Потребна им е клетка/домаќин која потоа умира. Ако ја немаат таа клетка не опстојуваат. Затоа и не преживуваат на неживи површини.
Исто како што Кинезите цели 2000 години јадат се и сешто ама баш сега се заразија од јадење се и сешто.
Нормално дека треба домаќин, само ме зачуди делот кај што напиша дека не се репродуцирал, мора да се реплицира за да продолжи да напаѓа. Инаку, преживуваат и на неживи површини некое време, на пример актуелниов со сигурност се знае дека опстојува на различни материјали некое време(мислам 24 часа, не сум скроз сигурна)
Исто како што не е сѐ околу нас теорија на заговор. Постојат многу можности, никој од нас тука не може да биде 100% сигурен и да тврди зошто, кој, како.
Се што се случува е со причина о господска воља па мислам дека и ова, постои можност да е од човек наметнат со некој план но сепак и тоа си има причина, ние луѓево отидовме многу далеку со паметот без контрола и мислам дека оваа пауза си има свое значење нас ни останува само да се помолиме и да се придржуваме до мерките. На овој начин некако си се тешам. Се си има своја причина.
Апсолутно не, не повеќе од седум осум часа, не може да се пренесе преку воздух, додека преку секој друг контакт може. Финтата против вирусите е едноставна, појачување на Т-клетките кои ги напаѓаат вирусите односно нѐ штитат. Но некој некаде не сака трајни лекови.
За секој случај не треба да се сфаќаат часовите здраво за готово, зашто ем ќе сме посигурни ем уште не знаеме се за вирусот. За другиот дел нема да коментирам, така е за жал
Менува бидејќи поновите вируси не се баш најстари. Голем дел од нив имаат мутација или еволуција која не е по природен пат што значи дека генетски модифицирани се добар дел од вирусите денес. За максимум педесет години, забележани се стотици илјади мутации читав. За толку мутации по природен пат би биле потребни милиони години.
Е баш за еволуцијата по природен пат објаснував. Толку се со прост состав, што воопшто не е проблем да мутираат. Затоа и секоја сезона има наново вакцинирање за грип. Оти се адаптираат.
A ти од каде знаеш како настанала мутацијата? Знаеш како мутираат вируси? И не, не треба милион години за сите мутации.
Само следење на препораките од СЗО и министерството за здравство , и веројатно се ќе биде добро . Чувајте се луѓе , кај нас допрва ќе се шири .. Се надевам дека нема да не снајде истата судбина како Италијанците . Не е веќе важно кој , што , како и зошто . Важно е да се чуваме сите ние од ова зло . Се додека не се пронајде соодветен лек , соодветна вакцина .
Ако е сега откриен не значи дека некој го пуштил намерно. Секојдневно се откриваат нови животински, растителни видови, алги, габи и бактерии, се менува систематиката на веќе откриените па не значи ни дека овие некој ги пушта. Се верува дека има уште стотици видови организми кои не се откриени сѐ уште. Ете бил сроден на САРС наводно вирусов. Барем систематиката е најваријабилна наука.
Сменете го името на темата под итно во “Балкански теории за коронавирус“ Нема да ме чуди после неколку страни да прочитам мислење дека СДСМ го пушти вирусот намерно за да се одложат изборите и да соберат партиски поени со Филипче.
се сложувам. Јас уште од одамна не јадам месо а кога сме кај тоа големото дете неќе да чуе за месо. Стрина ми исто месо да не види. Пред 2-3 години што гледав едно видео толку се згрозив што никогаш не би да помислам да јадам. (Малку од топок од темава) Јас стојам до тоа дека е подметнат вирус. На Јутјуб слушав како научник потврди дека ковид 19 е синтетички вирус. Мутиран да ама во којзнае која лабораторија
Доколку е вистина фактот дека вирусот не опстојува на високи температури, како тогаш произлегол од конзумација на термички обработено месо од лилјаци или змии небитно? И повторно, ако е тој факт точен, како вирусот успева да функционрира во човечкиот организам каде телесна температура е 37 степени?
Какви научници сме имале на форумов папапапа. 2 оделенија школо во Трубарево а се разбира и од мутации, од еволуции на живи организми, од анти вируси,од генетска модификација, од антракси. Блазе ни.