Јас колку што сфатив, владата одобри да се полага електронски, но до самиот факултет е дали ќе се направи тоа. И споредбата погоре не ја направив за тоа дали може да се земе диплома или не, туку за тоа дека чим можам јас,буквално секој ден од кога сме “на распуст ” да учам, може и секој..
Ќе имате некакво полагање, ќе видите, без разлика дали ќе биде класична матура или нешто модифицирано. Мора да се направи селекција за на факултети и затоа ви збориме дека е попаметно да учите кога и така сме во изолација за да не биде после леле не знаевме.Вчера и на вести слушав, нагласија дека ќе има некаква форма на полагање. Инаку за вие што спомнавте онлајн полагање на факс, прво нас не ни е сигурно воведено а второ за одредени предмети е практично невозможно да се одржи ама да не се повторувам гледам пишале и пред мене.
Да сте учеле континуирано во последните 3 и пол години, немаше око да ви трепне дали ќе ја откажат или не. Гарантирам дека на непредадениот материјал, значи програмата за второ полугодие од четврта нема да има прашања. Ова полугодие е 10% oд целиот материјал. Имате и време и услови да научите и повторите, посебно зашто реално, за добар ученик (и утре студент) матурата не е воопшто тешка, и без никакво препишување.
Кај ги вадите информациите дека кажал дека мора да се полага и не знам што. Министерот само што кажа во интервју на тв ДЕКА НЕ ЗНАЕ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ СО МАТУРА СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ. Ќе ве замолам како што ние не се мешаме во вашите проблеми не мора ни вие. Ама знам ако се откаже ќе ве боли што вие сте полагале
Сега гостуваше министерот во Канал 5 и нагласи дека ќе има матура и кај нас веќе менторите ни кажаа да им ги праќаме електронски проектните и онлајн ќе ги браниме во периодот 1-20 април. Се надевам дека нешто може да се промени со петицијата, ама сега за сега е така, за жал.
Зошто да ме боли кога не можев подобро да поминам на матура, и се запишав без проблем на факултетот што го сакам? Како што учев во средно, сега учам 15 пати повеќе, и ич не ме боли и нема да ме боли, бидејќи за мене го правам тоа, и го учам за да се надградам сама себе.
И темата е очигледен пример за поговорката дека патот до пеколот е поплочен со добри намери. Немојте книга да сте фатиле, ок? Гледајте туторијали на јутјуб како да се шминкате, префрлајте се од кревет- кауч- кревет, пијте по сто кафиња на ден... Пошто тие што ви кажуваат да учите така ви зборат од злоба и пакост, ете, бидете во право, губете си го времето со правење небитни глупости по дома и зае*ете си го животот од инает. Нашето помина- и матура положивме, и приемен за факс поминавме, и факултети завршивме. Нашето помина, точно. Сега вашето доаѓа, а вие како сакате Мене лично воопшто не ми е галје што ќе направите, вашите родители се тие кои ќе бидат разочарани
Не ви се мешаме, ви даваме совети и се чудиме зошто ви е тешко да научите и бркате петиции за откажување кога веќе сте затворени дома.Темава е јавна , секој може да си напише, не се лутите одма.
Самиот факт дека мислиш на другите би им било криво што утврдиле знаење на матура, за кое патем ако си учел континуирано, за 5ка доволно е да седнеш и повториш, кажува многу повеќе за тебе отколку за нас, лошите тетки што сакаат да се малтретирате.
Можеби тебе не ама другите ги боли штом се мешаат во туѓи проблеми. Тие ли ќе најдоа правда да делат тука на 18 годишни? Еве ја сум зелена и со глава во ѕид ќе одам. А таа дотична 30 годишна што се расправа со мене во секоја тема се спуштила на мое ниво и се распрва и како да мислам дека не ја боли? Да не ја боли да не е засегната лично нема да се расправа. Ако гори под нозете на некого за себе нека си гледа зошто таа распрва за матура а не е засегната лично и дели правда? Ако има нешто против нека оди во министерство да се жали И уште нешто како вие до вчера да не бевте средно. Како што основно и средно не може да се стават на исто рамниште не може ни средно со факултет. Не знам зошто правите такви споредби ако вие сте оштетени одете жалете се еве и јас се осеќам оштетено. Јас и со и без матура ќе се запишам на факултет.
Мислењето ти е сосема на место. Ако јас не сум свесна за себе нема да може никој друг да ме освести. Секој си одговара за своите последици ако некој мисли дека треба да учи немам ништо против за тие што сметаат дека ќе се одложи укине како и да е нека не учат ама нека не ми солат тука памет како требало да учам распуст едно друго. Јас одбирам да не учам додека официјално не се каже што ќе биде
Мене ми изгледа дека повеќе матуранти спијат на тоа уво дека ако нема да има матура така лагано ќе се запишат на факс. Ако нема да има матура сигурно ќе има приемен. Ако сеа не ви се уче за матура, па ќе учете цело лето за приемен. Така да, врти сучи па е исто. И плус тоа сеа што ќе губете е еден дел. На матура прашањата се од прва до четврта година. За матура не е толку страшно само треба да го најдете материјалот што стварно треба од тој да се учи. Лани знам за биологија имаше таква збрка.
Полагањето на испитите и колоквиумите ќе се врши со примена на средства за електронска комуникација под услов да се обезбедени соодветни технички решенија кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на полагањето, напоменува Владата. А ретко некој факултет да може да обезбеди такво нешто, со што би се гарантирала објективноста при полагањето. Плус некои предмети не се само теорија. И ако не учиме и во мај, тогаш дефинитивно мојов семестар ќе ми се продолжи и во зимски семестар, наместо сега летово да дипломирам ќе треба уште некој месец да изгубам не по моја вина, ама не се жалам. И сè тоа поради изгубената пракса овој период. А Министерот на прес пред ден-два си кажа дека ќе полагате Државна матура, џабе вие тука се карате во темава. Земете учете имате доволно време. Не оставајте за во 5 до 12 кога нема да знаете што попрво да фатите да учите.
Не е до “истото рамниште”, туку до желбата за учење, и основно и средно учев, и сега учам.. Поентата ми е, ако можам јас да седнам да учам,можете и вие, не сте ни мали ни глупави, секој кој има волја ќе се потруди.
Луѓе ве разбирам сите што зборувате дека сега може да го учиме материјалот, ама има некој стварно не може да учи во овој период, јас лично како во некоја агонија го доживувам периодов. Мајка ми и тетка ми се на инфективно, за среќа стабилна состојба, ама се што слушам што се случува во свет, жртви, смртни случаи ми удира на психа и концентрацијата ми бега. Знам дека е добар период за учење кога нема што да се прави друго дома, ама ние како млади луѓе првпат се сретнуваме со вакво нешто, пандемија, знам дека и порано имало епидемии, не знам читав за свинскиот грип, сега испаѓа како злоупотреба на ситуацијата ама цели 4 години сме учеле, еднаш може да се направи исклучок како што е со Холандија во случајот, никој не посакуваше вака да биде ама ете
Kaко и да е. Вие учете како да ќе се одржи. Подобро така отколку да ве затекне после неспремни нели? Кај мене на факултет е проблем на пример зашто со некои предмети не сме почнале воопшто, а да не зборам што вежби со растителни препарати не можеш онлајн да ги следиш и се да ти е јасно ако во живо не изолираш тоа што треба и на микроскоп го анализираш. Ама бараме алтернативи. Размислуваме за одложување, барем на практичните испити, или одредени предмети да се префрлат за следен семестар ако ептен потрае ова, а не комплетно откажување. А полагав и јас матура. Имав и јас професори кои уво не ги болеше. Ама никој за гуша не ме фати да ги одберам тие предмети што ги одбрав. Однапред знаев барем отприлика од каде ќе учам, колку ќе учам и колку однапред имам знаење за тие предмети. Искрено кажете - фативте книга овие две недели?
Со помин нека е на твоите, ама треба да бидете свесни дека ако се откаже матурата, сигурно ќе се воведе приемен испит.. според мене подобро сега да поучите одколку цело лето.. Не верувам дека би поминало и без матура и без приемен, хаос би настанал на уписи.