За други држави не знам ама Велика Британија веќе една година не набавува производи за користење во сите државни институции од Кина. На пример, цел NHS (national health service) набавува маски произведени во Европа (вклучувајќи и наша фабрика од Виница). До пред ковид, сите медицински маски доаѓале од Кина. И економска војна е. Која држава не е економски погодена од Ковидов, освен Кина?
А што разлика ви прави потеклото на вирусот? Озбилно ме интересира, не сум саркастична. Некој утре да ми каже што е, пак на исто ќе дојдеме, или се вакцинираш или прележуваш. Добро освен ако не веруваш во постоењето на вирусот воопшто, ама тие некако сувишно е да ги дискутираме после сѐ видено изминатата година. Ајде да бевме март 2020, па да не знаеме за опасноста, па да споредуваме со грип, пеки, ама сега после сѐ што се нагледавме и колку луѓе лошо минаа или не минаа, веројатно тие споредби јасно е дека не држат. Иначе ќе дознаеме сѐ некогаш, или некои идни генерации. Мене рано ми гледа како за leaks, обично минува некоја деценија Којзнае што уствари е во позадина, јас и на статијата на CNN мислам дека има позадина, особено што они се поприлично biased медиум, ама некако не ми менува значајно дали вирусов е човечки продукт или на мајка природа. Освен што може треба да се свестиме како човештво дека исто толку шанси имаме нешто пострашно да се случи и по природен пат со појаки вируси или супербактерии, па да размислиме што правиме со планетава. Ама и тој воз ми се чини заминат.
Ок, не ти прави разлика, ама на некој му прави разлика на пример ако изворот на проблемот ти го продава решението.
На вакцините ли мислиш? Ок. Дај еве ти предлог како да се надмине пандемија со вештачки вирус поинаку.
Не алудирам на ништо, само затоа сметам дека е потребна подетална истрага, која не верувам дека ќе се случи.
Па и нема да се случи, зошто и ако се случи, ние нема ни да дознаеме, освен ако е во интерес на други исто така непознати цели. Премногу значење си давате за обични смртници. Ме интересира зошто еве зошто не сте за CNN скептични и кои се намерите зад таа вест погоре. Не знам јас кои се, ама сигурна сум дека има некоја позадина и тоа
Истрагата не е од CNN, а мејловите се објавени на барање од трета страна поточно преку Freedom of Information Act request .
Не мислам на веродостојноста, туку ако веќе навлегуваме, вадењето на овие податоци сега и тука со сигурност има некаква позадина Можеме и до бескрај вака, целата поента е, ни јас, ни ти нема да дознаеме што навистина се случува, а ако дознаеме тоа ќе е делумно и исто така испланирано Не постојат добробити во светот што без корист ќе ни испорачаат информации. А во меѓувреме, пак ќе се сведе на истото. Проблемот е тука. Решението јас не го гледам освен вакцина или прележување или умирање. Со свои очи гледаме скоро 2 години дека сам од себе нема да исчезне.
Дај кажете кога ќе заврши, друго стварно не ме интересира, односно ништо не ми менува Или заврши веќе?
И кај нас е умрено, многу чудно. По крај на школска година веќе и децата не мора маски да носат. А ко ќе бидеме на одмор и на работа нема да тестираат
Податоците се извадени лонг бифор CNN, постот им е од вчера и најискрено не го прочитав целосно ама од разгледувањето колку што гледам им фалат битни информации, без грижи не станаа непристрасни преку ноќ. А тебе зошто толку ти смета дискусија за потеклото? Треба да плачиме и да се жалиме само на темава, или ..?
Најинтересно е што мислите дека може нешто сами да откриете и да знаете повеќе од некој друг што не се занимава да пребарува по интернет.Ако некој од многу поголема позиција на моќ сака да ве спречи да откриете нешто, тоа и ќе го направи, а ќе ви пушти по некоја (не)точна информација за да се попали народ и да се занимава да има што да збори. Здравје некогаш можеби ќе откриеме што точно се крие позади работа...можеби.
Не знам зошто некому би му сметало во тема за состојбата на Ковид во Македонија и светот да се дискутира за потеклото на вирусот, барем овака, наведувајќи официјални податоци кои ликнуваат во јавност и се по очигледно станува тоа дека вирусот е излезен од лабораторија. Уште помалку пак ги разбирам оние кои велат дека не им е гајле од каде потекнува вирусот, битно е да се излечиме. Да, битно е, ама дали исто велите и за жртви што доживеале напад, дека не е битен напаѓачот, битно е жртвата да се опорави? Секако дека најбитно прашање е од каде потекнува вирусот, кој е одговорен за истиот и да се сноси одговорност за во иднина да не се повтори. Пошто што овака гарантира дека за 5 години од сега не се појави нов вирус кој ќе ништи низ земјата, ќе намалува популација, и ќе ги богати богатите, а сиромаши сиромашните? После нападите со атомски бомби над Хирошима и Нагасаки, сите светски лидери седнале на маса и донеле конвенција со која забрануваат атомски напад! Ако се открие дека намерно е вирусот пуштен во оптек, треба и за ова истото да се направи, пошто се смета за биохемиско оружје со цел да го уништи човековиот род. И секако, мора да реагираме и да се заштитиме. Бтв, до сега жртвите од ковид се изедначија со жртвите од Наполеоновите борби. Официјално. Неофицијално, сигурно ги имаат надминато. А да не збориме за импактот, штетата која ја трпиме на сите останати сфери кои донесуваат уште многу индиректни жртви. Човештвото долго време ќе се опоравува од овој шок, и последиците тек ќе почнеме да ги чувствуваме. Се наоѓаме во нова "студена" војна, само оваа е економска, и, лошо е тоа. Многу лошо. Посебно за нас кои сме мали, небитни, меѓу големите сили. Најбитно е ова да се открие, и спречи, секако! Иако чисто се сомневам дека за брзо ќе ја дознаеме целата вистина. Ќе ни кажат нешто колку да ни ги замачкаат очите, и ајт.
Еве јас, како еден од тие што не ги интересира од каде е вирусот, да објаснам зошто. Кој не ја знае историјата, нема да ја разбере ни сегашноста.Од историјата знаеме: - Роберт Билот 20 години се занимава со тужбата против Дупонт и штетноста на тефлонот. Многумина уште појма немаат. Спојлер: филм - 15 години трае истрагата и расчистувањето на БигФарма криминалот со наркотични пеин-килери, ХБО излегува со Спојлер: документарец- криминалот на векот The film follows the opioid epidemic in the United States, the political operatives, government regulations, and corporations that enable the abuse of opioids. Part one of the documentary focuses on Purdue Pharma, who worked closely with the Food and Drug Administration to get Oxycotin approved for wider use. Government regulations tried to mitigate wrongdoing, leading Pharma and other distributors would settle cases, keeping details private. И за ова појма немаме. Секако дека по 5 години ќе дојде некоја нова вежбална, показна вежба за практикување на медиумско перење мозок, цензура, владеење со страв, корупција, продлабочување на економскиот јаз, тој е повторувачки патерн. Ќе отвориме очи и уши и секој со својот памет. Спојлер: spojler Пошто ниедна ,,теорија на заговор,, не ми е позната, a испаднаа многу реални, само ме интересираше кога ќе заврши овој карамбол, ало некој знае. Битно ми е да знам дали да планирам психијатриско лечење годинава или да се стрпам до догодина Или конечно јога да почнам
Ова не е теорија на заговор, и не знам зошто така се третира. Туку е истрага, официјална, која беше спроведена од СЗО. И како ликнуваат податоци во јавност од извештаите од други лаборатории, ќе треба уште истраги од независни тела и органи. И секако, овде не се работи за човек кој ја тужи државата/огромна компанија, туку се работи за држави, кои вршат истраги против други држави. П.С Билот го доби случајот со Дупонт и од тогаш се превземени ригорозни мерки против загадувањето со тефлон. Има и други овакви многу случаи на човек против компанија каде добил, не е прв. Иако, овде не се работи за таков случај.
Не знам јас, други тука дефинираат што е заговор што не е Билот го добил случајот, жртвите добија цурац? Исто и жртвите од Пердју и Оксиконтин. Топла препорака-изгледај го документарецот, многу поучно четиво за бизнис, етика и слични феномени Кој против кого е, ќе видиме