За неа кажано е дека е укината, само не знам за оние кои не полагале претходните години, а се пријавиле годинава што одлучија конечно.
Не ме сфативте. Сестра ми учи во специјално училиште (5 години). Требаше да полага оваа година како сите матуранти. Инаку професорката ја извести, и рече да почне да уче, дека ќе полагаат матура, само не се знае датумот.
Па хемија и биологија најверојатно од четврта година гимназија , ако имаш некоја информација сподели , брат ми планира да се запише на медицина
Јас планирав да учам според темите кои се бараат за матура, но не знам колку ми е паметна идејата... Некои викаат дека нема да има потреба од приемен поради малиот број на генерацијата ама ризично е да се надеваме на тоа.
И јас мислам дека е ризично, со оглед на тоа што интересот е огромен, а и може да се запишуваат и лица кои не биле оваа година матуранти, мислам на лица кои завршиле во претходните години. Да сум јас не ризикувам, барем нека ти биде колку-толку поминат материјалот.
@LatteKP помал број на матуранти сте, ама колку има што минатата година полагаа училишна матура и не беа примени, колку има што годинава решиле да се запишат од одредени причини. Инаку води се по темите од матура додека нема соопштение. Плус обрни внимание на биологија од трета година гимназиско каде што се работени системите, зашто не се сите системи на матура.
Дали имате некое сознание за приемен на медицински , дали ќе има и кога би бил , ве молам пишете ако имате било какви информации
За ниеден факултет нема информации, тоа ние сега за испитна добивме информации, за приемен, некаде крај на август ќе информираат.
Правете притисок да ве известат порано за приемните. На МЕДФ тек сега ни објавија распоред и начин на полагање, не дозволувајте да ве зезнат и да немате време да се подготвите.
Не знам , организирајте се некако, петиции ова она, на МОН притискајте ги, не е фер да ви кажат последен момент.
Мислам и дека не може да знаат пред да видат колкав број кандидати ќе се пријават и колку поени ќе имаат. На ваш ризик ќе одите и се ќе зависи од каква конкуренција ќе има. Бидете спремни, се е можно. Еве братучетка во средно медицинско сеа за мед.сестра ќе аплицира, оди на ризик, им рекле ако има повеќе пријавени од шо треба и се се 5 00 ќе има приемен, ако не не. И не знаат ни они, се спрема, па ако има има. Лани имаше, годинава не може да знаат пред време.
Јас мислам дека треба да направат некое електронско пријавување, на кое би се пријавиле тие што планираат да се запишат ете на општа мед.,за да се знае од прилика колку би се запишале, па ако има над 300, да воведат приемен.
Може ќе им дадат и опција кој сака да полага, кој не на друг смер да се префрли. Порано исто у медицинско секоја година имало приемен за сестра највеќе, друга братучетка одби да полага и се префрли на лаборант смер, и понудија да избере, а и онака ПМФ сакала да иде, не и значеше премногу дали ќе била сестра или лаборант и си прифати без полагање приемен да се запише. После долго време немаше приемни и еве сеа па... Знам и така дека праат. Има некои шо им е страв приемен да полагаат, па прифаќаат и тоа. А и на 3 годишните смерови и на факс фалат студенти, па може некој ете ќе си прифати. Зезнато у секој случај, стварно до последен момент нема да знаат на што се.
Не сум матурантка, сега идам 3та година и од генерација сите се плашат за екскурзијата нареден Мај Искрено се наведам дека до Септември ќе спадне малце ситуацијава. Ако не, барем на време да ни кажат дека пак ќе седиме дома за да не се испозаразиме сите.