https://netpress.com.mk/drzhavnata-matura-mozhe-da-se-sprovede-i-vo-uli/ Ете во јули веројатно ќе се помести.
Само што не можеме да купиме скрипти и немаме учебници од 1ва 2ра и 3та година. А и во матурата има и некои детали кои и на пресно да си ги учел можеш да ги заборавиш.
по македонски ги имаше на еучебници мислам до лани, провери, би требало уште да се тука.. позезнато во матурата македонски е што глупости имаше од делата, од тип на во кој град живеел тој и тој во тоа и тоа дело..
Не е само седнете и учете, немат по сите предмети онлајн материјал, учебниците од претходните години се во школите, библиотеките се затворени а и најголем дел од книжарите кај шо можат да се купат прирачници, а прирачници имат по македонски и математика, тие шо полагаат физика, хемија, биологија....ако немаат набавено со време материјал сега нема од кај да учат. Најголем дел од матурантите се спремаат во приватни школи, а предмети како на пример математика и материјалот шо требаше да се предават овие 2 месеци не е исто да сликат професорот лекција и да пратит во група, и да објаснит на табла
Ако некој не сака да учи нормално дека ќе успее да најде милион изговори. Немале книги од претходните години... Е, па јас пред 2 години кога бев матурантка си набавив уште пред зимски распуст и за време на зимскиот распуст почнав да си читам и да си се спремам, значи уште од јануари можевте да си набавите материјали за учење. А да не правам муабет дека ако континуирано се учи 4 години ова само ќе ви дојде како повторување и многу лесно и брзо ќе ви оди.
А од што да повторам? Сум учела и сум ги прочитала сите лектири до сега не ја памтам содржината ни на 25% од нив затоа што има многу. Лично јас планирав после 1 април да набавам матријали и книги од школска библиотека
Учебниците по Биологија ги нема на нет ради заштита од авторски права. Јас ја имам само од 4та година книгата ,до сега ни ги даваа од школо немам од каде да си ги набавам во моментов.
Јас бев скептична но сега сум 100% сигурна дека ќе се укине. Едноставно не е изводливо во ваква ситуација, без разлика на членкиве погоре не можат да го споредат нивното време и ова време како и да е времето ќе покаже ама ќе биде укината затоа што не е фер. Да појдеме од тоа дали и кој ќе излезе целосно психички здрав после оваа ситуација. Или ќе биде прогледано низ прсти или ќе има приемен.
Сега видов, заклучени се, види тие за средно стручно, јас стручно бев, и колку што паметам ги имаше..
Јас како одлична ученичка која доста се труди, не се сеќавам на речиси ништо што сум учела или прочитала по македонски во прва година. Најсериозно мислите дека се сеќаваме на сите небитни па и битни работи или само сакате како повозрасни да се правите паметни? Сите се нафрливте на темата бог да чува.
Ако мислевте дека во Март и Април ќе научете нешто за матура, се лажете. Научен ви е 90% од материјалот, овие денови тешко ќе ви биде да научете уште 50 страни? Еве по Македонски јазик сигурно ќе сте научеле за уште еден-двајца автори што влегуваат во програмата за матура. Граматика по Македонски и Англиски јазик не се учи само два месеци! Три ипол години учевте граматика!! Мислите дека ако идете овие два месеци ќе научете во школо се што сте пропуштиле изминатите години? И јас имам другарка матурантка, професорката по Англиски типот на вежбите кои ќе бидат за матура им го дала пред зимскиот распуст. Еве, кој не ги знае, нека ми пише ЛП ќе му ги пратам. И немате скрипта за Англиски јазик. Јас сама учев. Што, ај кажете дека не сте пишувале писмо на час! Не знаете да прочитате текст и да одговарете на прашањата? Македонски не може да кажете не ви е предадено бла бла. Теорија може да се научи. Исто за оние што одбрале Бизнис. Еве, ако сакате ќе ви ги пратам книгите, не е проблем. Ама сигурно ќе најдете изговор: не можам да одам до каргото, короната ќе ме фане. Сигурно имате братучеди, братучетки, сестри кои полагале Македонски јазик. Ако сакате да се снајдете, ќе најдете начин. Јас за матура се спремав 2-3 дена пред полагањето, и Македонски јазик не е толку тешко. Јас само прочитав и добив 4. Ако сте учеле и сте ги читале делата нема никаков проблем да ви претставува матурата. Ем имате слободно време, можете перфектно да го научете материјалот. Јас ем учев за предметите во школо, ем за матура. Англиски учев за викендите. И никој не се пожали: како да научам за две недели? Еве @Dream-Girl е моја генерација, имавме три дена слободни помеѓу Македонски јазик 400-500 страни и другиот предмет Биологија/Бизнис. Па ете, положивме.
А ние се сеќававме? Не! Седнавме и научивме. Не барајте само причини и изговори, не сте прва генерација што полага матура.