Дечки јас полагам филозофија екстерно, со оглед на тоа што учебникот ни е 400 страни, а е само тој( една година учиме филозофија) додека имавме настава стигнавме до 220та страна... Во мојот случај, тоа ми е пола материјал што морам да го учам непредаден, а филозофија ми е прва година во средно и многу полесно го совладував со професорката. Плус, кај мене барем, повеќето од професорите ги спремаа учениците и имавме колективни часови двапати неделно кадешто се испрашувавме, решававме и на сите ни беше од помош. А, за ова што сега се зборува онлајн настава, не знам во други средни училишта, кај мене единствено даваат да изработуваме проекти, презентации на Google Classroom, никој не ни предложи да имаме онлајн час од причина што сметаат дека сме матуранти и се посветени повеќе на другите генерации. Првично бев за полагање на матура, ама ова учење сама без да знам каков тип на вежби може да има, ме иритира и знам дека нема да ги постигнам резултатите што сум сакала да ги постигнам.
Ја читам темава и малце...сори ама незрело делувате вака. Да барате да се одложи или да се замени со приемен испит, да. Да се откаже скрос - не. За овие две недели комотно можевте македонски да спремите. Барем јас толку го учев. Кај делот со граматика посветив повеќе внимание, делот со литература ми беше само потсетување зашто ги имав сите дела прочитано па имаше само мал број плус информации за учење. Или некој друг предмет. И не се вадете со пропуштенава настава. На матура сте одбрале предмети по ваша желба. Значи веројатно сте одбрале предмети кои ги сакате, владеете, разбирате. Па ако веќе сте го одбрале предметот на тој основ, не гледам како две недели, нека се и повеќе, ќе ви направат голема збрка ако во текот на овие скоро 4 години сте го учеле предметот како што треба. Теорија е, не е пракса па да мора да видите до толку нешто како се прави.
А ако ти кажам дека овие 4години Македонски еден час не одржавме салам? Професорот си се занимаваше со свои проблеми, навлезе во политика дури сега и пратеник е кандидирана и уште толку ич гајле не и е и плус дури вчера добивме код од Едмодо и се уште не и е средена платформата. А и плус ние имаме шкафчиња на училиште и книгите ни останаа таму. Сега? Како да спремаме матура? Ај проектна можи некако.
Што се тие стапа? Две недели немање настава? Реков, барајте одлагање, барајте приемен, ама зошто одма мора одложување?
Такви се условите ние ли сме криви? Зошто мислите дека ќе се среди до јуни ова?? И матурата не е одраз на знаењето. Очигледно не знаеш колку се препишува.
Бев. И учев на време. Вие си знаете. Ама немојте да цмиздрите после ако се реши матурата да се одржи па да ви дојде одеднаш.
Ќе немаме настава до крај на година дај прекинете со тоа 2 недели 2 недели да еве утре идам у школо. А ти што толку се спушти на ниво на децата ниско? Ако јас еве ќе се сметам како дете и сум на ниско ниво за разлика од вас паметните уште 5000 деца побараме тоа навистина ќе ја одложат/укинат баш нас ќе не послушат. Како наумиле така ќе прават ни тебе ни мене не не слушаат. Ама вреди да се проба затоа што голем број држави ќе го следат примерот на Холандија затоа што едноставно не е фер
Можеби глупа споредба, ама нас две колоквиумски недели ни се одложија ( и откажаа најверојатно), а голема е можноста и со третата да биде исто.. Ова значи дека најверојатно се ќе ни дадат на испити, некои од нив по 600 страни, плус полагање практично. Кај да најдам ја препарати дома за да научам практично + тие 600 стр.теорија наеднаш? Ме прашува некој? Не, ама ќе седнам и ќе се потрудам колку што можам да го совладам материјалот, бидејќи тоа е до мене, а тоа што е до мене сакам да го исполнам. За другите околности не сте виновни, ама дали ќе се потрудите или не,останува на вас.
Ме расплака со споредбава да си ебеш векот. По цел ден сте дома, слободно време колку сакате, никакви обврски, фатете книга, а не да броите на секои 5 минути колку заболени имало ваму, а колку таму. И смањете доживљај, не сте првите средношколци во светот, сите сме поминале низ таа фаза, кога од секој можен настан се прави изговор за да не се учи.
Ај сите што не сте матурнати или не сте родители на матуранти напуштете ја темата. Да земам да се карам а да не сум лично засегната од проблемот тоа е или чиста љубомора или немате што друго да правите во животот за време на изолацијава. Како ја сега да идам да расправам у темата Снаа и свекрви а не сум ни снаа ни па имам свекрва. Не сте матуранти не сте родители на матуранти епа не се мешајте ако имате нешто против јавете се на министерот и кажете му а ние тука на форумов ќе шириме пропаганда за матурата и готово, гледајте си ги вашите деца
И ја сакав истово да го пишам, што да кажеме ние на факултетиве , ај ако не да бараме сите испити да ни ги укинат. Матурата не е најтешко нешто на светот и за ова слободно време може да се спреми убаво, а изговори од типот наставникот не предаваше извинете ама ич не важат зашто се учи теорија и воглавно може да се совлада и без некој да треба да ви го изџвака материјалот. И така сте дома, учете си, кога тогаш ќе има некакво полагање, нема ништо да изгубите ако го научите материјалот.
Што ви е со споредбиве луѓе? Јас ќе завршам средно без да полагам матурски испит и ќе добијам диплома секако. Ама ти ако не идеш на факс да полагаш нема диплома разбираш што сакам да ти кажам? И да пишала сега членката над мене дека онлајн ќе си полагате вие
За мојот факултет конкретно нема сеуште известување за онлајн, не знам ни како би го извеле тоа, бидејќи полагаме и усно,и писмено, и практично, за другите факултети не знам...
Нема. Не секој факултет го дозволува тоа. Како на медицина да полагаме онлајн на микроскоп пример? Нема поента... Ај некој предмет шо е онака basic ко прва помош, па да дадат нешо да изработиме, ко вие проектната шо би ја бранеле онлајн, другото нема смисла. Може на некои факултети кај шо е само теорија ќе дозволат, на тие со вежби и практични полагања не верувам. Ама вистината ви ја кажаа погоре феминките. У школо никој ништо немаше да ви објасни. А, на факултет не ги ни интересира за тебе и дали си сфатил или не. Ова баш ќе ви е вовед за студирање. Убава шанса е да видите како е да се припрема испити, толку материјал итн. Ама добро, ве сфаќам и вас, сите бевме среќни на одложени часови и тестови. Но, за жал некои работи мора да се спроведат... Подобро матура да полагате и да си упишете факс отколку цела година да ја изгубите според мене.
Тогаш де факто не идевме во школо скоро цело полугодие, прво професориве ко синдикат штрајкуваа за поголеми плати, после имаше студентски протести на кои одевме и средношколци па после беше бојкотот, значи оцените на крај ни беа од полугодие матурантиве си полагаа најнормално без да паднат пошто немале настава И тогаш формално си работеа школи, и сега формално има онлајн настава (само формално) Ако мислите дека само за вас и само годинава ќе го сменат цел систем за прием и упис на факултет тоа малку потешко... А реално материјал од последно полугодие скоро и да нема. А сигурно, УКИМ донесе правилник со кој било какво онлајн полагање е невалидно.