https://www.google.com/amp/s/amp.abc.net.au/article/13137984 СЗО сеа за сеа сеуште вика дека е од животни пренесен на луѓе. Додека да се докаже спротивно тоа е официјалната "теорија"... А ти у која теорија "веруваш"?
Состојбава со короната им помогна на Демократите да се вратат на власт. Уште 4 години ќе беа во опозиција под нормални околности. Еднаш еден левичар рекол, The worse the better. А еден Демократ вака:
Јас мислам дека е создаден вирус. Хемиски создаден. И вакцина е создадена и вирусов. Се е испланирано.
Кај ефтов во емисија имаше епидемиолог од бивша ју,таа сметаше дека е природен ,многу убаво објаснуваше ,гледајте ја ако ве интересира.Иако јас лаички сметам дека е вештачки зошто некако чудно се однесува ,несвојствено за респираторен вирус,пр.летото не го уништи иако сите сметаа дека така ќе биде.Исто лом прави во организам ,паѓа железо,прави проблем со коагулација .Пак ќе кажам јас така лаички .
https://kanal5.com.mk/szo-treba-pov...koronavirusot-izbegal-od-laboratorija/a467922 Цело време ги менуваат ставовите.
Уште една "теорија на заговор": https://rairfoundation.com/bombshell-nobel-prize-winner-reveals-covid-vaccine-is-creating-variants/.
Овој е пронаоѓачот на ХИВ вирусот и години работи на вакцина и лечење од ХИВ. За тоа и има земено нобелова награда. Минатата година, имаше шокирачко интервју на ТВ, каде тој, кој има цела лабораторија на виролози зад него излезе со шокантно инфо, дека тоа што успеале да испитаат, вирусот најверојатно за нив е направен во лабораторија од човечки фактор, затоа што имало дел од секвенца од ХИВ вирус, додавана во него, што по природен пат било невозможно да се направи. Не тврдеше со сигурност дека е од лабораторијата, рече дека треба додатни истражувања да се направат и од други еминентни лаборатории и земји за да се испита. Ииии, тогаш почнаа неговите интервјуа од секаде да ги бришат, блокираат, него да го дискредитираат, и тотално да ја затишат работата. Па потоа нели светската медицинска организација отиде во Кина демек да испитува дали има вистина во тоа или не, и докажаа демек нема. Така да, крајно сомнително е, човек кој во медицината е на ниво на Хокинг што беше во физиката, реномиран и далеку познат и популарен во цел свет. Вистината, секако никогаш нема да ја дознаеме, или бар не во нареднава декада.
Тој е само еден дел од замолчените. Скоро сите што зборуваа различно од тоа што грмеше на медиумите продадени, беа избришани од сите можни социјални медиуми и јутуб. А тука нашите експерти на форумов право гаѓаат и бранат со нивните познати киворди "антиваксери", "чипови", "теории на заговор" и сл.
И Волстритжурнал е конспиратист од денес Или одамна е? Појма немам, не се разбирам во амерички медиуми. https://www.wsj.com/articles/intell...b-fuels-debate-on-covid-19-origin-11621796228 И уште едно логичко прашање-кој ги плаќа овие истакнати експерти од областа, да бидат конспиративни? Где су паре? Мене реално не ме занима од каде е, ме занима само кога ќе си замине во историјата.
Имаш право на избор. Никој со пиштол не те тера да се вакцинираш. Почитувам сечиј став. Твој живот, твое тело, твој избор. Ете мене најсаканиот човек кој ми беше како втор татко ми почина 8 дена после Спутник. Дали е од тоа? Некои велат да, некои не. Имаше здравствени проблеми, може и му дошло времето. Јас ни секунда бе мислев дали да се вакцинирам. Друг пријател 30 дена на болница, сега е дома со боца кислород.. Така да.. Твое е како ќе си одлучиш. Само не наметнувај свој став на други и не ги осудувај за нивниот избор.
Веројатно никогаш. Ќе си коегзистира со нас во иднина, како и сите вируси од минатото, само ќе стане толку минорен, што буквално ќе биде статистичка грешка, наместо пандемија. Нешто како шпанскиот грип, полиото и слични...