму да им се даде до знаење дека постои и ваква група на потенцијални студенти и да може да изработат некоја скала на еквиваленција ( да се смисли принцип на споредба на матурата со приемните, иако се различни концепти). Инаку да, во право си дека тоа е недостатокот на матурскиот испит - и јас не полагав ниеден предмет од правото (зашто учев во гимназија) ама ме примија на правен, значи исто би било и за тие што сакаат да се запишат годинава со положен матурски испит, само да се смисли како да се споредат нивните перцентили со поените од приемните.
Се сложува со тебе, мисалм дека не би било фер кон нас. Ние кога требало да полагаме матура сме положиле сме одвоиле време за тоа да го спремиме, а сега повторно да поминуваме време на тие работи не гледам зошто треба да се најде некое решение за и двете страни да бидат заадоволени, но сите знаеме каде живееме и малце песимистички гледам. Исто така да речеме за факултет медицина се полага приемен испит, тие што биле во медицинско средно би имале многу поголеми резултати на приемнито и би се рангирале повисоко од оние што биле во други средни но за факултет се одлучиле за медицина и секако би имале помало знаење. Сите се запишуваме на фах со цел да го стекнеме знаење во таа област и не би било фер кон таа страна што немала некој предмети од медицина во средно... Исто така дали знаете каде можам да се обратам за ова прашање, од МОФ би ми помогнале ли?
Сигурно приемните ќе бидат соодветни со факсот, пример на МЕДФ хемија и биологија, на ФЕИТ математика и физика и сл. А и не верувам дека ќе ги интересира дали некој го учел тоа во средно. Еве на пример, некој што бил економско средно, не учел ни хемија ни биологија, а сега сака да студира медицина,ама верувајте, не им е гајле нив тоа за жал.
можеби ќе има квоти кои би се утврдиле по поднесување на барања за упис, односно одкако ќе се знае колкав број од тие што имаат матурски испит аплицираат ова нема логика, не е факултетот воз кој отишол не мора да значи дека лани не успеале да се запишат или дека не сакале, можеби не можеле од Х причини
Бројот на примени студенти главно зависи од бројот на студенти што секој факултет го има предвидено за државна квота. На пример, факултет кој има предвидено 200 студенти да бидат во државна квота, а останатите во приватна, ги рангира кандидатите според освоените перцентили на матура (односно годинава, според поените од приемниот испит). Потоа, првите 200 кандидати од таа ранг листа одат во државна квота (плаќаат пониска школарина), а останатите со пониски перцентили одат во приватна (плаќаат повисока школарина). Е сега, доколку има кандидати со ист број перцентили годинава, не знам дали ќе се дава предност на тие со матура или на тие со приемен зашто ова е нова ситуација, што никогаш се нема случено порано при упис. Почекајте да биде објавен повикот за упис од факултетите и ќе ги видите квотите и сигурно ќе има појаснување. За МОФ искрено не знам, ама сигурно можеш да им се обратиш. Јас би отишла директно во Министерство и би барала да зборувам со некој надлежен или евентуално да најдеш контакт телефон на веб страната.
Имаше досега квоти на факултетите за упис без државна матура односно студенти што завршиле средно пред да се воведе државна матура, а сега сакале да се запишат. Ги рангираа посебно нив. Може и оваа година за тие со положена матура да е така. Штознам. Навистина многу работи сега се нејасни за уписите, ништо не појаснија убаво...
Ама ете, и да има некаква посебна квота, пак не ми е јасно, мора да има некакво рангирање, еднакво за сите. Јас мислам дека сите ќе мораат да полагаат приемен, независно дали полагале матура или не, колатерална штета мора да има, не може да биде се погодено за секого. Дека не е фер - не е, ама не верувам дека ќе им се дозволи без приемен да се запишуваат, иако имаат матура.