Не ми беше тоа поентата што е греота а што не да заколиш. Месото што го јадиш е проверено, дома термички го обработуваш. Вие за колењето се фативте.
Не е поентата дали јадат кучиња, мачки, свињи или телиња, туку што во Кина животниве се колат и јадат без да бидат проверени дали се здрави и во крајно нехигиенски услови.
Абе не бидете во заблуда, братучедми во месара работи месото на излог 2 недели што седи со четка го чистат од мувла. Какви хигиенски услови тоа е леш, месо од мртво животно, ни тоа ни тоа е здраво. Да требаше сите што јадеме месо сами да си го заколеме животното никој ама буквално никој немаше да јаде месо, онака како што сме создадени од Бог, не сме месојади. И кинезите не почнаа вчера да јадат такви работи, од секогаш јадат. Вухан е индустријски град во Кина, не е случајно ништо. Италијанците протестираа за што не се сеќавам пред година две. Анализирајте работите не е само пропагандата од запад која доаѓа... Каде е еу да им помогне сега а и нам да ни помогне, Кина им помга, исто и кај нас донираа како што се сеќавам добро.
Не, ако им е до ретчење тогаш ке биде нешто поопасно ке го загадат воздухот со јаки штетни агенси и така ке добијат пола и повеке луѓе рак на белите дробови или други јаки инфекции каде нема назад. Корона вирусот мислам дека не е многу штетен ако им било во план да ја изретчат популацијата. Сепак најмногу профит во ова имаат фармацевтите една маска 50 обична денара.....
Америка има низ цела Европа постојани бази и има свои војници во земјите со кои што се во "алијанса". праќаат војници со привремен престој за обука, како што имало и кај нас. 10% од војската на многу Европски земји е со американски војници. А според мене вирус е многу попаметен напад отколку војна во денешно време. Огненото и нуклеарното оружје е најразвиено и буквално може да се уништат цели континенти доколку би дошло до војна. Додека со вирус којшто не покажува очигледни симптоми(како што е еболата) и многу брзо се шири, може да колабира цел болнички систем во државата и да се стави цело население во изолација, што ќе допринесе до голема економска криза.
Веќе не знам што да мислам.. се држев до тоа дека е пуштен ама, секаде се рашири па не верувам. Најново што слушнав демек намерно направиле полесна форма на грип, за да ги уништат пензионерите, според мене ми нема смисла ама тоа го слушнав. Секакви теории слушнав и прочитав ова време додека сум дома.
Ја месо не јадам Е тоа е една од тие причини. Преносители се на доста болести. не дека од доволно немиена марула не можам да закачам нешто ама не е исто
Последната паника во еу беше непозната инфекција, се испостави Ешерихија коли од боранија . https://www.theguardian.com/world/2011/jun/06/e-coli-germany-bean-sprouts Многу ви се наивни теориите, погледнете од повисоко. Ќе се вратам покасно.
Хибридна војна. А како се рашири во цел свет - тоа го знај само Америка и ЦИА. А тоа митовите од љиљаци, змии веќе не проаѓаат кај свесен човек.
Не е до самото животно, туку до условите, хигиената, контролните мерки. Скоро читав онлајн книга за труење од храна. Имаше податоци за голем број на случаи на масовни труења поврзани со овошје и зеленчук кои биле контаминирани од заразен готвач или од нечист прибор, да не зборам за контаминирана вода. Или пак морска храна извадена од загадена вода. Ти јади си што сакаш секако, ама има разлика дали е до самите животни или работите кои ги набројав погоре. @Ѕвездички вирус надвор од клетка може да опстои одредено време, не може да се размножува зашто ги нема сите ензими што му требаат. Затоа се полу-живи.
Не. Вирусите се едни од најстарите организми (жива материја), која се појавила на планетавa. Viral evolution is a subfield of evolutionary biology and virology that is specifically concerned with the evolution of viruses. Viruses have short generation times, and many—in particular RNA viruses—have relatively high mutation rates (on the order of one point mutation or more per genome per round of replication). This elevated mutation rate, when combined with natural selection, allows viruses to quickly adapt to changes in their host environment. In addition, most viruses provide many offspring, so any mutated genes can be passed on to many offspring quickly. Although the chance of mutations and evolution can change depending on the type of virus (double stranded DNA, double stranded RNA, single strand DNA, etc.), viruses overall have high chances for mutations.
Imma put my 2 cents in it that nobody asked Вирусот ќе појавеше, дали догодина, дали за 10 години, битно пак ќе го имаше. Овие вируси почнуваат да се развиваат уште од 70тите години во Кина. Овој период Кина ја фаќа голема криза кој довел до изгладнување на целата нација. Луѓето јаделе исто како нас, пилешко, свинско, т.е. питоми животни кој биле дозволени од државата. Но таа храна не била доволна за да се прехрани целата нација. Тогаш државата увидела дека почнува да се зголемува бројката на луѓе кој умреле од изгладнување и дозволила да се ловат и јадат диви животни. Луѓето формирале најпрво мали фарми кој ги јаделе само локалните граѓани, кој потоа владата ги прифатила и се продавале насекаде низ државата. Така со текот на времето и дивите животни почнале да се одгледуваат како и питомите. Во фабриките и пазарите биле на едно место. Така со текот на времето настануваат сите вируси шо ден денеска настанува пандемија. И уште многу вакви вируси ќе има. Шо е природна појава. Факт е дека е грешка на кинезите шо ги ставаат дивите животни на едно исто место со питомите. Сепак оваа може да се предвиди дека ќе се случи еден ден и би требало да се воведат некои мерки за забрана на некој вид на диви животни.
Не. Поради берза-удар врз арапските нафтени компании и поради удар врз американските и европските корпорации во Кина е. Поради корона, губат САД и ЕУ, ОАЕ, Катар, Арабија, во блага добивка се Русија и Кина, а во најголема добивка ММФ од каде светот ќе се задолжува повторно.
Се е ова поврзано со 5G мрежата. Корона вирусот е модифициран наменет за луѓе уште од 2013 од страна на БГ елитата илуминатите и е пуштен за да одвлечат внимание од друго нешто поголемо а тоа се 5G антените.
Нема нити поврзаност со 5Г а нема нити потреба од иронични обиди за иронични прикажувања на теории на заговори.
Како тоа? Бидејќи не се репродуцираат туку напаѓаат други клетки со јадро, органели, голџи систем и слично. Не гледам никакви организми во нив.
Твоето мислење не треба да го оспори моето само затоа што ти така мислиш. И не почнувај никогаш реченица со "нема" а не знаеш и не си сигурен дали има.