I am not sure. Ќе видиме И мене не ми е ич криво,а богами и на никој од моја генерација,нашето заврши. Сега тие треба да се покажат.
Се надавеам дека нема да има оштетени но со сигурност на медицина ќе мора приемен. Некој полагал филозофија и ќе сака медицина...
Не го берам баш ме боле уво, само не е еднаквост ова, некој се маче а некој така мине. Факултет е во питање, они ако неможат една обична матура да полагат нели истоштените психички од корона вирусо пола од нив корона ни не знаат што е, ке полагале испити
Девојче ај малце смири хормони што сме ние криви што не го пуштиле вирусов во твое време кога ти си била матурантка па и ти да си ја прчиш 6 месеци аман веќе и да беше на наше место ќе те прашав дали вака ќе збореше
Мојата генерација ќе полага приемен. Ако приемен е полошо како што викате треба да се радувате дека полесно сте поминале а не да се замарате. Ем вие матура ние приемен. И каков проблем имаш ти ако се запише некој што е “неписмен”? Тебе ли ќе ти земе место па ти е битно па не било фер па еднаквост
Работата е тоа што сите као завршиле факултет или студираат или можеби не па лечат комплекси на темава. Мене на пример баш би ме болело уво за другите така им се погодило и нека им е со среќа. Тоа е тоа.
Абе океј дека ќе се запишат сите ајде, нека им се даде шанса, ама не е точно дека не треба да не засега и да не ни е гајле “кој како ќе заврши”, бидејќи реално, и тоа како сме сите засегнати, ако не ние директно, нашите деца ќе бидат, сепак, мене не би ми било сеедно моето дете да го учи наставничка што прозавршила со препишување, или на некој квази факултет. Можеби забегав малку оф топик, ама сакав да потенцирам дека и не треба толку да не ни е гајле за такви работи. Среќно на факултет инакуу
Според нив сите се со врски и мислат дека мито даваат... кога џабе ако не фатиш да научиш никој не те пушта па ако сакаш милиони дај им
О, генерацијо 2001. Вие што знаете како иде дури и на факултет еј. Те ви тема па читајте. https://forum.femina.mk/threads/Слу...и-поранешен-декан-на-обвинителна-клупа.30949/ Има професори се додека не и ја купеш книгата не те сметаат за жив не па пролазна да ти стават.
Озбилна си? Тие книги не се по 100, 200 денара. Тие книги се колку третина од партиципацијата од семестар. 2000 денари не се баш малку. Не знам, за тебе мош се. Ама, професори на факултети земаат солидна плата. И какво мито има на факултети нема никаде. Нека те примаат во септември општа како што сакаш па пак ќе го правиме муабетов. Пошто кога гледаш од страна и кога тебе лично те афектира не е исто. А, професор не треба да те форсира да ја купиш неговата книга. Не секој има толку пари пошто студентскиот живот не е баш евтин. Посебно кога идеш од друг град. Ама ај да не одиме офтопик. Темата е за матуранти. Доста се препукуваме. Сите ја претераме.
Еден ден без матура не се запишувало срамота било еднаквост немало па едни учеле едни не па на факултет ако немаш матура не се ишло па еден ден сите завршувале со врски и со мито и со пари. Збунета сум стварно... На кои ваши зборови да поверувам?
Во мојот град има факултет каде завршуваат со готови прашања, и каде земаат по не знам колку испити во една недела. И тоа е мрдање со прст, ама на Јустинијан, 10 пати повеќе учат и се трудат, поентата е да се дипломира со многу труд, а не со подпрочитување по нешто. Оф топик малку извинете, ако треба нека ми биде преместено мислењето .
Исто како ја сега да го споредувам моето знаење со мојата другарка која додека беше во гимназија едвај имаше двојки а во НОВА е одлична.
А за што воопшто се расправате? Овие постариве немаат деца за пазење па нашле со помали да се расправаат?